Франк
Изглед
Франк[1][2] — историско име на парична единица на неколку земји. Се смета дека зборот франк потекнува од латинскиот натпис francorum rex („крал на Франките“) кој бил втиснат на првите француски парички. Исто така, постои мислење дека зборот франк потекнува од францускиот збор franc, што значи „слободен“.
Франкот се користел во Франција, Белгија, Монако и Луксембург до воведувањето на еврото на 1 јануари 2002 година. Франкот сè уште е монетарната единица во Швајцарија. Освен во Швајцарија, франкот сè уште е парична единица во поранешните француски колонии во Африка (т.н. Franc CFA ) и Полинезија (т.н франк CFP ).
Валути во оптек
[уреди | уреди извор]- Бурундиски франк
- Франк CFA (централноафрикански и западноафрикански франк)
- Франк CFP (франк од француските тихоокеански територии)
- Џибутски франк
- Гвинејски франк
- Коморски франк
- Конгоански франк
- Руандски франк
- Швајцарски франк
Историски валути
[уреди | уреди извор]- Алжирски франк
- Белгиски франк
- Француски франк
- Франк од Француска Екваторијална Африка
- Луксембуршки франк
- Малиски франк
- Малгашки франк
- Моначки франк
- Туниски франк