Чука (Костурско)
Чука Αρχάγγελος | |
---|---|
Урната куќа во Чука | |
Координати: 40°26.45′N 21°3.41′E / 40.44083° СГШ; 21.05683° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Нестрам |
Надм. вис. | 852 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | нема |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Чука (грч. Αρχάγγελος — до 1955 година, Τσούκα)[2] — поранешно село во Егејска Македонија, Околија Костур.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во општината Нестрам, 23 км западно од Костур во источното подножје на границата помеѓу Грција и Албанија.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманско Царство
[уреди | уреди извор]Во отоманските даночни регистри од средината на 15 век, селото Чука е споменато со 29 глави на семејства и тројца неженети: Папа Никола, Свето, Богдан, Јорг, Никола, Рајко, Стајко, Станимир, Алекса, Никола, Мавријад, Дабижив, Михо, Јано, Бано, Лазори, Никола, Тодор, Јорг, Јорг, Стамат, Михо, Богдан, Папа Герг, Михо, Стајо, Герг, Димо и Јорг. Вкупниот приход за државата од селото е 2.090 акчиња.[3]
Според статистиката на Васил Иванов К’нчов од 1900 година („Македонија. Етнографија и статистика“) во Чука има 154 жители христијани.[4]
Во почетокот на XX век целото население на Чука е под владеењето на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание во почетокот на 1904 година минува под владеењето на Бугарската егзархија.[5] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („Македонија и нејзиното христијанско население“) во 1905 година во Чука има 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чука се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 20 куќи.[7]
Грчка статистика од 1905 година не ја одразува промената и го претставува селото Чука (Τσούκα) како грчко село со 150 жители.[8]
Според Георги Константинов Бистрицки, Чука пред Прва балканска војна во 1912 година има 30 македонски куќи и 1 грчка,[9] а според Георги Христов, 30 македонски и 1 влашка.[10]
Во Грција
[уреди | уреди извор]Пред војната селото е окупирано од страна на грчки монархисти и по Втората балканска војна останува во рамките на Грција. За време на Граѓанската војна селото е тешко оштетено и насилно напуштено од жителите, а 59 деца се извадени од комунистичките единици надвор од земјата како деца-бегалци. Во 1955 година ненаселеното село е преименувано во Архангелос (Αρχάγγελος).
Демографија
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Крај селото е обновениот манастир „Свети Архангели“ од XIII век
Личности
[уреди | уреди извор]- Аргир Михајлов (1790 - 1850) — истакнат македонски зограф и иконописец
- Паскал Митровски (1912 − 1978) — македонски национален деец
- Иван Доровски (р. 1945) — македонски писател
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Селото е насилно напуштено во 1949 година. Речиси сите живи поранешни жители се преселиле во Република Македонија и Австралија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσούκα -- Αρχάγγελος
- ↑ Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 105
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 267.
- ↑ Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1943, стр. 125.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 182-183.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
- ↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Tsouka.[мртва врска]
- ↑ Бистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 198.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Чука (Костурско) на Ризницата ?
- „Мåш и жена“ — дијалектен текст од Чука, претставник на нестрамскиот говор
|