Прејди на содржината

Турчели

Координати: 41°15.49′N 23°11.35′E / 41.25817° СГШ; 23.18917° ИГД / 41.25817; 23.18917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Турчели
Θρακικό
Турчели is located in Грција
Турчели
Турчели
Местоположба во областа
Турчели во рамките на Синтика (општина)
Турчели
Местоположба на Турчели во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°15.49′N 23°11.35′E / 41.25817° СГШ; 23.18917° ИГД / 41.25817; 23.18917
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаПетрич
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно83
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Турчели (Тузчели или Тусчели, грчки: Θρακικό, Тракико; до 1927 г. Τουρτσελή, Турцели[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во јужното подножје на Беласица, на север од Бутковското Езеро. Лажи 8 км источно од Ветрен и практично е споемно со селото Рамна.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тусчили (Toustchili) било село во Серската каза со 86 домаќинства сочинети од 208 муслимани.[4]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Тузчели, на З од Џумаја, отаде Струма до езерото. Почва богата; местоположба на рамно поле, кое се напојува од излевањето на Струма. Околното поле, кое исто така се нарекува „Тузчели“, многу страда од поплави: Струма често си ја менува матката, па прави пустоши. 70 куќи турски. И името на селото е турски значи „Солено“ поради тоа. Според едно месно предание, морето било до тука, па селото било на брегот и вадело сол. И сега покажуваат еден вековен даб на кој има железна алка; на неа ги врзувале чамците. Ова предание го предавам само за љубопитство. Најверојатното толкување што може да му се даде е дека тука во незапаметено време некако се добивало сол.[5]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Поради војните, во истата 1913 г. населението спаднало на 208 жители, а во 1920 (по Првата светска војна) на 101 жител.[3] Во 1924 г. жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти од Тракија. Во 1927 г. селото преименувано во Тракико, во превод тракиско. На пописот од 1928 г. Турчели е претставено како чисто дојденско село со 234 лица (54 семејства).[6]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 162 190 241 132 120 151 122 95
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 210. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 851.
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012