Прејди на содржината

Шалкау

Координати: 50°23′40″N 11°0′31″E / 50.39444° СГШ; 11.00861° ИГД / 50.39444; 11.00861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шалкау

Schalkau

Градското собрание
Градското собрание
Градското собрание
Грб на Шалкау
Шалкау во рамките на Германија
Шалкау
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Зонеберг
Градоначалник Уте Хопф (независен)
Основни податоци
Површина 44,02 км2
Надм. височина 400 м
Население 3.266 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 74 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SON
Пошт. бр. 96528
Повик. бр. 036766
Местоположба на градот Шалкау во рамките на округот Зонеберг
Карта
Карта
Координати 50°23′40″N 11°0′31″E / 50.39444° СГШ; 11.00861° ИГД / 50.39444; 11.00861

Шалкау (германски: Schalkau) — мал град во округот Зонеберг, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на 13 километри западно од окружниот град Зонеберг и 15 километри северно од градот Кобург.

Географија

[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на јужниот раб од Тириншките Шкрилни Планини во долина на горниот тек на Иц. Шест километри северно од градот се наоѓа Блесберг на височина од 867 метри.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Градот се граничи со следниве места (почнувајќи од север, надесно): Нојхаус на Ренвег, Франкенблик, Редентал, Лаутертал и Ајсфелд.

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Градот е составен од десет градски единици:

  • Алмерсвинд со Зелзендорф
  • Бахфелд со Гунделсвинд
  • Енес
  • Емштат со Трукендорф и Герсдорф
  • Кацберг
  • Маузендорф со Нојндорф
  • Рот
  • Шалкау
  • Тојерн
  • Трукентал

Политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]

Градскиот совет во Шалкау се состои од 16 членови:

Партија Места
CDU 6 (−2)
AfD 3 (+3)
Слободни гласачи 3 (+1)
DIE LINKE 2 (−2)
Форум активни граѓани 2 (±0)

Градоначалник

[уреди | уреди извор]

На изборите на 15 април 2018 година бил избран Уте Хопф, независна кандидатка.

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Шалкау е збратимен со следниве градови:

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]