1217
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1217 MCCXVII |
Ab urbe condita | 1970 |
Ерменски календар | 666 ԹՎ ՈԿԶ |
Асирски календар | 5967 |
Балиски календар | 1138–1139 |
Бенгалски календар | 624 |
Берберски календар | 2167 |
Будистички календар | 1761 |
Бурмански календар | 579 |
Византиски календар | 6725–6726 |
Кинески календар | 丙子年 (огн. стаорец) 3913 или 3853 — до — 丁丑年 (огн. вол) 3914 или 3854 |
Коптски календар | 933–934 |
Етиопски календар | 1209–1210 |
Еврејски календар | 4977–4978 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1273–1274 |
- Сачка ера | 1138–1139 |
- Кали-југа | 4317–4318 |
Холоценски календар | 11217 |
Игбоански календар | 217–218 |
Ирански календар | 595–596 |
Исламски календар | 613–614 |
Јапонски календар | Кенпо 5 (建保5年) |
Јавански календар | 1125–1126 |
Јулијански календар | 1217 MCCXVII |
Корејски календар | 3550 |
Мингуо-календар | 695 пред Р. Кина 民前695年 |
Нанакшахи | −251 |
Тајландски сончев календар | 1759–1760 |
Тибетски календар | 阳火鼠年 (машки оган-стаорец) 1343 или 962 или 190 — до — 阴火牛年 (женски оган-вол) 1344 или 963 или 191 |
1217 (MCCXVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1217 година од новата ера, 217. од вториот милениум, 17. од XIII век и осма од 1210-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6725 и 6726 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5967 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4977 и 4978 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1970.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1217 година се протега во 3853 и 3854, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3913 и 3914 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1760. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 613 и 614 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]По област
[уреди | уреди извор]Азија
[уреди | уреди извор]- Крстоносците пристигнуваат до Светата земја.
Европа
[уреди | уреди извор]- 9 април - Петар II Куртене е крунисан за цар на Латинското Царство во Рим, од страна на Папа Хонориј III.
- 20 мај - Прва баронска војна во Англија: Француските сили се поразени во Битката кај Линколн, од страна на англиските кралски војници предводени од Вилијам Маршал[1].
- 6 јуни - Кралот Енрике I Кастилски умира на возраст од 13 години, од паѓањето на една ќерамида во Паленсија, настан кој неговиот регент се обидува да го скрие. Сестрата на Енрике, Беренгела I Кастилска го наследува на престолот.
- Јуни - Хокон Хоконсон станува цар на Норвешка како Хокон IV Норвешки, и во голема мера завршува Граѓанската војна во Норвешка.
- 24 август - Прва баронска војна: Во Битката кај Сандвич во Ламанш, англиските сили ги поразуваат француските, а францускиот платеник Јустас е фатен и обезглавен.
- 31 август - Фернандо III Кастилски станува Крал на Кастиља, по абдикација на неговата мајка Беренгела I Кастилска.
- 12 септември - Првата баронска војна во Англија е завршена со договорот од Ламбрет. Французите и Шкотите треба да ја напуштат Англија, а амнестијата им се дава на бунтовниците.
- 20 септември - Потпишан е Договорот од Ламбет, кој го ратификува Договорот од Кингстон.
- 21 септември - Ливонска крстоносна војна: Ливонските браќа на мечот и нивните сојузници ги поразуваат естонските сили.
- 18 октомври - Петта крстоносна војна, Реконквиста: кралот Алфонсо II Португалски го освојува градот[2].
- Ноември - Во Кралство Кастиља, поранешниот регент Алваро Нуниес де Лара бил заробен и принуден да се откаже од сите негови замоци[3].
- Стефан Првовенчани е признаен за првиот Крал на српските земји од страна на Папа Хонириј III, а крунисан од братот на Стефан, Сава.
- Издаден декрет во Англија според кој само Англичани можат да бидат свештеници на Ирска.
Родени
[уреди | уреди извор]- 3 мај - Хенри I Кипарски
- непозната дата
- Болдвин II Куртене, латински цар (п. 1273)
- Из ел-Дин ибн Шадад, арапски историчар (п. 1285)
- веројатно
- Јован I, војвода од Бретања (п. 1286)
- Бонифациј Савојски, кентербериски епископ
Починале
[уреди | уреди извор]- 23 април - Крал Инге II Норвешки (р. 1185)
- 25 април - Херман I (Тирингија)
- 6 јуни - Енрике I Кастилски, крал на Кастиља (р. 1204)
- 24 август - Јустас, француски платеник и пират (р. 1170)
- 10 септември - Вилијам де Редверс, англиски благородник
- 21 септември - Лембиту, естонски војник
- 14 октомври - Изабела Глостерска, сопруга на кралот Јован Безземниот (р. 1173)
- Марија Комнина Ерусалимска
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Palmer, Alan; Veronica (1992). The Chronology of British History. London: Century Ltd. стр. 77–79. ISBN 0-7126-5616-2.
- ↑ Picard, Christophe (2000). Le Portugal musulman (VIIIe-XIIIe siècle. L'Occident d'al-Andalus sous domination islamique. Paris: Maisonneuve & Larose. стр. 110. ISBN 2-7068-1398-9.
- ↑ Linehan, Peter (1999). David Abulafia (уред.). The New Cambridge Medieval History c.1198-c.1300. Chapter 21: Castile, Portugal and Navarre. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 668–671. ISBN 0-521-36289-X.