Прејди на содржината

Црква Свети Ѓорѓи (Лалибела)

Координати: 12°01′53.85″N 39°02′28.13″E / 12.0316250° СГШ; 39.0411472° ИГД / 12.0316250; 39.0411472
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква Свети Ѓорѓи
Bete Giyorgis
Основни податоци
МестоЛалибела, Етиопија
Координати12°01′53.85″N 39°02′28.13″E / 12.0316250° СГШ; 39.0411472° ИГД / 12.0316250; 39.0411472
Припадностхристијанство
Осветен13 век
ВодствоЕтиопска православна црква
Архитектонски опис
Архитектонски типцрква,
Особености
Ширина25
Ширина (кораб)25
Висина (најг.)30

Црквата Свети Ѓорѓија (амхарски: Bete Giyorgis? или Бет Георгис) е монолитен храм кој се наоѓа во Лалибела, Етиопија. Христијанскиот храм бил изграден во текот на 13 век. Овој храм бил изграден најдоцна од единаесетте цркви во областа, па честопати се нарекува и како Осмо светско чудо.[1]. Неговите димензии се 25 x 25 x 30 метри[2]. Црквата е посветена на Свети Ѓорѓија, покровител на Етиопија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Според етиопските преданија, оваа црква била изградена во времето кога кралот Гебре Мескел Лалибела од династија Загве, која на власт во земјата дошла во почетокот на 10 век. Во текот на неговото владеење, неговите соперници постојано се обидувале да ја заземат неговата власт, па се обидиле и да го отрујат. Самиот крал побарал помош од Етиопската православна црква. Тој слушнал гласини од страна на Свети Георги и Господ[3][4] i Bog[1], кои говориле дела самиот крал бил задолжен да го изгради вториот Ерусалим, бидејќи вистинскиот се наоѓал во рацете на муслиманите. Според некои извори, самиот крал бил во Светата Земја, и бил инспириран од тоа што го видел. Сепак, при изградба на комплексот од цркви, тој во никој случај не се обидел да наметне некоја копија од блискоисточните храмови[5].

Првите жители од Европа кои го посетиле комплексот биле Португалците во текот на 16 век. Се вели дека кога португалскиот капетан кога ги известил властите на Португалија за убавината на храмот, тие едноставно не можеле да поверуваат дека е можно да постоат такви градби во Африка.

Црвата се наоѓа на определена далечина од останатите цркви во целиот комплекс. Таа се наоѓа во длабок ров, чија основа наликува на крст. Нејините невообичаени прозорци наликуваат на оние од катедралата во Аксум. Во нејзината внатрешност се наоѓа стенопис од Свети Ѓорги, како убива змеј. Сите цркви се меѓусебно поврзани со подземно тунели.

Црквата денес

[уреди | уреди извор]

Денеска оваа црква припаѓа на Етиопската православна црква. Објектот е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО[6] . Комплексот денеска е еден од најголемите туристички атракции во земјата.

  1. 1,0 1,1 „Lalibela:The Eighth Wonder of the World“. Tzu Chi Foundation. Архивирано од изворникот на 2013-01-21. Посетено на 10 November 2006.
  2. „Rock-Hewn Churches of Lalibela“. Sacred Destinations. Посетено на 10 November 2006.
  3. „The recording of Bet Giorgis“. GIS Development. Посетено на 10 November 2006.
  4. „Ethiopia“. L.B. Associates (Pvt) Limited. Архивирано од изворникот на 2013-03-01. Посетено на 10 November 2006.
  5. www.sacred-destinations.com
  6. „Rock-Hewn Churches, Lalibela“. United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization. Посетено на 10 November 2006.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]