Овој објект има геометриско албедо од 0.2794. Фотометричките набљудува во текот на 2008 покажале дека вртежниот период изнесува 16,6076 ± 0,0006 часа и има светлосна варијација од 0.30 ± 0.02.[2]
677 Алтје орбитира со околу 7/3 од Керквудовиот јаз. Тоа значи дека објектот има орбитна резонанца од 7:3 во однос на Јупитер, исполнувајќи седум орбити за секои три орбити на планетата. За помалите објекти, ова обично наведува на заклучокот дека постои орбитна нестабилност, којашто причинува поместување кон различен орбитен период. 677 Алтје е премногу голема за нејзината орбита да биде поместена за повеќе од 0,01 ае за време на животниот век на Сончевиот Систем. Поверојатно е дека орбитнитното заемодејство со џуџестата планетаЦерера можеби ја поместила неговата денешна орбита, бидејќи орбитата на 677 Алтје води кон релативно блиски средби со Церера.[3]
↑Oey, Julian (October 2009), „Lightcurve Analysis of Asteroids from Leura and Kingsgrove Observatory in the Second Half of 2008“, Bulletin of the Minor Planets Section of the Association of Lunar and Planetary Observers, 36 (4): 162–164, Bibcode:2009MPBu...36..162O
↑Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)