Феликс Гросшартнер
Гросшартнер во 2019 година | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Феликс Гросшартнер | ||
Роден | 23 декември 1993 Велс, Австрија | ||
Висина | 1,84 м | ||
Маса | 64 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Бора-Хансгрое | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Аматерски клубови | |||
2011 | Горна Австрија | ||
Професионални клубови | |||
2012–2015 2015 2016–2017 2018- | РК Арбе-Велс-Гурметфајн Тинкоф-Саксо (стажант) ЦЦЦ-Спранди-Полковице Бора-Хансгрое | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 1 ноември 2022 |
Феликс Гросшартнер (германски: Felix Großschartner; р. 23 декември 1993) — австриски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Гросшартнер станал професионалец во 2012 година со екипата РК Арбе-Велс-Гурметфајн. Во 2016 година станал дел од професионалната континентална екипа ЦЦЦ-Спранди-Полковице. Со оваа екипа настапил на неговата прва голема трка: Џиро д’Италија 2017.[2]
Бора-Хансгрое (2018-денес)
[уреди | уреди извор]Во септември 2017 година, Гросшартнер потпишал договор да вози за екипата Бора-Хансгрое во сезоната 2018.[3] Во април 2019 година, Гросшартнер ја освоил својата прва етапна трка на Трката околу Турција, освојувајќи ја етапата која завршила на скијачки центар јужно од Картепе.[4][5] Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019.[6] Во август 2020 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс.[7] Го постигнал својот најдобар резултат на некоја голема трка подоцна во сезоната, завршувајќи на деветтото место во генералниот пласман на Вуелта а Еспања.[8] Повторно бил избран од Бора-Хансгрое како нивен главен фаворит за генералниот пласман за Вуелта а Еспања 2021 и завршил на десеттото место во генералниот пласман.[9]
Во 2022 година, Гросшартнер ги освоил своите први национални првенства, освојувајќи ги обете дисциплини друмската трка и хронометарот.[10]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2012
- 1. Етапа 1 (TTT) Трка Секлерланд
- 2013
- 10. Краен пласман Сиркуит де Арден
- 10. Краен пласман Мировна трка под 23 години
- 2014
- 3. Истарски пролетен трофеј
- 5. Трофео Банка Пополаре ди Виченца
- 2015
- 1. Трофео Банка Пополаре ди Виченца
- 1. Планински пласман Трка околу Австрија
- 3. Национално друмско првенство под 23 години
- 4. Рајфајзен гран при
- 5. Краен пласман Трка околу Горна Австрија
- 7. Џиро дел Белведере
- 8. Краен пласман Алп Изер Тур
- 8. Краен пласман Џиро дела Реџоне Фриули Венеција Џулија
- 1. Етапа 2
- 9. Краен пласман Истарски пролетен трофеј
- 10. ГП Изола
- 2016
- 4. Краен пласман Трка околу Хрватска
- 7. Краен пласман Трка околу Чешка
- 2017
- 3. Краен пласман Трка околу Австрија
- 4. Краен пласман Трка околу Хрватска
- 10. Краен пласман Трка околу Чешка
- 2018
- Национални првенства
- 2. Друмска трка
- 3. Хронометар
- 2. Краен пласман Трка околу Гуангси
- 7. Кантон Аргау
- 9. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 10. Краен пласман Париз-Ница
- 10. Трофео Сера де Трамунтана
- 2019
- 1. Краен пласман Трка околу Турција
- 1. Етапа 5
- 4. Краен пласман Тур де Романди
- 4. Краен пласман Трка околу Чешка
- 5. Краен пласман Трка околу Гуангси
- 5. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
- 8. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 2020
- 1. Етапа 1 Вуелта а Бургос
- 9. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 9. Краен пласман Париз-Ница
- 2021
- 1. Етапа 5 Трка на Алпите
- 4. Краен пласман Сетимана Чиклистика Италијана
- 10. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 2022
- Национални друмски првенства
- 7. Краен пласман Тур де Свис
Распоред на резултати
[уреди | уреди извор]Распоред на резултатите на големите трки | |||||||
Голема трка | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | 78 | 27 | — | — | 42 | — |
Тур | — | — | — | — | 63 | — | 53 |
Вуелта | — | — | — | 36 | 9 | 10 | |
Распоред на резултати на поголемите етапни трки | |||||||
Етапна трка | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
Париз-Ница | — | — | 10 | 12 | 9 | 73 | СО |
Тирено-Адријатико | не настапил во текот на својата кариера | ||||||
Волта а Каталуња | 92 | 18 | — | — | НСО | — | — |
Трка околу Баскија | — | — | 46 | — | — | СО | |
Тур де Романди | — | — | — | 4 | — | 28 | |
Критериум ди Дофине | — | — | — | 53 | 61 | — | — |
Тур де Свис | 28 | СО | — | — | НСО | — | 7 |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Bora - Hansgrohe“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
- ↑ „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 May 2017.
- ↑ „BORA - hansgrohe closes 2018 roster with the signing of Felix Großschartner“. Бора-Хансгрое. Denk Pro Cycling GmbH & Co. KG. 27 September 2017. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 23 January 2022.
- ↑ Long, Jonny (20 April 2019). „Felix Grossschartner claims stage five victory and overall lead in Tour of Turkey 2019“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 23 January 2022.
- ↑ Long, Jonny (21 April 2019). „Caleb Ewan wins Tour of Turkey stage six as Grossschartner claims overall victory“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 23 January 2022.
- ↑ „2019: 74th La Vuelta ciclista a España“. ProCyclingStats. Посетено на 23 август 2019.
- ↑ „107th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 27 August 2020.
- ↑ Bonville-Ginn, Tim (9 November 2020). „Vuelta a España standings: Final results from the 2020 race“. Cycling Weekly. Future plc. Посетено на 23 January 2022.
- ↑ Fletcher, Patrick (5 September 2021). „Primoz Roglic wins the Vuelta a España“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 23 January 2022.
- ↑ „Felix Großschartner und Christina Schweinberger fixieren Double mit Straßenerfolgen“ [Felix Großschartner and Christina Schweinberger fix double with road successes]. RadsportVerband.at (германски). Австриска велосипедска федерација. 26 June 2022. Посетено на 26 June 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Феликс Гросшартнер“ на Ризницата ? |
- Профил на страницата на екипата Архивирано на 2 јануари 2018 г.
- „Достигнувања на Феликс Гросшартнер“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Феликс Гросшартнер“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Феликс Гросшартнер“. ProCycling.
|