Долно Клештино: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Ред 45: | Ред 45: | ||
[[Податотека:Kleshtina First World War.jpg|мини|десно|Клештино за време на Првата светска војна]] |
[[Податотека:Kleshtina First World War.jpg|мини|десно|Клештино за време на Првата светска војна]] |
||
Селото првпат се споменува во турски тефтер од [[1468]] г. под името Клештино со 97 домаќинства.<ref>Симовски наведува дека селото, според некое предание, е подигнато во XVIII век, но ова сигурно е грешка, со оглед на османлиските документи.</ref> Во [[1481]] г., по само 13 години, селото нараснало на дури 213 домаќинства. Според тефтерите, населението одгледувало [[лоза|лозје]], [[ореви]], [[кромид]], [[лук]], [[зелка]], [[грав]], [[лен]], [[свињи]] и [[свилена буба| |
Селото првпат се споменува во турски тефтер од [[1468]] г. под името Клештино со 97 домаќинства.<ref>Симовски наведува дека селото, според некое предание, е подигнато во XVIII век, но ова сигурно е грешка, со оглед на османлиските документи.</ref> Во [[1481]] г., по само 13 години, селото нараснало на дури 213 домаќинства. Според тефтерите, населението одгледувало [[лоза|лозје]], [[ореви]], [[кромид]], [[лук]], [[зелка]], [[грав]], [[лен]], [[свињи]] и [[свилена буба|свилени буби]].<ref>Kravari, Vassiliki. Villes et villages de Macédoine occidentale, Realites byzantines, Paris: Editions P. Lethielleux, 1989, p. 281. ISBN 2283604524.</ref> |
||
Селската црква „[[Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Долно Клештино|Рождество на Пресвета Богородица]]“ е изградена во 1835 г.<ref name="Διαρκής κατάλογος">{{нмс | url = http://listedmonuments.culture.gr/fek.php?ID_FEKYA=17287&v17= |title = ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/58260/1341/5-1-1995 - ΦΕΚ 165/Β/10-3-1995 | access_date = 2015-05-15 | publisher = Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων}}</ref> Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал селото (''Клештина'') како македонско.<ref>нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика</ref><ref>[http://www.vostlit.info/Texts/Dokumenty/Bulgarien/XIX/1840-1860/Grigorovic/text3.phtml?id=2234 Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93.]</ref> Во [[1861]] г. австрискиот дипломат [[Јохан Георг фон Хан]] на етничката карта на долината на Вардар до одбележал селото како македонско.<ref>Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.</ref>. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во [[1873]] г. ''Долно Клештени'' (Dolno-klechténi) било село во Леринската каза со 180 домаќинства и вкупно 550 жители [[Македонци]].<ref name="БИМ">{{БИМ}}</ref><ref>„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 84-85.</ref> |
Селската црква „[[Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Долно Клештино|Рождество на Пресвета Богородица]]“ е изградена во 1835 г.<ref name="Διαρκής κατάλογος">{{нмс | url = http://listedmonuments.culture.gr/fek.php?ID_FEKYA=17287&v17= |title = ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/58260/1341/5-1-1995 - ΦΕΚ 165/Β/10-3-1995 | access_date = 2015-05-15 | publisher = Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων}}</ref> Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал селото (''Клештина'') како македонско.<ref>нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика</ref><ref>[http://www.vostlit.info/Texts/Dokumenty/Bulgarien/XIX/1840-1860/Grigorovic/text3.phtml?id=2234 Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93.]</ref> Во [[1861]] г. австрискиот дипломат [[Јохан Георг фон Хан]] на етничката карта на долината на Вардар до одбележал селото како македонско.<ref>Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.</ref>. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во [[1873]] г. ''Долно Клештени'' (Dolno-klechténi) било село во Леринската каза со 180 домаќинства и вкупно 550 жители [[Македонци]].<ref name="БИМ">{{БИМ}}</ref><ref>„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 84-85.</ref> |
Преработка од 16:46, 12 март 2016
Долно Клештино Κάτω Κλεινές | |
---|---|
Координати: 40°50.93′N 21°23.81′E / 40.84883° СГШ; 21.39683° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Долно Клештино |
Надм. вис. | 620 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 394 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Долно Клештино (грчки: Κάτω Κλεινές, Като Клинес; до 1926 г. Κάτω Κλέστινα, Като Клестина[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 394 жители (2011).
Географија и местоположба
Селото се наоѓа крај Стара Река, 7 км северно од Лерин и 21 км јужно од Битола, во пазувите на планината Баба, на надморска височина од 620 м.[3]
Историја
Османлиско време
Селото првпат се споменува во турски тефтер од 1468 г. под името Клештино со 97 домаќинства.[4] Во 1481 г., по само 13 години, селото нараснало на дури 213 домаќинства. Според тефтерите, населението одгледувало лозје, ореви, кромид, лук, зелка, грав, лен, свињи и свилени буби.[5]
Селската црква „Рождество на Пресвета Богородица“ е изградена во 1835 г.[6] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал селото (Клештина) како македонско.[7][8] Во 1861 г. австрискиот дипломат Јохан Георг фон Хан на етничката карта на долината на Вардар до одбележал селото како македонско.[9]. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долно Клештени (Dolno-klechténi) било село во Леринската каза со 180 домаќинства и вкупно 550 жители Македонци.[10][11]
Некаде во последната четвртина на XIX век во Долно Клештино се доселиле Албанци и тоа станало мешана населба. Милош Милоевиќ 45 македонски[12] и 50 албански куќи. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото имало вкупно 550 жители, од кои 400 Македонци[10] и 150 Албанци муслимани.[13] На почетокот на XX век Долно Клештино било едно од малкуте македонски села под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на Бугарска егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле 540 Македонци[10], подложени на грчка пропаганда со тоа што во него реботело грчко училиште.[14]
Припојување кон Грција
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 750 жители.[3]. Истата година, во текот на Втората балканска војна селото било окупирано од Бугарите, но набргу вратено на Грција. Во 1920 г. се заведени 792 жители.[3] Со Лозанскиот договор во 1924 г. албанското население на Долно Клештино е иселено во Турција и на негово место се доведени 133 Грци од Понд. Во 1928 г. селото е заведено како мешано, со 817 жители[3], од кои 288 биле грчки доселеници (77 семејства).[15] В 1926 селото е преименувано во Като Клине.[16]
Со Граѓанската војна и прогоните на грчките власти по неа се случило големо иселување на македонското население во Р. Македонија и источноевропските, а во 1960-тите дошол втор бран на големи иселувања во прекуокеанските земји.[3] И покрај овие иселувања, бројниот сооднос на Македонците во однос на грчките доселеници останува 3 спрема 1.[3]
Според истражувањето направено во 1993 г. Долно Клештино е населба од мешан (мештанско-бегалски) карактер. Во него се вели дека македонскиот јазик во селото е зачуван на средно ниво, а понтискиот грчки на ниско.[17]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1120 | 955 | 812 | 532 | 523 | 529 | 455 | 394 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Долно Клештино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Долно Клештино, каде тоа е единствено населено место.
Стопанство
Населението на Долно Клештино се занимава со земјоделство, овоштарство и сточарство.[3]
Личности
- Ангелина Поповска (1926-1948) — комунистички деец[18]
- Павле Раковски (1913 - 1990) — македонски партизан
Наводи
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Κλέστινα - Κάτω Κλειναί
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 150.
- ↑ Симовски наведува дека селото, според некое предание, е подигнато во XVIII век, но ова сигурно е грешка, со оглед на османлиските документи.
- ↑ Kravari, Vassiliki. Villes et villages de Macédoine occidentale, Realites byzantines, Paris: Editions P. Lethielleux, 1989, p. 281. ISBN 2283604524.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/58260/1341/5-1-1995 - ΦΕΚ 165/Β/10-3-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Занемарен непознатиот параметар
|access_date=
(help) - ↑ нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика
- ↑ Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93.
- ↑ Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 84-85.
- ↑ нарекувајќи ги „српски“
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
- ↑ Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
- ↑ Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
- ↑ Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009
|