Словио е пишан и устен вештачки јазик што го создал јазичарот Марк Хучко. Словио е меѓународен помошен јазик сè со цел за подобра комуникација и разбирање на словенските јазици меѓусебно. Граматичките правила на словио се слични со оние на есперанто со унифицирани именки, придавки и глаголи. Меѓутоа, зборовниот фонд на јазикот е создаден од зборови што се заеднички за сите словенски јазици. Името му доаѓа од зборот слово од старословенски јазик и значи збор. До 2005 година зборовниот фонд на словио се движел околу 30.000 зборови.
Cornelia Mannewitz: Sprachplanung im Internet. Das Projekt Slovio. In: Fiedler, Sabine (Hg.): Esperanto und andere Sprachen im Vergleich. Beiträge der 18. Jahrestagung der Gesellschaft für Interlinguistik e. V., 21. - 23. Nov. 2008, in Berlin. S. 157 - 164
Tilman Berger, [1]Архивирано на 31 октомври 2013 г. Panslavismus und Internet, 2009, pp. 25–29, p. 33. (German)
Katherine Barber, [2]Архивирано на 7 јуни 2010 г. "Old Church Slavonic and the 'Slavic Identity'". [3] University of North Carolina at Chapel Hill.