Прејди на содржината

Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (стара)

Координати: 41°05′09.4″N 21°43′08.3″E / 41.085944° СГШ; 21.718972° ИГД / 41.085944; 21.718972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Старавинска
Местоположба

Карта

Координати 41°05′09.4″N 21°43′08.3″E / 41.085944° СГШ; 21.718972° ИГД / 41.085944; 21.718972
Место Старавина
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Завршено 1860
Архитектонски опис

Свети Атанасиј – манастирска црква на Старавинскиот манастир.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1860 година.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата. Над влезот на црквата има ниша со застаклена фреска на Свети Атанасиј. На ѕидовите во припратата има врамени слики на коишто се прикажани: Преображението Христово, Свети Атанасиј, Богородица со Исус и Исус. Објектот е обоен во бела боја со ниско кафеаво цокле, а покриен е со кров од ќерамиди.

Внатрешноста на црквата не е зографисана, но е богата со бројни икони. Ѕидовите се обоени во сина боја со сиво цокле, а во нивните горни делови се закачени петокраки ѕвезди, што ја симболизира небесната шир. Иконостасот содржи еден ред икони над ѓаконските порти и царските двери. Лево од царските двери се прикажани Архангел Михаил и Богородица со Исус, додека од десната страна се Исус и Свети Јован Крстител. Во горниот ред икони од лево кон десно се претставени: Свети Ѓорѓи, Света Недела, Свети Антониј, Свети Лука, Свети Никола, Богородица Марија, Исус Христос, Свети Јован Крстител, Свети Петар, Свети Илија, Света Петка, Свети Василиј и Свети Димитриј. Во црквата има се наоѓа и дрворез на којшто е прикажан Свети Ѓорѓи како ја убива ламјата.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Старавина, Мариово – откријте ја приказната за Калеш Анѓа“. Оф Роуд - Македонија.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]