Прејди на содржината

Фатмир Бесими

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фатмир Бесими
Министер за финансии
На должноста
31 август 2020 – 24 јуни 2024
Претседател Зоран Заев
Димитар Ковачевски
Претходник Нина Ангеловска
Наследник Гордана Димитриеска Кочоска
Вицепремиер за евроинтеграции
На должноста
18 февруари 2013 – 5 април 2016
Претседател Никола Груевски
Претходник Теута Арифи
Наследник Фестим Халили
Министер за одбрана
На должноста
28 јули 2011 – 18 февруари 2013
Претседател Никола Груевски
Претходник Зоран Коњановски
Наследник Талат Џафери
Министер за економија
На должноста
28 јули 2008 – 28 јули 2011
Претседател Никола Груевски
Претходник Вера Рафајловска
Наследник Ваљон Сараќини
Министер за економија
На должноста
17 декември 2004 – 28 јули 2006
Претседател Владо Бучковски
Претходник Стевче Јакимовски
Наследник Вера Рафајловска
Лични податоци
Роден(а) 18 ноември 1975(1975-11-18)(49 г.)
Тетово, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонски Албанец
Партија ДУИ
Вероисповед ислам

Фатмир Бесими (18 ноември 1975 во Тетово) — македонски политичар од албанска народност.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Основното и средното образование ги завршил во родното Тетово, а на Економскиот факултет во Скопје во 1998 година дипломирал на отсекот Економија - финансии и банкарство. Последипломските студии ги завршил на Универзитетот Стартфордшир, Стоуконтрент во Обединетото Кралство, а со одбраната на дисертацијата на тема „Монетарна политика и политика на девизен курс во Република Македонија при процесот на пристапување кон Европската Унија“, во 2007 година станал доктор по економски науки.

За време на своето школување е стипендист на Фондот за талентирани студенти, на Министерството за образование на Република Македонија, како и корисник на заедничката стипендија на Унивезитетот Стафордшир, и Институтот „Отворено општество“, Унгарија.

Бесими во текот на образовната постапка завршил и голем број професионални курсеви и обуки, меѓу кои и на „водачка програма за одржлив развој“ на Светска Банка и [[Кембрички универзитет |Универзитетот во Кембриџ]] & PWC, Кембриџ, Обединетото Кралство, „Анализа на трошоците и приходите“ и „Политики за трговија и конкурентност“, Светска Банка, Вашингтон, „Економски раст - ирското искуство“, Даблин, „Економетриски модели-економетриски аспекти“, Скопје (стручњаци од Федералните резерви, Соединетите Држави), надзор на централната банка врз финансиските пазари, септември 2001, „Банка за меѓународни порамнувања“, ЈВИ, Виена и други.

Бесими веќе вторпат бил на чело на ресорот економија. Првиот пат во периодот до декември 2004 до јули 2006 и сега, од август 2008, како член на владиниот кабинет на премиерот Груевски. Во меѓувреме работел како економист во канцеларијата на Светска Банка во Косово. Во периодот од мај 2001 до октомври 2002 бил на вицегувернерската позиција во Народна Банка на Република Македонија, а дел од своето професионално работно искуство го надградувал и како директор на ЈП „Аеродромски услуги Македонија“, во Стопанска банка АД Скопје, филијала во Тетово и како претседател на управниот одбор на Асоцијацијата за модерна економија (АМЕ) во Тетово.

Што се однесува до останатите професионални активности, вредни за споменување се академските ангажмани на постдипломските курсеви (напредна економија) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на курсевите за модерни науки (современо банкарство) на Универзитетот РИИВЕСТ во Приштина, како наставен кадар на Факултетот за економија на државниот Универзитет во Тетово, додипломски курсеви (пари и банкарство; меѓународна економија, економија), и како член на Сенатот на државниот универзитет во Тетово.

Меѓу професионалните членства се врбројуваат и: заменик гувернер (како министер за економија) на Република Македонија во Одборот на гувернери на Европската банка за обнова и развој, Лондон, Обединето Кралство, член на Економскиот совет на Владата на Република Македонија и член на советот за финансирање и развој на универзитетското образование во Република Македонија, како и советодавните активности за канцеларијата на Светска Банка во Косово, на состанокот на канцеларијата организиран во Грција.

Со создавањето на владата на 28 јули 2011, Бесими станал министер за одбрана на Република Македонија.[1] Албанскиот му е мајчин јазик, а одлично зборува англиски, македонски, хрватски и српски јазик, а се служи и со германскиот јазик.

  1. „Избрана новата Влада на Република Македонија“. Влада на РМ. 28 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 29 јули 2011.