Прејди на содржината

Хулиса Виљануева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хулиса Виљануева
РаботодавачКанцеларија на јавно обвинителство (Хондурас)
Познат(а) поФорензика
Патологија
НаградиЖени на храброста

Сема Хулиса Виљануева (шпански: Semma Julissa (Julissa) Villanueva) е директор на одделот за судска медицина при канцеларијата на јавното обвинителство во Хондурас.

Образование

[уреди | уреди извор]

Хулиса Виљануева е родена во Тегусигалпа на 12 мај 1972.[1] Се решава да студира медицина откако гледа како нејзиниот татко страда од тетанус, па сега е доктор специјалист по патологија.[2] Одбира да специјализира во оваа област поради дефицитот на вешти форензичари во Хондурас.[1]

Виљануева започнува да работи како форензички патолог во 2002.[1] Избрана е за директор на одделот за судска медицина при Јавното обвинителство во 2013.[3][4]

Хулиса работи на заштита на децата и жените од насилните злосторства во Хондурас.[5] Во соработка со Шпанија, Виљануева развива програма наречена DNA Prokids.[6] Го охрабри Јавното обвинителство да дава акредитирани обуки на форензичари.[5][7] Виљануева соработуваше со Стејт Департментот за употреба на ДНК при идентификување на телата на мигрантите.[8] Воведе компјутерска база на податоци за складирање информации во мртовечница.[9] Виљануева ги создаде првите хуманитарни гробишта во Хондурас по примерот на воените гробишта во Арлингтон, Вирџинија, каде неподигнати или неиндетификувани трупови се откопуваат и се користат како доказ во клиничките судења.[10] Таа разви Национален регистар за идентификација на луѓе за полесно справување со нерешените убиства низ државата.[8] Хулиса исто така ги претстави коморите Gesell, кои на жртвите на сексуално вознемирување и злоставување им овозможува да сведочат на суд без да им се открие идентитетот.[8]

Во 2018 ја добива меѓународната награда Жени на храброста од Стејт Департментот на САД.[11] Хулиса Виљануева беше одликувана со оваа награда од страна на Меланија Трамп.[12][13][14]

  1. 1,0 1,1 1,2 "No me imaginé ni soñé ser la directora de Medicina Forense". Diario La Prensa (шпански). Посетено на 2018-03-24.
  2. US Embassy HN (2018-03-21), Forensic Medicine Director Julissa Villanueva with english subtitles, Посетено на 2018-03-24
  3. „Interventora oficializa nombramiento de Semma Villanueva en Medicina Forense“ (шпански). Архивирано од изворникот на 2018-03-25. Посетено на 2018-03-24.
  4. noticias.universia.hn. „Se lanza la primera Revista Científica Forense en Honduras“. Noticias Universia Honduras (шпански). Архивирано од изворникот на 2018-07-02. Посетено на 2018-03-24.
  5. 5,0 5,1 „Semma Julissa Villanueva Barahona (VIDEO)“. Diario La Tribuna Honduras (шпански). 2015-01-24. Архивирано од изворникот на 2019-01-21. Посетено на 2018-03-24.
  6. „Villanueva, la forense hondureña contra la impunidad y el olvido“. El Diario de Caracas (шпански). Посетено на 2018-03-24.
  7. „Médicos de Patología Forense fortalecen capacidades en la Escena del Crimen | Dirección General Medicina Forense Honduras“. www.mp.hn (шпански). Архивирано од изворникот на 2018-03-25. Посетено на 2018-03-24.
  8. 8,0 8,1 8,2 „Meet the 2018 Worldwide #WomenofCourage - Social Lay“. Social Lay (англиски). 2018-03-21. Архивирано од изворникот на 2018-03-25. Посетено на 2018-03-24.
  9. „Directora forense advierte sobre nuevo sistema informático y estadístico“. Diario La Tribuna Honduras (шпански). 2017-01-04. Посетено на 2018-03-24.
  10. „Melania Trump entrega premio a Julissa Villanueva por su valor“. Diario La Tribuna Honduras (шпански). 2018-03-23. Посетено на 2018-03-24.
  11. „2018 International Women of Courage Award Recipients Announced“. U.S. Department of State (англиски). Посетено на 2018-03-24.
  12. „Melania Trump honors non-U.S. women for courage“. The Japan Times Online (англиски). 2018-03-24. ISSN 0447-5763. Архивирано од изворникот на 2018-04-14. Посетено на 2018-03-24.
  13. CNN, Betsy Klein. „Melania Trump honors International Women of Courage at State Dept“. CNN. Посетено на 2018-03-24.
  14. „Meet the 2018 International #WomenofCourage“. DipNote (англиски). Посетено на 2018-03-24.