Нојхаус на Ренвег
Нојхаус на Ренвег
Neuhaus am Rennweg | |
Градската црква | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Зонеберг |
Градоначалник | Уве Шелер (Левица) |
Основни податоци | |
Површина | 108,22 км2 |
Надм. височина | 830 м |
Население | 8.927 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 82 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SON, NH |
Пошт. бр. | 98724, 98739 |
Повик. бр. | 03679, 036701 |
Портал | www.neuhaus-am-rennweg.de |
Местоположба на градот Нојхаус на Ренвег во рамките на округот Зонеберг | |
Координати | 50°31′N 11°09′E / 50.517° СГШ; 11.150° ИГД |
Нојхаус на Ренвег (германски: Neuhaus am Rennweg) — мал град во округот Зонеберг во сојузната покраина Тирингија, Германија. Сместен е во подрачјето на Тириншката Шума, 17 км северно од окружниот град Зонеберг и 22 км југозападно од градот Залфелд.
Поранешните општини Лихте и Пизау биле припоени во градот во јануари 2019 година.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа на Тириншките Шкрилни Планини, непосредно на Ренштајг. Нојхаус е едно од највисоките места во Тирингија. Бидејќи Нојхаус бил окружен град, важел за највисок окружен град во Источна Германија.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Градот се граничи со следниве општини (почнувајќи од север, надесно): Мојра, Залфелд, Грефентал, Зонеберг, Лауша, Штајнах, Франкенблик, Шалкау, Ајсфелд, Голдистал, Кацхите, Курсдорф и Десбах.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Согласно статутот на градот Нојхаус на Ренвег од 14 март 2019 година, градот Нојхаус на Ренвег се состои од следниве осум единици: Нојхаус на Ренвег, Штајнхајд, Лимбах, Нојмансгрунд, Шајбе-Алсбах, Зигмундсбург, Лихте и Пизау.
Местото Нојхаус на Ренвег се состои од Нојхаус, Игелсхиб и Шмаленбухе, Шајбе-Алсбах од Шајбе и Алсбах, Лихте од Лихте, Бок и Тајх, Валендорф и Гајерстал. Сите други единици немаат своја поделба.[2]
Клима
[уреди | уреди извор]Климата во Нојхаус е многу остра со многу снег зиме и студени влажни лета. Местото во мај 1996 година со 242 часа (десет дена) го држи германскиот рекорд со најдолг маглив период.
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]Градскиот совет Нојхаус на Ренвег се состои од 20 членови.
Партија | Места |
---|---|
CDU | 7 (+1) |
LINKE | 5 (−3) |
AfD | 3 (+3) |
Слободни гласачи Ренштајг |
3 (−1) |
FDP | 1 (±0) |
SPD | 1 (±0) |
Градоначалник
[уреди | уреди извор]Градоначалник на градот Нојхаус на Ренвег е Уве Шелер, избран на 29 април 2018 година.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Нојхаус на Ренвег е збратимен со следниве градови:
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поранешното училиште
-
Поранешна административна зграда на Реренверк
-
Поранешната окружна зграда
-
Градски музеј
-
Железничка станица
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
- ↑ „Hauptsatzung der Stadt Neuhaus am Rennweg vom 14. März 2019“ (PDF; 114 KB). Stadtkurier Neuhaus. Amtsblatt der Stadt Neuhaus am Rennweg und der Gemeinde Goldisthal. Nr. 4/2019. Stadt Neuhaus am Rennweg. 2019-03-14. Посетено на 2021-10-23.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Нојхаус на Ренвег на Ризницата ?
- Официјална страница
|
|