Русија
66°N 94°E / 66° СГШ; 94° ИГД
Руска Федерација Российская Федерация
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: „Химна на Руската Федерација“ |
||||||
Русија (темнозелено)
оспоерени територии под руска власт (светлозелена) |
||||||
Главен град | Москва 55°45′N 37°37′E / 55.750° СГШ; 37.617° ИГД | |||||
Службен јазик | руски | |||||
Народности (2024) | ||||||
Демоним | Руси
(Русин/Русинка) |
|||||
Уредување | федерална полупретседателска уставна република[2] | |||||
• | Претседател | Владимир Путин | ||||
• | Премиер | Михаил Мишустин | ||||
Законодавство | Федерално собрание | |||||
• | Горен дом | Федерално собрание | ||||
• | Долен дом | Државна дума | ||||
Настанок | ||||||
• | Киевска Русија | 862/882[3] | ||||
• | Големо Московско Кнежевство | 1283 | ||||
• | Царство Русија | 16 јануари 1547 | ||||
• | Руска Империја | 22 октомври 1721 | ||||
• | Руска СФСР | 6 ноември 1917 | ||||
• | Советски Сојуз | 10 декември 1922 | ||||
• | Руска Федерација | 25 декември 1991 | ||||
• | тековен устав | 12 декември 1993 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 17,125,200[4][5] км2 | ||||
• | Вода (%) | 13[6] (со мочуришта) | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2024 г. | ▲ 148,089,509 | ||||
• | Густина | 8.9 жит/км2 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупен | ▲ $5.126 трилиони[7] | ||||
• | По жител | ▲ $37,009[7] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупно | ▲ $2.692 Трилиони[7] | ||||
• | По жител | ▲ $14,489[7] | ||||
Џиниев коеф. (2023) | 36.0[8] среден |
|||||
ИЧР (2024) | ▲ 0.848[9] многу висок |
|||||
Валута | рубља (₽) (RUB ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+2 to +12) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | ||||||
Повик. бр. | +7 | |||||
а. | Кримскиот Полуостров има оспорен статус меѓу Русија и Украина, а е под управа на Русија. |
Русија (руски: Россия), службено: Руска Федерација (Российская Федерация) — земја која се простира на огромни пространства од Источна Европа и Северна Азија. Со површина од 17.075.400 км2, Русија е најголемата земја во светот (околу 11,5 % од вкупната светска површина), покривајќи скоро двапати поголема територија од Канада, Кина или Соединетите Американски Држави. По бројот на население (144,526,378 жители) Русија е седма во светот, по Кина, Индија, САД, Индонезија, Бразил и Пакистан.
Порано доминантна република во Сојуз на Советските Социјалистички Републики (СССР), Русија сега е независна земја и влијателен член на Заедницата на независни држави (ЗНД) од распадот на СССР во декември 1991 година. За време на советскиот период, Русија официјално се нарекува: „Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република“ (РСФСР). Русија се смета за надледник на Советскиот Сојуз како во економски, така и во дипломатски рамки.
Поголемиот дел од површината, популацијата и индустриското производство на Советскиот Сојуз, еден од двете велесили, се наоѓаат во Русија. После распадот на Советскиот Сојуз, глобалната улога на Русија во светот во голем дел исчезна. Во октомври 2005 година, федералната агенција за статистика објави дека руската популација се намалила за повеќе од 500.000 луѓе таа година, со што целосната бројка изнесувала 143 милиони иако Русија е втора држава по бројот на имигранти во светот.
Најголемата површина, население и индустриско производство на некогашниот СССР, некогашната светска велесила, отпаѓа на Русија. Поради тоа, и по распадот на Советскиот Сојуз, Русија игра значајна улога на светската сцена. Оваа улога, иако значајна, е далеку од улогата на некогашниот СССР. Денес Руската Федерација е земја која прави големи чекори во сите области од општественото живеење. Се забележуваат големи стапки на раст во сите државни сфери од која највлијателна е економската сфера каде за 4 години е забележан раст од околу 25%. Руската Федерација денес е блиску до точката на економска активност од 1989 година.
Русија се граничи со Норвешка, Финска, Естонија,Латвија, Литванија, Полска (со последните две преку Калининградска Област), Белорусија, Украина, Грузија, Азербејџан, Казахстан, Кина, Монголија и Северна Кореја. Русија се доближува до САД, кај Беринговиот Премин. Северна и источна граница ѝ се Атлантски, Северноледен и Тихи Океан. Русија исто така има излез на Црно, Балтичко и Касписко Езеро.
Главен град на Русија е Москва, службен јазик е рускиот јазик.
Историја
[уреди | уреди извор]Рана историја
[уреди | уреди извор]За време на праисториската епоха, огромните степи во јужна Русија биле населени номадски племиња. Во класичната антика, народите на Понтиските степи биле познати како Скити.[10] Градот Гелон бил опишан од страна на Херодот како еден од најголемите во тоа време во Европа. Помеѓу 3 век п.н.е. и 6 век п.н.е., на овие простори опстојувало Боспорското царство,[11] управувано главно од грчките колонии. Царството се растурило по инвазијата на Номадите [12]. Туркскиот народ хазари владееле на територијата помеѓу Касписко Море и Црно Море до 8 век.[13]
Предците на Русите биле Словенските племиња, чија прататковина (според некои научници) се смета дека се Припјатските блата.[14] Раните источни словени постепено се населиле во Западна Русија две насоки: првите се населиле од Киев кон денешниот град Суздаљ и Муром а другите од Полоцк кон Новгород и Ростов.[15] Од 7 век па натаму, источните словени конструирале дел од населението во денешна Западна Русија[15]
Киевска Русија
[уреди | уреди извор]Скандинавските Викинзи, познати и како Варјази[16] во Северна Европа создале една од најцивилизираните општества во тоа време. Во средината на 9 век, тие започнале да се упатуваат од Балтичко до Црно и Касписко Море.[17] Според Првиот руски летопис, Варјагот (Викинг) Рурик бил избран за првиот владетел (Голем кнез) на Новгород во околу 860 година,[18] пред неговите наследници да се преселат на југ кон Киев,[19] каде претходно веќе доминирале Хазарите.[20]
Така во текот на 9 век била создадена првата источнословенска држава која се викала Киевска Русија[18], која се наоѓала по должината на река Днепар. До крајот на 10 век, нордиското малцинство се соединило со словенското,[21]. Киевска Русија одиграла голема улога за воведувањето на христијанското православие на овие простори,[18] издвојувајќи ја византиската од словенската култура. Христијанството официјално било воведено во 988 година, односно по официјалното крштевање на Кнез Владимир.[22] Периодот на владеење на Владимир I Велики (980-1015.) и Јарослав I Мудриот (1019-1054) го претставува периодот на Златното владеење на Киевска Русија.
Киевска Русија како држава се распаднала во 1240 година, главно поради меѓусебната војна помеѓу членовите на кралското семејство околу престолот. Киевската доминација слабеела во корист на Владимирско-суздаљското Кнежевство на североисток, Новогордска Република на север, и Галициско-Волнско Кнежевство во југозапад. Оваа територија конечно била заземена од страна на Монголците по нивната инвазија во Русија, каде на овие простори била формирана т.н. Златна Орда.[23]
Големо Московско Кнежевство
[уреди | уреди извор]Даниел Московски, најмладиот син на Александар Невски, го основал Московското Кнежевство [18] , по кое ги протрал Татарите оде земјата. Кнежевството дополнително ги затегнало своите позиции кога градот станал центар на Руската православна црква. До средината на 14 век, моќта на Монголците била во опаѓање, а Русите ја согледувале можноста од протерување на истите. Во 1380 година, во Куликово, Монголците биле поразени. Во текот на 15 век, големите кнезови на Москва се обиделе целата популација на кнежевството да го стават под своја контрола. Најуспешен кнез од овој процес е Иван III[18] кој ги удрил темелите на новата руска национална држава. Големото Војводство Москва во рамките на неговото владеење било зголемено трипати повеќе за разлика од неговиот претходник.[18] Одбивајќи понатамошна соработка со Татарите, Иван III во својата кампања целосно ја поразил Златната Орда. Иван и неговите наследници се обиделе да ги заштитат јужните граници од нападите против Кримските Татари и другите орди.[24]
Руско царство
[уреди | уреди извор]Развојот на царскиот автократски апсолутизам својот врв го достигнал за време на владеењето на Иван IV (1547-1584), познат и како Иван Грозни. Тој е првиот владетел што се прогласил за цар на цела Русија, во 1547 година. Тој ја зајакнел позицијата на монархот до највисоко ниво.[18] Исто така, во негово време биле направени едни од најголемите реформи на Русија. Иван Грозни успеал да ги зазеде Казанското ханство, Астраханското ханство и Сибирското ханство.[25] Овие освојувања ја прекинала постојаната до тогаш миграција на азиските народи до Европа преку Волга и Урал.
По смртта на Иван Грозни, негов наследник станал синот му Фјодор I. Во текот на неговото владеење следувал период на граѓански војни и „странска“ интервенција позната како „Време на проблемите“ (1606–1613).[18]. Крајно студените лета (1601-1603),[26] довеле до голем глад во периодот од 1601 до 1603 година и зголемување на социјалната неорганизираност. Владеењето на Борис Годунов, било проследено со големи бунтови и востанија, и покрај тоа што тој извршил големи реформи во Русија. Борис Годунов на престолот го наследил неговиот син Фјодор II којшто владеел само неколку месеци, бидејќи и тој бил убиен од противниците на својот татко. Претходно, од 1610 година до 1612, војниците на Полско-литванскат унија ја окупирале Москва. Тие не успеале да ја заземат, но сепак Москва била во голем дел опожарена[27][28][29] Во 1612 година, народот од Нижни Новогород и други градови предводени од Дмитриј Позхарски и Кузма Минин успеале да ги протерат полските влијанија од градот Москва.[30][31][32]
Во февруари 1613 година, Полјаците пбиле протерани од Москва, а Национално собрание, кое било составено од претставници од педесет градови, па дури и некои села, го избрале Михаил Романов за нов цар на Русија.
Руска Империја
[уреди | уреди извор]Руската Империја е наследник на т.н. Руско или Московско царство, владеена од наследниците на Иван IV како цареви. Иако империјата била официјално прогласена во 1721 година од страна на цар Петар I, таа навистина се родила кога Петар станал цар во 1682. Петар I извршил реформи и во војската, според западните стандрди, земјоделството и индустријата.[33]. Црквата, исто така претрпела промени. Патријархот на руската црква бил заменет со синод, кој бил под директна контрола на царот. Во 1699, Петар го напуштил традиционалниот руски календар, во кој годината започнувала на 1 септември и го прифатил јулијанскиот календар, каде годината започнува на 1 јануари. Од доаѓањето на власт, па сѐ до неговата смрт, Петар без прекин водел војни, од кои зависела целата негова политика. Тој војувал против Османлиското царство во 1695, 1696 и 1711. Во 1696, Петар го освоил пристанишниот град Азов и на Русија ѝ осигурил излез на Црното Море, за подоцна во 1711 да се изгуби во мировни преговори со Османлиското царство. Тој војувал и против Персија, со што освоил и територии на западниот и јужниот брег на Каспиското Езеро. Тие територии, Русија ги загубила многу бргу по неговата смрт. Меѓутоа најважна од сите војни кои ги водел, била онаа против Шведска, која траела 21 година (1700-1721)[33].
Речиси педесет години биле потребни да поминат пред да се појави на рускиот престол амбициозен и безмилосен владетел. Катерина II била германска принцеза која се оженила на рускиот наследник на престолот. Кога се открило дека тој бил неспособен, таа издала дозвола за негово убиство. Тогаш било најавено дека тој починал од "аполексија. Катерина II имала голем успех во Руско-турските војни во периодот од 1768-1774 година [34]. По договорот од 1774 година, Русија добила право да ги заштитува интересите на христијаните во Османлиското Царство, а Кримското ханство добило независност од султанот. До нејзината смрт во 1796 година, Катерина својата земја ја претворила во една од најсилните и најголемите во Европа и светот. Територијалните проширувања продолжиле во времето на нејзините наследници Александар I, кој ја зазел Финска од ослабнатата Шведска во 1809 година и Бесарабија од Османлиското Царство во 1812 година.
Наполеон Бонапарт направил голема грешка, кога, по конфликтот со цар Александар I појдел во освојување на Царска Русија во 1812 година. Оваа кампања на воени походи на крајот била катастрофална за Наполеон, најмногу бидекќи руската армија постојано го избегнувала директниот удар на Наполеон и тактиката. Поради страшно студената руска зима, илјадници француски војници умреле од студ во снегот. Спроведувајќи герилски начин на војнување, Русите ги натерале Французите да се повлечат, а по најавеното повлекување, руските војски отишле до таму што ги гонеле низ цела централна и западна Европа, додека не престигнат во Париз.
Иако Руската Империја одиграла водечка политичка улога во текот на 19 век, која и овозможила голема победа над Наполеон Бонапарт, задржувањето на феудалните односи во земјата го оневозможил економскиот напредок. Додека економскиот развој во Западна Европа бил во подем во времето на т.н. Индустриска револуција, Русија сè повеќе заостанувала зад Европа кое придонесело за создавање на сè поголеми проблеми во нејзиното општество. Иако Русија била голема сила, нејзината влада на различни полиња била доста неефикасна. Народот бил сиромашен а економијата неразвиена.[35] По победата на Александар над Наполеон, царот имал план за спроведување на одреден број на реформи. Иако царот се обидел да ги воведе па и да ги спроведе, сепак најглавните не биле ниту допрени.[36] Со релативно либерални убедувања бил Николај I (1825—1855), ко во почетокот на своето владеење бил соочен со избувнување на востание. Позадината на овој бунт лежела во Наполеоновите војни, кога голем број на руски офицери и војници скоро ја обиколиле Европа за време на руските походи и нивниот контакт со либерализмот во Западна Европа им дал можност да побарат промени во Русија. Како резултат на тоа избувнало т.н. декемвриско востание во 1825 година. На чело на востанието застанале мал дел од либералните роднини, офицери и војници кои сакале братот на Николај да биде монарх, а Николај да се тргне од престолот. Меѓутоа, востанието било многу бргу задушено, поради кое Николај морал да отстапи од програмата која била започната дури од времето на Петар Велики, а со тоа да ја заштити максималната автократија.[37] Рускиот император исто така морал да расчисти со востанијата и бунтовите кои се случувале во новоосвоените територии како Полска односно ноемвриското востание во 1830 година и Јануарското востание од 1830 година.[38]
Царот Николај починал, оставајќи зад себе голем број на нерешени прашања. Кога Александар II дошол на власт во 1855 година, спроведил голем број на реформи. Една од најголемата реформа во руската историја во текот на XIX век била еманципацијата. Во 1876 година, во Османлиското Царство избувнало востание на Bалканскиот полуостров. Руското население и власт застанале на страната над словенското население, па Русија повторно влегла во поредната Руско-турската војна. Влегувањето во војната дополнително ги изладило односите на Русија со Австроунгарија, која исто така имала територијални претензии на Bалканскиот полуостров.[39] По завршувањето на војната, Русија ги проширила своите територии во Средна Азија, поточно во регионот околу Касписко езеро.[40]
За разлика од својот татко, новиот император Александар III 1881. - 1894 година) се одликувал со голема националистичка политика.[41]. Најмоќниот советник на царот бил Константин Петрович Победоносцев. Еден од најголемите противници на демократијата, уставот и парламентарниот систем.[42] Под негово влијание, голем дел од револуционерите биле прогонети од земјата[43] а била спроведувана политика на русификација.[44].
Наследник на Александар станал неговиот син Николај II, последниот руски цар. Воениот неуспех во Руско-јапонската војна од 1904-1905 година, бил голем удар за царскиот режим во Русија.[45] Царот Николај и неговиот народ во Првата светска војна влегле со голем ентузијазам, како заштитници на своите српски браќа. Во август 1914 година, руските војски навлегла во Германија за да ѝ даде поддршка на Франција.[46] Во средината на 1915 година, војанта се проширила. Резервите на храна и гориво се намалувале, бројот на жртвите растел како и инфлацијата. Избувнале големи штрајкови помеѓу недоволно платените работници во фабриките. Од друга страна пак, земјоделците барале реформи. Во 1916 година бил убиен Грегориј Распучин, кој имал голема улога во политичкиот живот.[45] На 3 март 1917 година избиувнал штрајк во една фабрика во Петроград. Сите работници престанале со работа и излегле на улични протести. Кога царот го распуштил законодавното тело и наредил штрајкувачите да се вратат на своите работни места, започнала Февруарската револуција. Оргнизацијата Дума одбила да биде распуштена, штрајкувачите продолжиле со своите напори а војската застанала на страната на народот. За само неколку денови, организацијата прогласила привремена влада на чие чело застанал кнезот Лавов[47]. На следниот ден, царот абдицирал. Во меѓувреме, социјалистите во Петроград формирале работнички совет.[47]
Ленин се вратил во Русија од егзилот од Швајцарија со помош на Германија која се надевала Русија да се повлече од војната. Илјадници селани, работници и војници го дочекале Ленин на железничката станица. По големите маневри, советите во ноември 1917 година го протерале Керенски и неговата влада во егзил, по која започнала октомвриската револуција.
Советска Русија
[уреди | уреди извор]Војската на контрареволуционерите, која во најголем дел била нарекувана Бела армија, започнала да прави план како да го ликвидира болшевичкото движење. Во исто време, сојузниците на Русија ги испратиле своите трупи за да ги поддржат антикомунистичките сили. Црвената армија и Чека (тајна полиција) спровела терор чија цел била да ги ликвидира непријателите на револуцијата. Тие немале поддршка од сите друштвени елементи во земјата, па морале да ја употребат својата еден вид владина сила за време на граѓанската војна. До 1920 година, целата војска била евакуирана, и во Белорусија, Украина и на Кавказ биле поставени комунистички влади, но по цена истите да го одржуваат моделот на автократија на власта.
Историјата на Русија во периодот од 1922 до 1991 година, всушност е историјата на Сојузот на Советските Социјалистички републики или историја на Советскиот Сојуз. Уставот кој бил усвоен во 1924 година го дал почетокот на федералниот систем на власта кој се засновал на советот кој бил поставен низ селата, фабриките, градовите во поголемите делови на земјата. На врвот на оваа советска пирамида во секоја република стоел сојузен конгрес на советите. Иако изгледало дека конгресот ја спроведува својата суверена власт, сепак ова тело директно било управувано од страна на Комунистичката партија, која повторно го контролирала Политбирото на Централниот комитет КПСС од Москва, престолнината на Советскиот Сојуз, која како престолнина била уште во времето на Царска Русија, до доаѓањето на Петар Велики на царскиот престол. Периодот од консолидацијата на револуцијата од 1917 до 1921 година е познат како Воен комунизам[48]. Земјата, индустријата, банките, железниците, бротскиот сообраќај итн. виле потполно национализирани, а економијата ограничена. Режимот тотално ја напуштил царската политика на дискриминација. Режимот во голема мера придонел за унапредување на медицинските услуги. Биле спроведени голем број на кампањи против колерата, тифусот и маларијата. Бројот на докторите се зголемил, животниот век се зголемил а од друга страна пак се намалила смртта на новородените деца. Владата исто така го промовирала атеизмот и материјализмот, кои ги удриле темелите на марксистичката теорија.
Седумнаесет денови по почетокот на германската инвазија на Полска од 1939 година, кога германската војска била на само 150 километри од советската граница, советската војска го окупирала источниот дел на Полска кој бил главно населен со Украинци и Белоруси[49][50]. По пропаднатиот договор околу размена на територии, Советскиот Сојуз започнал војна со Финска, позната како Зимска војна (1939 - 1940).на 22 јуни 1941 година, Германија го прекршила договорот и навлегла на територијата на Советскиот Сојуз. До крајот на ноември истата година, Германија ја зазела Украина, а по ова ја започнала Опсадата на Ленинград, по кој планот бил германската војска да се упати кон престолнината Москва[51][52][53]. Во Битката кај Москва, германските сили биле одбиени од советските, по кое Германците се реорганизирале и главно се насочиле кон југоисточниот дел од земјата. Победите во Сталинградската битка и Курската битка го покажале идниот резултат од Втората светска војна. По овие порази, Германија не била повеќе во состојба да води офанзивна војна, па иницијативата преминала во рацете на Советите[54]. До крајот на 1943 година, Црвената армија ги разбила германските сили кај Ленинград, повратила голем дел од Украина и Западна Русија и навлегла во Белорусија [55]. До крајот на 1944 година, фронтот од Русија бил поместен во Источна Европа. Со огромна војска, советската армија се упатила кон територијата на Источна Европа, зазимајќи го Берлин во мај 1945 година[56] Нацистичка Германија била целосно поразена.
По издвојувањето на победата, избил конфликт помеѓу Советскиот Сојуз и САД, позната како Студена војна која се проширила на меѓународна сцена. Студената војна бил период на конфликти, тензија и натпревар помеѓу САД и СССР и нивните сојузници од времето по Втората светска војна до раните 1990-ти. Во текот на овој период, соперништвото помеѓу двете велесили се одвивал на повеќе полиња: воени сојузи, идеологија, психологија, шпиунажа, технолошка надмоќ, освојување на вселената, огромни трошоци за одбрана, огромни конвенционални и нуклеарни воени потенцијали, и многу посредни војни. Главна преокупација на Сталин била своето влијание да го прошири до самата Германија, од каде подоцна започнувала т.н. Железна завеса[57]. Во текот на април 1949 година, САД го основал Северно-атлантскиот сојуз познат под името НАТО, пакт во меѓусебна заштита според кој каков било напад на некоја од членките на тој сојуз би значело напад врз сите останати. Во 1955 година, Советскиот Сојуз основал еквивалентен сојуз на НАТО, познат под името Варшавски пакт [58][59][60]. Поделбата на Европа на Западна и Советска или Источна придобила глобален карактер, особено кога САД создал нуклеарен монопол за тестирање на советската бомба Џо-1 и доаѓањето на власт на Комунистичката партија во Кина.
Во борбата за власт која следувала по смртта на Сталин во 1953 година, неговите најблиски соработници ја изгубиле битката. Никита Хрушчов ја зацвтстил својата власт по говорот на дваесеттиот конгрес на Комунистичлката партија на Русија во 1956 година, на кој конгрес ги изложил безбројните ѕверства кои биле направени во времето на неговиот претходник, Сталин [61]. Веднаш по конгресот, Хрушчов започнал да воведува големи реформи. Сталиновата ориентација кон тешката индустрија ја пренасочил кон производство на добра за широка потрошувачка и станбените објекти. Новите реформи довеле до подобрување на животниот стандард на населението, и покрај тоа што се јавувале сè поголеми проблеми во економијата. Реформи имало и во правниот систем, и покрај тоа што целиот систем бил под контрола на Комунистичката партија, сепак интелектуалците се стекнале со поголема слобода за разлика од претходниот период.
Во 1989 година Советите се повлекле од Авганистан. Во декември 1989 Горбачов и Џорџ Буш постариот на самитот на Малта објавиле крај на Студената војна.[62]
До тогаш веќе и сојузниците на СССР слабееле - комунистичките режими во Источна Европа биле на заминување, а новите демократски власти биле повеќе заинтересирани за сојузништво со Западот отколку со СССР. И во самиот СССР, најпрво комунистичката власт била принудена да го напушти монополот на власта по 73 години во 1990. СССР официјално се распаднал на 25 декември 1991 година[63]. Конечниот чин било со предавање на власта на Советскиот Сојуз и преземање на власта во Русија од страна на Борис Елцин. Русија официјално започнала да постои на 26 декември 1991 година[63].
Руска федерација
[уреди | уреди извор]Иако Елцин дошол на власт, неговата популарост помеѓу руското население никогаш не се повратила по потпишувањето на економските реформи по принципот на шок-терапија, кој бил предложен од страна на Егор Гајдар. Реформите го уништиле животниот стандард на голем дел од населението, посебно на онаа група која претходно уживала некои благодети. Така, Русија во следните години влегла во период на голема економска криза, период кој претходно веќе поминал во САД или Западна Европа во времето на Големата депресија[64]. Во тој период земјата била опфатена од страна на различни олигарси и криминални групи. По препорака на западните влади, и пред сè на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, Русија започнала процес на брза приватизација чија цел била денацинализација на советските институции. Од средината на деценијата, трговијата, услугите и малата индустрија принадлеела во приватни раце. Повеќето големи претпријатија биле закупени од страна на нивните стари менаџери[65].
До средината на 1990-тите години, во земјата бил воспоставен повеќепартиски систем[66]. Сепак, најголемиот проблем во политиката на земјата претставувала незаедничкото дејствување на претседателот и премиерот на земјата и нивните различни гледишта. Од друга страна во политичкиот живот постоеле и анархистите, кои еден вид биле наследници на комунистите.
Географија
[уреди | уреди извор]Русија се граничи со Норвешка, Финска, Естонија, Латвија, Литванија, Полска (со последните две преку Калининградска Област), Белорусија, Украина, Грузија, Азербејџан, Казахстан, Кина, Монголија и Северна Кореја. Русија се доближува до САД, кај Беринговиот Премин. Северна и источна граница ѝ се Атлантски, Северноледен, и Тихи Океан. Русија исто така има излез на Црно, Балтичко и Касписко Езеро.
На територијата на Русија се наоѓаат најразлични природни зони, од пустинските брегови на Касписко Море до поларните ледови на Нова Земја и Новосибирските Острови. Широко застапени се степите, тајгите и тундрите. Релјефот на Русија е различен. Околу 70% од територијата на Русија е опфатен со рамнини. Најголема е Источноевропската Низина. На нејзината источната страна се наоѓа планината Урал со највисок врв Народнаја (1895 метри). На исток од Урал се наоѓа Западносибирската рамнина, Средносибирската Висорамнина и Јакутската рамнина.
Планинските области се наоѓаат на источниот и јужниот дел од државата, северните делови од Голем Кавказ каде се наоѓа и најголемата точка во Русија, врвот Елбрус висок 5642 метри, Јужносибирските планини вклучувајќи го Алтај со највисокиот врв Белуха од 4506 метри, Западен и Источен Саја.
Најголемите реки во Русија се Северна Двина, Печора, Енисеј, Лена, Индигирка, Амур, Анадир, Дон, Кубањ, Нева и други. Основните езера во Русија се Касписко Море, Бајкал, Ладошко езеро.
Клима
[уреди | уреди извор]Климата во Русија е континентална, во северните делови умерено континентална, а на Далечниот Исток умерена. Во јужните делови е топла. Средните температури во јануари се од 0 до -5°С во европскиот дел, до -40 С и -50° С во Јакутија. Во јули температурите се од 5 С во Северен Сибир до 24-25°С во Прикасписката Низина.
Врнежи- до 2000 мм во Алтај и Северен Кавказ, до 1000 мм во Далечниот Исток, 700 мм во европските рамнини.
Државно уредување
[уреди | уреди извор]Политички систем
[уреди | уреди извор]Според Уставот на Русија, земјата е федерација и полупретседателска република, каде претседателот е шеф на државата а премиерот е на чело на владата. Руската Федерација е фундаментално структурирана како мултипартиска претставничка демократија, со федералната влада составена од три гранки, законодавна, извршна и судска власт.
Државното уредување на Русија се состои од Устав, кој бил изгласен на 12 декември 1993 година.
Шеф на државата е претседателот на Руската Федерација, кој се избира на секои шест години на директни избори. Според уставот, тој ги има следните осластувања: тој е врховен командант на вооружените сили на земјата, го именува и го разрешува Претседателот на Владата на земјата во согласност со Државната Дума, на предлог на претседателот на владата именува или разрешува од должност на вицепремиерот на земјата и федералните министри, го назначува секретарот на Советот за безбедност, предлага кандидати за гувернер на Централната банка, во случај на војна или воена опасност има право да донесе закон за цела територијална држава или на дел од неа, но мора ова да биде во соработка со општината. Моментален претседател на земјата е Владимир Путин.
Извршната власт во земјата е Владата на Руската Федерација, која според хиерархијата стои под Претседателот. На чело на Владата се наоѓа Премиер кој се избира од страна на претседателот на земјата. Системот од федерални органи се состои од федерални министерства, федерални служби и федерални агенции.
Законодавната власт се состои од Горниот дом односно од Советот на Федерацијата кој ги именува сојузните субјекти во републиките, областите и краевите во федерацијата, а членовите на Долниот дом односно Државната Дума која брои 450 пратеници, се избират на директни избори чиј мандат е во период од пет години.
Судската власт се исполнува од страна на судовите.
Вооружени сили
[уреди | уреди извор]Вооружените сили на Руската Федерација биле формирани по отцепувањето на Русија од СССР и формално му распаѓање на крајот на 1991. Русите ја наследиле речиси цела опрема на поранешната Црвена армија. Руското Министерство за одбрана е формирано со декрет на Борис Елцин на 7 јануари 1992, и сите сили на територијата на РСФСР поминале под негов надзор.
Руската армија има вкупна големина од 1.130.000 луѓе, што ја прави четврта најголема во светот (пред неа се само оние на Индија, САД и Кина).
Таа е наследник на вооружените сили на Советскиот Сојуз. Од 1991 до крајот на 90-те години руската армија се соочила со голем недостиг на нова опрема и финансирање. Од околу 6.000.000 воен персонал во 1990 година, денеска руската армија е намалена на нешто повеќе од 1.100.000 луѓе во 2009, вклучувајќи околу 2.000 авиони (на пример Миг-29, Су-27, Миг-31), 955 бомбардери, околу 23.000 тенкови, во близина 22.000 далекобојни артилериски системи, околу 50 подморници, околу 100 надводни воени бродови. Руската Федерација има најголем арсенал на нуклеарно оружје во вредност од блиску 12.000 нуклеарни глави. Стратешките ракетни сили се опремени со вкупно 446 интерконтинентални ракети од типот 4. Р-36МУТТХ има дострел над 15.000 километри. Предвидените воени трошоци за 2010 година биле 35 милијарди долари, седми по големина во светот.
Демографија
[уреди | уреди извор]Најголеми градови
[уреди | уреди извор]Бр. | Федерален субјект | Нас. | Бр. | Федерален субјект | Нас. | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Москва Санкт Петербург |
1 | Москва | Москва | 12.100.000 | 11 | Уфа | Башкортостан | 1.090.000 | Новосибирск Екатеринбург |
2 | Санкт Петербург | Санкт Петербург | 5.190.000 | 12 | Краснојарск | Краснојарски крај | 1.050.000 | ||
3 | Новосибирск | Новосибирска област | 1.560.000 | 13 | Перм | Пермски крај | 1.030.000 | ||
4 | Екатеринбург | Свердловска област | 1.420.000 | 14 | Воронеж | Воронешка област | 1.000.496 | ||
5 | Нижни Новгород | Нижегородска област | 1.250.000 | 15 | Волгоград | Волгоградска област | 1.000.000 | ||
6 | Казањ | Татарстан | 1.200.000 | 16 | Саратов | Саратовска област | 840.000 | ||
7 | Чељабинск | Чељабинска област | 1.180.000 | 17 | Краснодар | Краснодарски крај | 800.000 | ||
8 | Самара | Самарска област | 1.170.000 | 18 | Тољати | Самарска област | 710.000 | ||
9 | Омск | Омска област | 1.170.000 | 19 | Ижевск | Удмуртија | 640.000 | ||
10 | Ростов на Дон | Ростовска област | 1.100.000 | 20 | Уљјановск | Уљјановска област | 615.000 |
Јазик
[уреди | уреди извор]Русија е земја во која постојат околу 160 етнички групи кои зборуваат на околу 100 јазици. Според пописот од 2002 година, 142,6 милиони луѓе зборуваат руски, 5,3 милиони зборуваат татарски и околу 1,8 милиони украински.[69] Рускиот јазик е едниствениот официјален државен јазик на земјата, но Уставот дава на поединешните етнички групи во републиките да го користат својот мајчин јазик како ко-официјален веднаш до рускиот.[70] И покрај неговата голема разширеност, рускиот јазик е во голема мера хомоген во цела Русија. Тој е најраспространетиот географски јазик на просторот на Евроазија и најзборуваниот словенски јазик.[71] Рускиот јазик припаѓа на групата индоевропски јазици и е еден од оние јазици кои во истата група кои се задржиле во употреба до ден денес. Други јазици од истата група се белорускиот, украинскиот и веројатно русинскиот јазик кои споделуваат заеднички лингвистички одлики. Старорускиот јазик бил зборуван во периодот од 10 век до 14 век, и од него произлегуваат горенаведените источнословенски јазици.[72] Како податок над една четвртина од светската научна литература е објавена на руски јазик. Околу 70% од универзалните науки се објавени на англиски и руски.[73] Денеска, јазикот е еден од шестте службени јазици на ООН.
Фолклор
[уреди | уреди извор]Стариот руски фолклор се заснова на корени од паганските верувања на старите Словени, кој пак денеска најчесто е застапен во руските бајки. Руските епоси заземаат важен дел од словенската митологија. Најважните и најстарите епови од времето на Киевска Русија всушност се створени во денешниот северозападен руски федерален округ. Голем број на бајки и еписи биле прилагодени и претставени во анимациони филмови од страна на многу познати режисери како Александар Птушко (Илья Муромец, Садко) и Александар Роу (Морозко, Василиса Прекрасная и др.). Некои руски поети, вклучувајќи ги Леонид Филатов и Петр Јершов, направиле голем број на познати поетски интерпретации на класичните руски бајки. Меѓу овие се вклучува и Александар Сергеевич Пушкин кој исто така создал потполни оригинални бајски песни кои до ден денес се задржиле во голема популарност.
Религија
[уреди | уреди извор]Предците на голем дел од денешните Руси го примиле христијанство во 10 век.[74] Околу 100 милиони граѓани се сметаат себеси за православни христијани, кое во процент е околу 70% од вкупниот борј на население во земјата. Сепак црквата тврди дека тој број е околу 80 милиони [75][76]. Исто така, според една анкета која била спроведена од страна на рускиот Центар за истражување на јавното мислење, 63% од испитаниците сметаат себеси за православни верници, 16% од испитаниците за муслимани и помалку од 1% за протестанти, будисти, евреи и слично.[77] Други 12% рекле дека веруваат во Бог, а 16% изјавиле дека се неверници[77].
Денеска, се проценува дека Русија е дом на околу 23.000.000 луѓе од муслиманска вероисповед, од кој само 1.500.000 живеат во Москва.[78][79] Според Православната црква пак, бројот на муслиманските верници е околу 20.000.000, додека пак според официјалниот попис, нивниот број е околу 15.000.000[80]. Во Русија исто така има населено околу 4.000.000 муслимани кои биле раселени во за времето на Советскиот Сојуз.[81] Најголемиот дел од муслиманското население во Идел-Урал, како и во Северен Кавказ, Москва, Санкт Петербург и Западен Сибир[82] .
Будизмот е традиционален за три региони на Руската Федерација: Бурјатија, Тува и Калмикија.[83] Некои жители на сибирски региони и Далечниот Исток, Јакутија, Чукотски, итн, се припадници на помали религиозни организации.
Здравје
[уреди | уреди извор]Образование
[уреди | уреди извор]Административна поделба
[уреди | уреди извор]Русија се дели на осум големи федерални окрузи (рус. федеральные округа).
Федералните окрузи се единици на административна поделба за целите на федералната влада. Тие не се составни единици на Руската Федерација. Составните единици на федерацијата се нарекуваат федерални субјекти.
Во секој округ се наоѓаат неколку федерални субјекти. Секој федерален округ има претседателски претставник, чија официјална титула е „Полномошен претставник“. Официјалната задача на овој претставник е едноставно да ја надгледува работата на федералните агенции во регионите, иако во практика овој надзор е далекусежен и од големо значење.
Федерални окрузи
[уреди | уреди извор]Федералните окрузи ги создал Владимир Путин во мај 2000 како дел од пошироката програма за зајакнување на федералната власт. Во програма спаѓаат и следниве реформи: индиректен избор на Советот на Федерацијата, иследување во републиканските устави и регионалните повелби и право на претседателот да ги распушта праламентите на субјектите доколку тие не ги почитуваат федералните закони.
Полномошните претставници и нивниот пресонал установуваат во која мера субјектите отстапуваат од федералните закони и норми. Тие исто така го надгледуваат и процесот на исправка од близу, на начин на кои владата во Москва не може тоа да го изведе. Затоа тие играат клучна улога во централизацијата на власта и онезоможување на локалните манипулации чести за времето на Борис Елцин. Постоењето на федералните окрузи е значајно за ограничување на донесувањето на закони и практики кај субјектите кои му противречат на федералниот закон, како на пример, скратување на граѓанските права, авторитативни практики на управниците на субјектите (или кај републиките, нивните претседатели), манипулација со полицијата и контрола врз правосудството, строга контрола врз печатот и манипулирање со избори.
Полномошните претставници надгледуваат систем на ротација на федералните работници низ регионите за да се спречи нивната зависност од локалните водачи. Федералните окрузи прецизно соодветствуваат на воените региони на Внатрешната војска, и во голема мера соодветствуваат на регионите на министерството за одбрана. Ова им овозможува на полномошните претставници директен пристап кон командната структура на воениот и безбедносниот апарат. Ова дава јасна порака на субјектите дека тиа мораат да соработуваат со федералната влада.
Име на округот | Површина (км²) |
Население (2002) |
Федерални субјекти |
Административен центар | |
---|---|---|---|---|---|
Централен федерален округ | 652.800 | 38.000.651 | 18 | Москва | |
Јужен федерален округ | 418.500 | 13.973.252 | 6 | Ростов на Дон | |
Северозападен федерален округ | 1.677.900 | 13.974.466 | 11 | Санкт Петербург | |
Далекуисточен федерален округ | 6.215.900 | 6.692.865 | 9 | Хабаровск | |
Сибирски федерален округ | 5.114.800 | 20.062.938 | 12 | Новосибирск | |
Уралски федерален округ | 1.788.900 | 12.373.926 | 6 | Екатеринбург | |
Приволшки федерален округ | 1,038,000 | 31.154.744 | 14 | Нижни Новгород | |
Севернокавкаски федерален округ | 170.700 | 8.933.889 | 7 | Пјатигорск |
Извор:[84]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Култура
[уреди | уреди извор]Народна култура
[уреди | уреди извор]Русите имааат големи карактеристични традиции во народната музика. Типични етнички руски инструменти се гусла, жалејка и балалајка. Народната музика имала огромно влијание врз класичните руски композитори, и во денешно време таа е еден од изворите на инспирација за голем број на популарни народни групи, од кои најпознати се „Мелница“. Најпознати народни танци се: казачок, хоровод, камаринска и др.[85]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Корените на руската архитектура започнале во времето на старите Словени. По христијанизацијата на Киевска Русија, руската архитектура во следните неколку векови била под влијание на византиската архитектура, сè до падот на Цариград во 1453 година. Освен традиционалните тврдини кои ги поседувале градовите (Види: Кремљ), главни архитектурни објекти во раната историја на руската архитектура биле православните храмови со големите куполи кои честопати биле или позлатувани или варосени. Аристотел Фиораванти и други италијански архитекти ја донеле ренесансата и нејзините трендови во Русија. Во текот на 16 век се развил т.н. шатор тип на цркви. Најпозната црква од таков тип е црквата Свети Василиј во Москва. Кромидестата купола се развила во текот на 17 век. Кон средината на 17 век во земјата се развил т.н. Наришкински барок. Реформите на Петар Велики довеле до промена на целото руско општество и доближување до западноевропската култура и архитектонски стилови.
Во текот на XVIII век настапил архитектонскиот стил рококо кое придонел до создавање на голем број на познати дела проследени од страна на Бартоломео Растрели и неговите наследници. Во текот на владеењето на Катерина Велика и нејзиниот внук Александар I, градбите во градот Санкт Петербург биле трансформирани во неокласицистичка архитектура. Во втората половина на XIX век започнала руската преродба потикнета од готската архитектура од Западна Европа.
Во текот на XX век, најпознати архитектонски стилови во Русија биле сецесијата (Фјодор Шехтел), конструктивизам (Алексеј Шчусев и Константин Мелников), и Сталинистичката архитектура (Борис Јофан). По смртта на Сталин, Никита Хрушчов целосно го осудил веќе поранешниот архитектонски стил. Кон крајот на советската ера, доминантен архитектонски стил во Русија бил функционализмот. Ова помогнало да се реши станбениот проблем кое довело пак до изградба на голем број на згради со низок архитектурен квалитет. По распаѓањето на СССР, голем број на христијански храмови кои биле срушени повторно биле обновени.
Класична музика и балет
[уреди | уреди извор]Почетоците на класичната музика во Русија биле кон XIX век. Како нејзин основач се смета Михаил Иванович Глинка заедно со неговите следбеници, кои го прифатиле рускиот национален идентитет и додале голем број на верски и народни елементи во нивните композиции. Во оваа прва фаза на класични музичари спаѓа и Антон Рубинштајн кој ја основал конзерваторијата во Санкт Петербург. Можеби еден од најпознатите и најуспешните композитори од тоа време е Петар Илич Чајковски, кој со своите творби ја одбележа ерата на доцниот романтизам како еден од најсестраните и најплодните. Делата на Сергеј Василевич Рахманинов го претставуваат доцниот Руски романтизам во класичната музика. Бил инспириран од Петар Илич Чајковски, Корсаков и другите познати руски композитори. Тој е еден од последните музички уметници од европската класична музика.[86]
Светски реномирани композитори од XX век се Александар Скрабин, Игор Стравински, Сергеј Прокофјев, Дмитриј Шостакович и други. Во текот на советската ера, класичната музика во голема мера била регулирана и создавана според социјалистичкиот режим кој бил налаган. Меѓу најпознатите од овој период се Давид Оистрах, Мстислав Ростропович, Владимир Хоровиц, Свјатослав Рихтер, Фјодор Шалапин, Галина Вишневска, Ана Нетребко и Дмитриј Хворстовски.[87]
Литература и филозофија
[уреди | уреди извор]руската литература се смета за една од највлијателните и најразвиените во светот, која придонела и дала едни од најпознатите светски книжевни дела. Руската книжевна историја започнува во текот на 10 век. Во текот на XVIII век за развој на истата најмногу придонеле Михаил Василевич Ломоносов и Денис Фонвизин. Но можеби најголемиот расцвет, руската литература доживеала во текот на XIX век, во кој век биле создадени најголемите руски книжевни дела. Овој век е познат како Златен век на руската литература. Тој започнал со Александар Сергеевич Пушкин, кој се смета за основач на модерната руска литература и честопати овој поет се опишува или се нарекува како “Рускиот Шекспир“.[89] Златниот век на литературата продолжил во текот на XIX век со делата на Михаил Јурјевич и Алексеј Некрасов, Александар Островски, Антон Павлович Чехов, Николај Васиљевич Гогољ, Иван Тургенев, Лав Николаевич Толстој, Фјодор Михајлович Достоевски, Иван Александрович Гончаров, Алексеј Феофилактович Писемски, Николај Семјонович Лешков и други. Толстој и Достоевски од гледна точка на книжевни критичари биле определени како најголемите писатели на векот.[90][91]
Кон крајот на XIX век, руската литература започнала да се променува. Кратките прози и поезии станале доминантни жанрови во руската литература во следните неколку децении. Овој период од историјата на руската литература е познат и како Сребрен врк на руската поезија. За разлика од претходниот период каде реализмот бил главна одлика, во периодот од 1893 до 1913 госина, руската книжевност паднала под силно влијание на симболиката. Најпознати писатели од тој период се Валериј Брусов, Андреј Бели, Вјачеслав Иванов, Александар Блок, Николај Гумилев, Дмитриј Мерезковски, Фјодор Сологуб, Ана Ахматова, Осип Мандељштам, Марина Цветаева, Леонид Андрејев, Иван Буњини и Максим Горки.
По руската револуција од 1917 година, рускиот културен живот во голем степен се променил или пак бил претворен во хаос. Некои истакнати и познати писатели од тој период, како Иван Буњини и Владимир Набоков ја напуштиле земјата, додека пак новата генерација на млади талентирани писатели се приклучиле кон различни организации со цел создавање на една нова културна книжевност проследена со новиот режим во склопот на Советскиот Сојуз. Во текот на 1920-тите, писателите уживале широка толеранција. Во 1930-тите, објавувањето на новите книжевни дела било затегнато со оглед на доаѓањето на власт на Јосиф Сталин и неговата социјалистичка политика и режим. Голем број на писатели биле затворани и прогонувани во тој период. По неговата смрт, ограничувањата биле отфрлени за да во 1970-тите и 1980-тите истите бидат игнорирани. Од најпознатите водечки писатели од оваа ера, најмногу се издвојуваат: Евгениј Земјатин, Исак Бабел, Владимир Мајаковски, Илф и Петров, Јуриј Олеша, Михаил Булгаков, Борис Пастернак, Михаил Шолохов, Александар Солженицин, Андреј Вознесенски и други.
Кино, анимација и медија
[уреди | уреди извор]Русија исто така има голема традиција и во погед на анимацијата која започнала по крајот на руската империја. Поголемиот дел од руските анимирани филмови биле создадени во текот на советската ера, кога Coјузмултфилм бил најголемиот производител на анимација. Како најпознати аниматори од тоа време во Русија се: Иван Иванов Вано, Фјодор Китрук и Александар Татарски. Најпознати анимирани филмови од тоа време се Чебурашка, Ну, погоди! и други.
Русија била меѓу првите земји во светот кои го вовеле радиото и телевизијата. Во текот на советската ера во Русија имало само неколку канали кои биле прикажувани преку овие два медиума. Но изминативе две децении се отвориле голем број на државни и приватни медиуми. Глас руски (руски: Голос России) е едно од најстарите радија во земјата. Најпознати телевизии се: Првиот канал (руски: Первый канал) кој опфаќа 98% од целата руска територија, Русија 1 (руски: Россия 1), ТВ Центар (руски: ТВ Центр) итн.
Модерна култура
[уреди | уреди извор]По распаѓањето на СССР, во Русија, главно под влијание на западноевропската култура и музика, започнал да се развива еден нов жанр на музика кој претходно бил сосема непознат и недостапен на музичката естрада. Можеби најпопуларната музика во моментот во Русија е поп-музиката заедно со Рокенрол|рокенролот и хеви металот. Санкт Петербург (поранешен Ленинград), Екатеринбург (поранешен Свердловска) и Омск биле трите главни центри на рок-музиката. Најпопуларни руски групи се: Машина времени, ДДТ, Аквариум, Алиса, Кино, Арија, Граѓанска одбрана, Сплин и други. Како една од најпопуларните групи кои имаат меѓународно признание е музичката група Тату во Западна Европа и Витас.
Спорт
[уреди | уреди извор]Олимпијада
[уреди | уреди извор]Русите се едни од најуспешните спортисти во светот, кои секогаш се наоѓале на самиот врв од вечната список на ВТА организирана од Олимписките игри. Доколку се признаат медалите кои СССР ги освоил, и се префрлат на нејзината наследничка Русија, таа на вечната ранг листа е на второ место по бројот на златни медали на Летните олимписки игри и прва на Зимските олимписки игри. За време на советската ера, националниот олимписки тим настапил 18 пати и бил најуспешен тим во историјата на спортот. Од Летните олимписки игри во 1952 година, земјата постојано била рангирана на првите три места според бројот на освоени медали. Гимнастика, атлетика, кревање тегови, борење, бокс, мечување, стрелање, шах, уметничко лизгање се спортовите во кои СССР и Русија имаат освоено најмногу медали. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, руските спортисти продолжиле со својата доминација во овие спортови. Земјата била организатор на Летните олимписки игри во 1980, кои се одржале во престолнината Москва, а освен тоа во 2014 година ќе бидат организатори на Зимските олимписки игри во 2014 година, кои ќе се одржат во Сочи.[92]
Советскиот Сојуз најмногу како спорт доминирал со гимнастиката. Како најпознати спортисти од тоа време се издвојуваат Лариса Латинина која моментално сѐ уште го држи рекордот според бројот на освоени олимписки медали. Доминацијата во гимнастиката продолжила и по распадот на Советскиот Сојуз. Најголеми спортистки од оваа категорија денеска се издвојуваат Алина Кабајева, Ирина Чашчина и Евгенија Канаева. Русија е најдобра и во синронизирано пивање, каде скоро сите медали повеќе од една деценија и припаѓаат токму нејзе. Уметничкото лизгање исто така е многу популарен спорт во Русија. Во 1960-тите, Советскиот Сојуз бил доминантен во таа категорија.
Руските спортисти заклучно со 2009 година имаат освоено вкупно 399 медали на олимпијадите, од кој 323 на летните и 76 на Зимските олимписки игри.
Како Советскиот Сојуз, така и денешна Русија е позната по кошарката, освојувајќи различни олимписки турнири, европски и светски првенства. Неколку руски кошаркари настапуваат во најсилната кошаркарска лига на светот, НБА. Како најпознат руски кошаркар во денешницата е Андреј Кириленко кој настапува за Јута Џез. Во 2007 година, Русија победила на Европското првенство во кошарка. Најпознат кошаркарски клуб е КК ЦСКА Москва која во 2006 и 2008 година го освоила купот на Евролига и УЛЕБ купот.
Иако спортот хокеј на мраз во земјата бил воведен во советската ера, сепак репрезентацијата многу бргу станала една од најсилните во светот, освојувајќи злото на речиси сите олимпијади и светски првенства. Најпознати руски играчи се Валери Кармалов, Сергеј Макаров, Вјечеслав Фетисов, и Владислав Третиак, и истите се избрани во Тимот на векот според IIHF [93] Како и кај другите спортови, така и хокејот на мраз по распаѓањето на Советскиот Сојуз дошол до голем пад. Златен медал руските спортисти немале освоено дури 15 години. Во тоа време, голем дел од руските играчи својата кариера ја направиле во НХЛ лигата. Во последните неколку години Русија повторно се наоѓа на врвот како една од најголемите сили во тој спорт, главно поради освојувањето на златни медали во 2008 и 2009 година. Во 2008 година била основана КХЛ лига, како најсериозен конкурент на НХЛ лигата.
За време на советската ера, Русија исто така била конкурентна и во фудбалот како спорт. И покрај тоа што располагала со фантастични играчи, СССР никогаш всушност не успеала да завладее како најголема светска сила во тој спорт на меѓународната сцена. На ЕВРО 1960, СССР го освоила златниот медал, а во 1988 била финалист. Заедно со хокеј на мраз и кошарката, фудбалот е еден од најпопуларните спортови во земјата. Во последните години, рускиот фудбал се движи во нагорна линија. Најпознати клубови од Русија се ЦСКА Москва, ФК Зенит, ФК Локомотив итн. Можеби најпознатиот руски фудбалер во моментот е Андреј Аршавин кој настапува за англискиот премиерлигаш Арсенал.
Национални симболи и празници
[уреди | уреди извор]Во Руската федерација, денес има осум државни празници. Нова Година е првиот празник според календарот. Новогодишните празници заедно со големиот христијански празник Божик се одбележува традиционално како и во останатиот свет во Западна Европа преку поставување новогодишна елка и поклонување на подароци. Православниот Божик се прославува на 7 јануари според јулијанскиот календар. Освен Божик, христијански празници се и Велигден и Света Недела, кои се празнуваат во денот недела.
Други државни празници се: Денот на одбрана на татковината (23 февруари), Меѓународниот ден на жената (8 март), Меѓународен ден на трудот (1 мај), Ден на победата над фашизмот (9 мај); Државен празник на Русија (12 јуни), Ден на народно единство (4 ноември).
Туризам
[уреди | уреди извор]Туризмот во Русија бележи раст по крајот на советската ера. Денес, земјата располага со едни од најголемите туристички одредишта на светот. Русија има 23 објекти кои се вклучени во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО, како и многу кои чекаат да бидат вклучени.[94]
Најголеми и најпопуларни туристички одредишта во Русија се градовите Москва и Санкт Петербург, како поранешни престолнини на големи империи и големи клултурни центри во светот. Најпознати туристички атракции се: Третјаковската галерија и Ермитаж, црквите Свети Василиј, Исус Христос Спасителот и Свети Исак, Црвениот плоштад, Палас плоштад и многу други.
Русија како мотив во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Русија како мотив во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Руска бајка“ — песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[95][96]
- „Русија Советска“ — песна на рускиот поет Сергеј Есенин од 1924 година.[97]
- „На Русија“ (России) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1915 година.[98]
- „Јас и Русија“ — песна на рускиот поет Велимир Хлебников од 1921 година.[99]
Русија како мотив во музиката
[уреди | уреди извор]- „Русија“ — симфониска поема на рускиот композитор Милиј Балакирјев од 1864 година.[100]
- „Лезбејките на Русија“ (англиски: Lesbians Of Russia) — песна на американската рок-група Бонгвотер (Bongwater) од 1988 година.[101]
- „Русија“ — песна на српската рок-група Идоли.[102]
- „Ракета кон Русија“ (англиски: Rocket to Russia) — албум на американската панк-рок група Рамоунс (Ramones) од 1977 година.[103]
- „Доминион / Мајка Русија“ (англиски: Dominion / Mother Russia) — песна на британската рок-група Систерс оф мерси (The Sisters Of Mercy) од 1987 година.[104]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Варијанти на Грбот на Руската Федерација:
- ↑ Устав на Русија
- ↑ се смета дека основоположникот Рурик дошол во 862 г., па затоа оваа година важи за почеток на руската држава (Указ Президента РФ "О праздновании 1150-летия зарождения российской государственности" Архивирано на 14 јули 2014 г.); Во 882 г. на власт дошол Олег Вештиот.
- ↑ Regions of Russia. Social and economic indicators 2015 Архивирано на 9 април 2016 г. Russian Federal State Statistics Service
- ↑ Вклучувајќи ги Република Крим и Севастопол
- ↑ февруари 1/010000R „The Russian federation: general characteristics“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). Federal State Statistics Service. Архивирано од изворникот 2011-07-28. Посетено на 5 April 2008. - ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 „Report for Selected Countries and Subjects“. www.imf.org.
- ↑ „Income Gini coefficient“. Human Development Reports (Source: World Bank 2013). UNDP. Архивирано од изворникот на 2010-06-10. Посетено на 26 August 2015.
- ↑ „2015 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2015. Посетено на 14 December 2015.
- ↑ Belinskij, Andrej; H. Härke (March–April 1999). „The 'Princess' of Ipatovo“. Archeology. 52 (2). Архивирано од изворникот на 2008-06-10. Посетено на 2007-12-26.
- ↑ Gocha R. Tsetskhladze (ed), The Greek Colonisation of the Black Sea Area: Historical Interpretation of Archaeology, F. Steiner, 1998, p. 48. ISBN 3-515-07302-7.
- ↑ Peter Turchin, Historical Dynamics: Why States Rise and Fall, Princeton University Press, 2003, pp. 185–186. ISBN 0-691-11669-5.
- ↑ David Christian, A History of Russia, Central Asia and Mongolia, Blackwell Publishing, 1998, pp. 286–288. ISBN 0-631-20814-3.
- ↑ For a discussion of Slavic origins, see Paul M. Barford, The Early Slavs, Cornell University Press, 2001, pp. 15–16. ISBN 0-8014-3977-9.
- ↑ 15,0 15,1 David Christian, op cit., pp. 6–7.
- ↑ See, for instance, Viking (Varangian) Oleg and Viking (Varangian) Rurik at Енциклоепдија Британика.
- ↑ Dimitri Obolensky, Byzantium and the Slavs, St Vladimir's Seminary Press, 1994, p. 42. ISBN 0-88141-008-X.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 18,5 18,6 18,7 Excerpted from Glenn E. Curtis (ed.) (1998). „Russia: A Country Study: Kievan Rus' and Mongol Periods“. Washington, D.C.: Federal Research Division of the Library of Congress. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 20 July 2007.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ James Westfall Thompson, and Edgar Nathaniel Johnson, An Introduction to Medieval Europe, 300–1500, W. W. Norton & Co., 1937, p. 268.
- ↑ David Christian, Op cit. p. 343.
- ↑ Particularly among the aristocracy. See World History Архивирано на 18 јули 2007 г.. Retrieved 22 јули 2007.
- ↑ See The Christianisation of Russia Архивирано на 27 јули 2007 г., an account of Vladimir's baptism, followed by the baptism of the entire population of Kiev, as described in The Russian Primary Chronicle.
- ↑ In 1240. See Michael Franklin Hamm, Kiev: A Portrait, 1800–1917, Princeton University Press, 1993. ISBN 0-691-02585-1
- ↑ „The Tatar Khanate of Crimea“. Архивирано од изворникот на 2017-11-08. Посетено на 2009-12-14.
- ↑ Janet Martin, Medieval Russia, 980–1584, Cambridge University Press, 1995, p. 395. ISBN 052136832.
- ↑ Borisenkov E, Pasetski V. "The thousand-year annals of the extreme meteorological phenomena", ISBN 5-244-00212-0, p.190
- ↑ George Vernadsky, "A History of Russia", Volume 5, Yale University Press, (1969). Russian translation
- ↑ Mikolaj Marchocki "Historia Wojny Moskiewskiej", ch. "Slaughter in the capital", Russian translation
- ↑ Sergey Solovyov. History of Russia... Vol. 8, p. 847
- ↑ Chester S L Dunning, Russia's First Civil War: The Time of Troubles and the Founding of the Romanov Dynasty, p. 434 Penn State Press, 2001, ISBN 0-271-02074-1
- ↑ Troubles, Time of." Encyclopædia Britannica. 2006
- ↑ Pozharski, Dmitri Mikhailovich, Prince Архивирано на 11 декември 2008 г.", Columbia Encyclopedia
- ↑ 33,0 33,1 Петар Велики. Создавање на Руската имоерија. -{www.znanje.org}-
- ↑ „History“. Parallel 60. Архивирано од изворникот на 2018-02-01. Посетено на 2007-07-23.
- ↑ Riasonovsky A History of Russia (fifth ed.) pp.302-3; Charques A Short History of Russia (Phoenix, second ed. 1962) p.125
- ↑ Riasonovsky p.302-307
- ↑ Riasonovsky p.324
- ↑ See Norman Davies: God's Playground: A History of Poland (OUP, 1981) vol. 2, pp.315-333; and 352-63
- ↑ Riasonovsky pp.386-7
- ↑ Riasonovsky p.349
- ↑ Orthodoxy, Autocracy, and Nationality, Encyclopædia Britannica
- ↑ Hugo S. Cunninggam, Konstantin Petrovich Pobedonostsev (1827-1907): Reactionary Views on Democracy, General Education. Retrieved 21 јули 2007.
- ↑ Robert F. Byrnes, "Pobedonostsev: His Life and Thought" in Political Science Quarterly, Vol. 85, No. 3 (September, 1970), pp. 528–530.
- ↑ Arthur E. Adams, "Pobedonostsev's Religious Politics" in Church History, Vol. 22, No. 4 (December, 1953), pp. 314–326.
- ↑ 45,0 45,1 The Last Years of the Autocracy, excerpted from Glenn E. Curtis (ed.), Russia: A Country Study, Department of the Army, 1998. ISBN 0-16-061212-8.
- ↑ Keegan, 139.
- ↑ 47,0 47,1 The Russian Revolution in the History Channel Encyclopedia.
- ↑ Richman, Sheldon (1981). „War Communism to NEP: The Road to Serfdom“ (PDF). The Journal of Libertarian Studies. 5 (1): 89–97.
- ↑ Gross, Jan Tomasz. Revolution from Abroad: The Soviet Conquest of Poland's Western Ukraine and Western Belorussia. Princeton: Princeton University Press, 2002. 2nd ed. ISBN 0-691-09603-1.
- ↑ Zaloga, Steven & Victor Madej. The Polish Campaign 1939. 2nd ed. New York: Hippocrene Books, 1991. ISBN 0-87052-013-X.
- ↑ Gilbert, Martin. The Second World War: A Complete History. 2nd ed. New York: Owl Books, 1991. ISBN 0-8050-1788-7.
- ↑ Thurston, Robert W. & Bernd Bonwetsch (ed.). The People's War: Responses to World War II in the Soviet Union. Urbana: University of Illinois Press, 2000. ISBN 0-252-02600-4.
- ↑ Clark, Alan. Barbarossa: The Russian-German Conflict, 1941-1945. New York: Harper Perennial, 1985. ISBN 0-688-04268-6.
- ↑ Beevor, Antony. Stalingrad, The Fateful Siege: 1942-1943. New York: Viking, 1998. ISBN 0-670-87095-1.
- ↑ Glantz, David M. & Jonathan M. House. When Titans Clashed: How the Red Army Stopped Hitler. Lawrence: University Press of Kansas, 1998. ISBN 0-7006-0717-X.
- ↑ Beevor, Antony. Berlin: The Downfall, 1945. 3rd ed. London: Penguin Books, 2004. ISBN 0-14-101747-3.
- ↑ Gaddis, John (1990). Russia, the Soviet Union, and the United States: An Interpretive History. McGraw-Hill. стр. 176. ISBN 0075572583.
- ↑ Mastny, Vojtech, Malcolm Byrne & Magdalena Klotzbach (eds.). Cardboard Castle?: An Inside History Of The Warsaw Pact, 1955-1991. Budapest: Central European University Press, 2005. ISBN 963-7326-08-1.
- ↑ Holloway, David & Jane M. O. Sharp. The Warsaw Pact: Alliance in Transition? Ithaca: Cornell University Press, 1984. ISBN 0-8014-1775-9.
- ↑ Holden, Gerard. The Warsaw Pact: Soviet Security and Bloc Politics. Oxford: Blackwell, 1989. ISBN 0-631-16775-7.
- ↑ „Nikita Sergeyevich Khrushchev“. CNN. Архивирано од изворникот на 2008-06-13. Посетено на 2007-07-22.
- ↑ "Cold War," A Dictionary of World History. Oxford University Press, 2000. Oxford Reference Online. Oxford University Press.
- ↑ 63,0 63,1 „Timeline: Soviet Union“. BBC. 2006-03-03. Посетено на 2007-07-22.
1991 25 декември - Gorbachev resigns as Soviet president; US recognises independence of remaining Soviet republics
- ↑ Peter Nolan, China's Rise, Russia's Fall. Macmillan Press, 1995. pp. 17–18.
- ↑ See Fairbanks, Jr., Charles H. 1999. "The Feudalization of the State". Journal of Democracy 10(2):47–53.
- ↑ „Russian president praises 1990s as cradle of democracy“. Johnson's Russia List. Посетено на 2007-07-20.
- ↑ Cities with over 1 million population Rosstat
- ↑ Cities with population between 500,000 and 1 million Rosstat
- ↑ „Russian Census of 2002“. 4 март Population by nationalities and knowledge of Russian; 4 април Spreading of knowledge of languages (except Russian). Federal State Statistics Service. Архивирано од изворникот на 2020-06-22. Посетено на 2008-01-16.
- ↑ „The Constitution of the Russian Federation“. (Article 68, §2). Посетено на 2007-12-27.
- ↑ „Russian“. University of Toronto. Архивирано од изворникот на 2007-01-06. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ Microsoft Encarta Online Encyclopedia 2007. „Russian language“. Архивирано од изворникот на 2007-12-16. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ „Russian language course“. Russian Language Centre, Moscow State University. Архивирано од изворникот на 2016-02-05. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ Microsoft Encarta Online Encyclopedia 2007. „Russia“. Архивирано од изворникот на 2008-01-09. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2011-08-11. Посетено на 2009-11-07.
- ↑ Russia
- ↑ 77,0 77,1 „Опубликована подробная сравнительная статистика религиозности в России и Польше“. religare.ru. 6 June 2007. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ „Fact Box: Muslims In Russia“. Radio Free Europe. Архивирано од изворникот на 2008-03-04. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ Page, Jeremy. „The rise of Russian Muslims worries Orthodox Church“. The Times. Архивирано од изворникот на 2011-08-11. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ „Predicting a Majority-Muslim Russia“. 2005-08-06.
- ↑ „Russia's Islamic rebirth adds tension“. Financial Times. Архивирано од изворникот на 2007-11-21. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ Mainville, Michael (19 ноември 2006). „Russia has a Muslim dilemma“. Page A - 17. San Francisco Chronicle. Архивирано од изворникот на 2012-05-13. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ Nettleton, Steve. „Prayers for Ivolginsky“. CNN. Архивирано од изворникот на 2001-11-22. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ Президент Российской Федерации. Указ №849 от 13 мая 2000 г. «О полномочном представителе Президента Российской Федерации в федеральном округе». Вступил в силу 13 мая 2000 г. Опубликован: "Собрание законодательства РФ", №20, ст. 2112, 15 мая 2000 г. (Претседател на Руската Федерација. Указ #849 од 13 мај 2000 г. „За полномошниот претставник на Претседателот на Руската Федерација во федерален округ“. Стапил на сила 13 мај 2000).
- ↑ Russian chechotka Архивирано на 27 август 2011 г. (руски)
- ↑ Norris, Gregory; ed. Stanley, Sadie (1980). The New Grove Dictionary of Music and Musicians, 2nd edition. London: MacMillian. стр. 707. ISBN 0333231112.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Russia::Music“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 5 October 2009.
- ↑ „Russian literature“. Encyclopedia Britannica. Посетено на 2008-04-11.
Dostoyevsky, who is generally regarded as one of the supreme psychologists in world literature, sought to demonstrate the compatibility of Christianity with the deepest truths of the psyche.
- ↑ Kelly, C (2001). Russian Literature: A Very Short Introduction (Very Short Introductions) (Paperback). Oxford Paperbacks. ISBN 0192801449.
- ↑ „Russian literature; Leo Tolstoy“. Encyclopedia Britannica. Посетено на 2008-04-11.
- ↑ Otto Friedrich. „Freaking-Out with Fyodor“. Time Magazine. Архивирано од изворникот на 2012-11-03. Посетено на 2008-04-10.
- ↑ http://www.sekojden.com.mk/pdf/130.pdf[мртва врска]
- ↑ IIHF Centennial All-Star Team
- ↑ Tentative Lists
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 218.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 47.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 170-173.
- ↑ Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 77-78.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 17.
- ↑ Mily Balakirev - Russia, symphonic poem (1864) (пристапено на 5.2.2024)
- ↑ DISCOGS, Bongwater – Double Bummer (пристапено на 30 јуни 2021)
- ↑ Idoli, Hi-Fi Centar, CDD 10109, 1996.
- ↑ Discogs, Ramones – Rocket To Russia (пристапено на 13 септември 2019)
- ↑ DISCOGS, The Sisters Of Mercy – Floodland (пристапено на 22 септември 2019)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Руска реч“ Архивирано на 8 март 2014 г. - портал за руски новости, руска култура и руско-македонските односи на македонски јазик (македонски)
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|
|
|
|