Прејди на содржината

Западнословенски јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Западнословенски јазици
Географска
распространетост:
Централна Европа
Класификација:индоевропски
Гранки:
ISO 639-5:zlw

Распространетост на западнословенските јазици и дијалекти.
Јазично стебло на словенските јазици.

Западнословенските јазици се подгрупа на словенските јазици. Западнословенски јазици се:

Карактеристики

[уреди | уреди извор]

Некои карактеристики на западнословенските јазици, кои потекнуваат од периодот кога тие се одделиле од источнословенските и јужнословенските јазици во периодот од околу 3 до 6 век (а некои помеѓу 6 и 10 век[1]), се следниве:[2]

  • Развој на прасловенските *tj, *dj во палатизирани ts, (d)z, на пр во полски/чешки/словачки noc („ноќ“);
  • Чување на групите kv, gv како на пр. во полски kwiat („цвет“); gwiazda („ѕвезда“);
  • Чување на tl, dl, како на пр. во полски/словачки/чешки radło/radlo/rádlo (споредено со македонски рало);
  • Палатизирано h преминало во š, на пр. во полски musze (локатив од mucha, „мува“);
  • Тенденција за фиксен акцент (на првиот слог во чешки и словачки и на вториот слог од крајот на зборот во полскиот јазик);

Историја

[уреди | уреди извор]

Кај западните Словени во Средниот век латинскиот ја вршеше онаа функција на писмен јазик што кај другите Словени ја имаше црковнословенскиот јазик. Народните јазици почнаа постепено да се афирмираат во писменоста, главно откај 14 век, преземајќи ја во прво време само функцијата на нискиот стил спрема латинскиот којшто го задржуваше своето место на јазик на високата култура. Нов тласок за развојот на писмени јазици на народна основа даде Реформацијата со сите познати последици и коренити поместувања што ги предизвика. Два словенски литературни јазика се афирмираа најрано и најполно во западната сфера – полскиот и чешкиот.[3]

Полскиот литературен јазик, чии почетоци одат најрано до 13–14 век, единствен меѓу современите словенски литературни јазици има непрекинат континуитет оттогаш па до денеска. Бидејќи тој е изграден поодамна, не е така проѕирна во него неговата првобитна дијалектна основа, како во помладите словенски литературни јазици. Сè уште се водат спорови дали таа основа ја дале малополските или великополските дијалекти.[3]

Библијата од Кралице

Чешкиот литературен јазик, афирмиран меѓу 14 и 17 век, особено со дејноста на хуситското движење, имаше еден период на големо отстапување по поразот на хуситите на Бела Гора во 1620 г. Кога во крајот на 18 и во почетокот на 19 век почна национално раздвижување во Чешка, задачата на јазичниот план не се состоеше во тоа да се создава нов литературен јазик на дијалектна основа што треба допрва да се афирмира, ами таа се состоеше во тоа да се соживи и доразвие оној облик на писмениот јазик што беше веќе изграден во минатото.[3]

Покрај чешкиот во првата половина на 19 век почнал да се афирмира постепено и словачкиот литературен јазик. Но уште доста време меѓу самите Словаци ќе има извесно колебање во поглед на литературниот јазик. Така Јан Колар и Павел Јозеф Шафарик, највидните културни и книжевни работници излезени во тоа време од словачката средина, го застапуваа гледиштето дека треба да се создаде единствен литературен јазик за Чесите и Словаците. Меѓутоа, натамошниот развиток го демантира тоа становиште и доведе до афирмацијата на самостоен словачки литературен јазик.[3]

  1. Sussex & Cubberley 2006, стр. 58.
  2. Zenon Klemensiewicz, Historia języka Polskiego, 7th edition, Wydawnictwo naukowe PWN, Warsaw 1999. ISBN 83-01-12760-0
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Конески 1968.

Литратура

[уреди | уреди извор]
  • Sussex, Roland; Cubberley, Paul (2006). The Slavic Languages. Cambridge University Press. ISBN 9780521223157.
  • Конески, Блаже (1968), Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици, „Култура“ - Скопје