Црква „Св. Ѓорѓи“ - Галишта
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
Црквата од северозапад | |
40°25′52.33″N 21°7′11.28″E / 40.4312028° СГШ; 21.1198000° ИГД | |
Место | Галишта, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Стил | преродбенички |
Изградба | XIII век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Желгошко |
Епархија | Костурска |
Свети Ѓорѓи (грчки: Ναός Αγίου Γεωργίου) — средновековна црква во селото Галишта, Костурско, Егејска Македонија.[1][2][3][4] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била првобитно била главна црква на стар манастир. Изградена е во XI или XII век,[5] и поконкретно средината на XII век според првиот живописен слој.[4] Вторите живописи се од 1287 г., како што вели еден натпис.[4]
Во 1684 г. селото Галишта заедно со црквата „Св. Ѓорѓи“ и селото Чука со манастирот „Св. Архангели“ му се дадени на манастирот „Пресв. Богородица Мавровска“ како негов имот.[6]
Според Трпо Поповски и Златко Каратанасов, во 1872 г. при случајно кутнување на еден ѕид во црквата откриена е ризница на старословенски ракописи на пергамент, но истите се изгорени од костурскиот митрополит Никифор.[7][8][9]
Во 1924 г. храмот е прогласен за споменик на кулурата.[10]
Црквата е реставрирана во 1950 г. и повторно во 1989 г.[11][12][13]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Првичната црква била крстокуполна со нартекс, а подоцна ѝ е придодаден втор напречен кораб, вклучувајќи ги во себе дотогаш одделната камбанарија и галеријата со параклиси од северната и јужната страна.[5] Градбата архитектонски наликува на „Пресв. Богородица Перивлептос“ во Охрид.[4]
Живопис
[уреди | уреди извор]Првичнот живописен слој е запазен само во фрагменти, откриени при реставрација. На западната страна на новиот кораб има добро зачувани фрески од 1287 г. Фрески од првиот период се зачувани, и ги има и во горниот кат на камбанаријата. Во северниот ѕид на храмот има уникатна икона на Свети Ѓорѓи од XIII или XIV век, каде тој е преставен полн раст во речиси висок релјеф и во висина од 2,6 метри.[4]
Литература
[уреди | уреди извор]- Α. Πέτκος,-Μ. Παρχαρίδου, Ανάγλυφη εικόνα του Αγίου Δημητρίου από την Ομορφοκκλησιά Καστοριάς, Μακεδονικά, τ. ΛΒ΄, Θεσσαλονίκη 2001 Резюме[мртва врска]
- Мавродинов, Никола. Проучвания върху старобългарското изкуство (отпечатък от Годишник на народния музей, кн.VI /1932-1934/)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ο Βυζαντινός ναός του Αγίου Γεωργίου στην Ομορφοκκλησιά Καστοριάς 15-10-2014“. Το Βοϊον. Архивирано од изворникот на 2020-09-23. Посетено на 30 септември 2016.
- ↑ „Άγιος Γεώργιος Ομορφοκκλησιάς, Καστοριάς“. Greek Orthodox Religious Tourism. Посетено на 23 октомври 2016.
- ↑ „Άγιος Γεώργιος Ομορφοκκλησιάς“. Νομαρχιακή Αυτοδιοίκηση Καστοριάς. Архивирано од изворникот на 2016-12-26. Посетено на 26 декември 2016.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας (1995). Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή. стр. 47.
- ↑ 5,0 5,1 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον (грчки). Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 566. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ D. M. Nicol. Two Churches of Western Makedonia, в: Byzantinisch Zeitschrift, t.49. pp. 99-100, 1956[мртва врска]
- ↑ Македонски дневник (спомени на отец Търпо Поповски), Издателство Фама, София, 2006, стр. 28 – 29.
- ↑ Каратанасовъ, Златко (1935). Черковно-училищната борба (1868 – 1903 г.) (PDF). София: Материяли изъ миналото на Костурско № 1, Издава Костурското благотворително братство - София, Печатница „Художникъ“. стр. 45.
- ↑ Тзавелла, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София 2003, с. 235
- ↑ „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Занемарен непознатиот параметар
|access=
(се препорачува|access-date=
) (help); Недостасува права црта во:|access=
(help)[мртва врска] - ↑ Άγιος Γεώργιος - Ομορφοκκλησιά Καστοριάς
- ↑ „Ναός Αγίου Γεωργίου Ομορφοκκλησιάς“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2021-10-20. Посетено на 18 мај 2014.
- ↑ Сайт на бившия ном Костур
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Галишта на Ризницата ?