Прејди на содржината

5 декември

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< декември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
2024

5 декември — 339-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (340-и во престапна година). Остануваат 26 денови до крајот на годината.

Настани:

1492  Кристофер Колумбо во Карипското Море го откри островот Санто Доминго.
1848  Во цела Америка почна „златната треска“ откако американскиот претседател, Џемс Полк објави дека во Калифорнија е пронајдено злато.
1931  Црква на Исус Христос Спасителот во Москва беше уништен од страна наредба на Јосиф Сталин.
1997  Вулканот Безимјани на полуостровот Камчатка, на Рускиот Далечен Исток, повторно е активиран, при што се формираше вулкански прав од осум до девет километри над Земјината површина.

Родени:

1443  Јулиј IIримски папа.
1849  Едуард Зелер — германски антропопог, етноисторичар и лингвист.
1870  Вичеслав Новак — чешки композитор.
1890  Фриц Ланг — германски режисер.
1891  Александар Родченко — руски и советски сликар и вајар.
1901  Волт Дизни — американски аниматор и продуцент, творец на современиот цртан филм.
1910  Абрахам Полонски — американски режисер, есеист и писател.
1912  Сони Бој Вилијамсон II — американски блуз-музичар.
1940  Фадиљ Сулејмани — македонски политичар.
1946  Хосе Карерас — каталонски оперски пејач.
1954  Боро Приморац — босански и југословенски фудбалер и тренер.
1967  Богдан Стелеа — романски фудбалер и тренер.
1975  Рони О'Саливан — англиски снукерист, светски првак.
1982  Кери Хилсон — американска пејачка.
1985  Џани Мерсман — белгиски велосипедист.
1986  Хавиер Арамендија — шпански велосипедист.
1993  Рос Баркли — англиски фудбалер.
1995  Антони Марсијал — француски фудбалер.
1998  Рандал Коло Муани — француски фудбалер.
2000  Урош Трифуновиќ — српски кошаркар.

Починале:

1560  Франсоа II — крал на Франција.
1771  Џовани Батиста Моргањи — италијански и светски медицински научник.
1784  Филис Витли — афроамериканска поетеса.
1791  Волфганг Амадеус Моцарт — австриски композитор.
1926  Клод Моне — француски сликар.
1971  Гајто Газданов — руски писател.
1972  Кени Дорхем — американски џез-музичар.
2003  Здравка Крстуловиќ — хрватска и југословенска глумица.
2007  Карл Хајнц Штокхаузен — германски композитор.
2012  Оскар Нимаер — бразилски архитект.
2012  Дејв Брубек — американски џез музичар.
2013  Нелсон Мандела — јужноафрикански општественик, борец против апартхејдот и престедател на ЈАР.