Прејди на содржината

Ревани

Координати: 40°29.17′N 20°59.12′E / 40.48617° СГШ; 20.98533° ИГД / 40.48617; 20.98533
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ревани
Διποταμιά
Ревани зиме
Ревани зиме
Ревани is located in Грција
Ревани
Ревани
Местоположба во областа
Ревани во рамките на Нестрам (општина)
Ревани
Местоположба на Ревани во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°29.17′N 20°59.12′E / 40.48617° СГШ; 20.98533° ИГД / 40.48617; 20.98533
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаНестрам
Општ. единицаАкритес
Надм. вис.&100000000000010140000001.014 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно379
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ревани (грчки: Διποταμιά, Дипотамија, до 1926 г. Ρέβανη, Ревани,[2] албански: Revani[3]) — село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 379 жители (2021).

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 35 км западно од градот Костур, во подножјето на планината Алевица по која оди границата со Албанија. На север Ревани се граничи со Шак и Пончара, на запад со Божиград и Видово, на југ со Зеленград, а на исток со Грлени.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Селото во минатото било населено со Македонци. Албанскиот фолклорист Фатос Рапај запишал предание за ридот Џумба е Шќипес (во превод Албански Рид) раскажано од албански преселници од Ревани, според кое на овој рид во селото било решено да се убие секој оној што зборувал на „наметнатиот“ македонски во период кога подрачјето го држеле Македонци и наводно го забраниле албанскиот. Следното утро говедарот на македонски ги повикал селаните да ја пуштат стоката, и затоа бил фатен и убиен на истиот рид за да биде пример за другите.[4] Случката во преданието веројатно е епизода од албанизацијата на Ревани и конфликтот на дојденците со недоволно поалбанчените македонски мештани.

На крајот од XIX век Ревани било албанско муслиманско село. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ревани имало 340 жители Арнаути муслимани.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ревани е претставено како чисто „турско“ село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 50 куќи.[6] Во тоа време муслиманското население неретко се нарекувало „турско“ без оглед на етничката припадност.

Грчката статистика од 1905 г. го прави истиот пропуст, претставувајќи го Ревани како „турско“ со 400 жители.[7]

На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Ревани се води како албанско село.[8]

Пред 1923 г. во селото живееле следниве семејства: Аметовци (Ametlinj), Беголевци (Begolli), Бекулевци (Bekulli), Беулковци (Beulka), Чочоревци (Çoçore), Фаровци (Faro), Гелевци (Gjeli), Корчаревци (Korçarë), Личревци (Liçre), Ликовци (Lika), Манголевци (Mangollinj), Маноковци (Manoku), Нухревци (Nuhre), Пашовци (Pasho), Пупевци (Pupe), Родевци (Rrodhe), Џуревци (Xhurre), Јустревци (Ystre) и Зипревци (Zypret).[3]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

За време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 689 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 721.[9] Во 1920-тите муслиманското население на Ревани е иселено во Албанија, а на негово место са доведени понтски Грци од Турција. Во 1928 г. тие броеле 438 лица[10] или според други податоци 128 семејства сочинети од 493 лица.[11]

Во 1925 г. е изградена црквата „Успение на пресв. Богородица“.[12]

Во 1926 г. селото е преименувано во Дипотамија (во превод Дворечие).

За време на Втората светска војна во Ревани е создадена вооружена чета на грчките дојденци за терор врз македонското население.[13]

За време на Граѓанската војна селото не пострадало.[9] 13 деца се изнесени од државата како деца-бегалци.[10]

Жителите произведуваат жито, леќа и тутун, а се занимаваат и со сточарство.[9]

Месности во Ревани преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Плаксени[15] Λαξένη Лаксенти Λαξεντὴ[16] врв на Гал’мбица (1.108 м), З над Ревани[15]
Ревани[15] Ρεβένι Охирон Οχυρόν[16] врв на Гал’мбица (1.115 м), ЈИ над Ревани[15]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 617 624 530 581 610 581 624 456 379
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 Rrapaj, Fatos Mero (1995). Fjalori Onomastik i Epirit. Eurorilindja (албански). Tiranë: Eurorilindja. стр. 505.
  4. 4,0 4,1 Rrapaj, Fatos Mero (1995). Fjalori Onomastik i Epirit. Eurorilindja (албански). Tiranë: Eurorilindja. стр. 505–507.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 266. ISBN 954430424X.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 101.
  7. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Dipotamia Архивирано на 26 јули 2007..
  8. Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
  9. 9,0 9,1 9,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 38. ISBN 9989-9819-6-5.
  10. 10,0 10,1 Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Dipotamia., Архивирано од изворникот на 26 јули 2007, Посетено на 21 февруари 2008
  11. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  12. „Δυτική Μακεδονία - Καστοριά - Φλώρινα - Καλή Βρύση - Διποταμία - Μεσόβραχος - Χιονάτο - Κομνηνάδες - Κρυσταλοπηγή - Γράμμος 7ο από 8“. Ελλάδος Περιήγηση. Посетено на 16 март 2021.
  13. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  14. Информатори: Емин Лиќи, 73-годишен и Али Лиќи, 68-годишен, обајцата од Ревани, иселени во 1923 г., на 5 август 1976 г. жители на Лушње, како и Неим Муслим Беголи, 72-годишен, од Ревани, иселен во 1923 г., во јануари 1970 г. жител на Валона.
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  16. 16,0 16,1 „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 712. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)