Прејди на содржината

Сарај (населба)

Координати: 42°0′0″N 21°19′40″E / 42.00000° СГШ; 21.32778° ИГД / 42.00000; 21.32778
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сарај (село))

Оваа статија се однесува на скопското село Сарај. За селото Сарај во Општина Босилово, видете Сарај (Струмичко).

Сарај
Сарај во рамките на Македонија
Сарај
Местоположба на Сарај во Македонија
Сарај на карта

Карта

Координати 42°0′0″N 21°19′40″E / 42.00000° СГШ; 21.32778° ИГД / 42.00000; 21.32778
Општина  Сарај
Население 6.265 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1066
Шифра на КО 25916
Надм. вис. 268 м
Сарај на општинската карта

Атарот на Сарај во рамките на општината
Сарај на Ризницата

Сарајнаселба во Скопје. Сарај е административно седиште на истоимената општина и е поранешно село. Откако Сарај се здобил со статус на градска населба, Сарај претставува најзападниот дел на Скопје. Во рамки на Општина Сарај, населбата Сарај е единството населено место кое е дел од Скопје, а сите останати населени места во Општина Сарај, кои имаат рурален статус како села, не се составен дел од населеното место Скопје, туку се само дел од административната единица Град Скопје.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Скопското Поле, помеѓу реките Вардар на север и Треска на југ. Преку Вардар, Сарај граничи со населбата Дексион.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано со името Хусеин Шах и било мешано со христијанско и муслиманско население. Имало 20 христијански домаќинства и 2 муслимански. На овој попис биле забележани 49 мажи христијани, со 6 новороденчиња и 9 мажи муслимани без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 120 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 161 жител.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Сарај живееле 50 Македонски христијани и 30 Цигани[3]. Според податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сарај имало 80 Македонски егзархисти.

Во 1913 година, во селото биле евидентирани 123 жители (заедно со Љубин). Било дел од Општина Бардовци.[4]

Како село со нејасно население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[5]

Според податоците на Афанасиј Селишчев во 1929 година селото било македонско, христијанско.[6]

За селото Сарај, Јордан Хаџи Константинов - Џинот забележал дека било „престоло на некого Усеин Шаха“ и дека и во тоа време биле видливи остатоците од историското минато.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци, 100 Албанци и 50 други.[8]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948327—    
1953565+72.8%
19611.015+79.6%
1971—    
1981—    
ГодинаНас.±%
1991—    
1994—    
20025.232—    
20216.265+19.7%

Во 1961 година биле забележани 1.015 жители, а на пописот од 2002 година, селото има 5.232 жители, од кои 4.294 Албанци, 578 Македонци, 213 Роми, 12 Срби, 15 Турци, 78 Бошњаци и 42 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6.265 жители, од кои 307 Македонци, 5.379 Албанци, 11 Турци, 167 Роми, 4 Срби, 73 Бошњаци, 1 останат и 323 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 80 80 327 565 1.015 5.232 6.265
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Сарај е мешано село.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

Македонски

  • Андоновци (2 к.) доселени се од блиското село Шишево.
  • Велковци (3 к.) доселени се, но не знаат точно од каде.
  • Филиповци (1 к.), Тортевци (1 к.) и Пачовци (1 к.) доселени се од мијачкото село Галичник.
  • Богдановци (1 к.) и Атанасковци (1 к.) доселени се од селото Мралино.
  • Димовци (1 к.) доселени се од селото Бардовци.
  • Бојковиќи (1 к.) доселени се од селото Чучер-Сандево.
  • Радичеви (1 к.) доселени се од селото Рамне во Порече.
  • Стојковци (1 к.) доселени се од Скопје. Во нивниот род имало и некој Словенец, домазет.
  • Несторови (1 к.) доселени се од селото Беличица во Горна Река.
  • Чмовш (1 к.) доселени се од Русија.

Албански

  • Врескало (5 к.) доселени се во 1918 година од селото Грчец. Таму биле староседелци.
  • Арцика (1 к.) доселени се од селото Грчец. Таму биле доселени од Албанија, или пак Горна Река.
  • Укалар (2 к.) доселени се од селото Грчец. Таму имале истоимени роднини.
  • Арун (1 к.) доселени се од селото Нерези. А таму биле доселени од Албанија.

Турски

  • Муртезан (4 к.) доселени биле од Скопје. Овде се населиле на имотите на иселените македонски родови.

Ромски

  • Шаиновци (2 к.), Синановци (2 к.), Незир (1 к.), Кадрија (1 к.), Рамадан (1 к.), Ќерим (1 к.), Маљо (1 к.) и Весел (1 к.) они до 1940-тите не биле постојани жители на селото Сарај. Нивното потекло е непознато.[15]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Црквата „Св. Злата Мегленска“ во Сарај

Личности

[уреди | уреди извор]

Личности родени во Сарај:

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  3. Ромите биле заведени под терминот Цигани.
  4. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  5. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  6. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  7. „Војната донесе пруга, а железничарите населба“, Публика - неделен политички прилог, број 300, сабота, 24 септември 2016, стр. 2-3.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]