Прејди на содржината

Сакулево

Координати: 40°51.45′N 21°29.35′E / 40.85750° СГШ; 21.48917° ИГД / 40.85750; 21.48917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сакулево
Μαρίνα
Сакулево is located in Грција
Сакулево
Сакулево
Местоположба во областа
Сакулево во рамките на Лерин (општина)
Сакулево
Местоположба на Сакулево во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°51.45′N 21°29.35′E / 40.85750° СГШ; 21.48917° ИГД / 40.85750; 21.48917
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаДолно Клештино
Надм. вис.&10000000000000680000000680 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно120
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Сакулево (грчки: Μαρίνα, Марина; до 1928 г. Σακούλεβο, Сакулево[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 58 жители (2011), сочинето од Македонци.[3]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото е сместено на десниот брег на Сакулева Река, 16 км североисточно од Лерин и 10 км источно од Долно Клештино. Лежи во северниот крај на Леринското Поле, близу границата со Р Македонија.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]
Селанки во Сакулево за време на Првата светска војна.

Селото се јавува во османлиските дефтери на христијанското население од Леринскиот вилает за 1626-27 г. како Сакулова со 28 даночни домаќинства.[5] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович ( „Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Секулево како македонско село.[6][7]

Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта го завел Сакуленио (Sakuljenio) како мешано македонско-албанско село.[6][8] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Сакулево (Sakoulévo) имало 250 домаќинства со 500 жители Македонци.[9][10]

На почетокот на XX век Сакулево било мешано македонско-турско село во Леринската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сакулево имало 380 жители Македонци христијани и 80 жители Турци.[9][11] По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[12] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 336 Македонци под егзархијата.[9][13]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сакулево се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 42 куќи.[14]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 52 домаќинства, со 37 македонски и 15 турски куќи.[3] Поради успесите на сојузничките сили во Првата балканска војна, Турците од Сакулево пребегале во Лерин.[15]

Во Грција

[уреди | уреди извор]
Црква во Сакулево за време на Првата светска војна.
Мост кај Сакулево за време на Првата светска војна.
Војници на Антантата на железничката станица во Сакулево.
Селани во Сакулево за време на Првата светска војна.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 230 жители.[3]

При теренската работа во јужна Македонија во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го посетил Сакулево и ги проучил неговите родови, делејќи ги на староседели и доселеници.[16]

  • Староседелци: Доневци — 4 куќи и Трајче Богое — 1 куќа, Линга — 1 куќа, Бешлиовци — 2 куќи, Бишкаровци — 3 куќи.
  • Доселеници: Ѓулуковци — 2 куќи (дојдени од Совиќ ~ 1837 г.), Коте Азуро - 1 куќа (дојдена од Совиќ ~ 1852 г.), Пуфтевци - 6 куќи (дојдени од Сливица ~ 1857 г.), Таевци - 2 куќи (дојдени од Рамалија ~ 1862 г.), Ристо Неделко - 1 куќа (дојден од Паралово ~ 1867 г.), Параловци - 2 куќи (дојдени од паралово ~ 1882 г.), Кара Јоан - 1 куќа (дојден од Асаново ~ 1887 г.), Стојче Јарик - 1 куќа (дојден од Асаново ~ 1887 г.), Трајко Сербез - 1 куќа (дојден од Пополжани ~ 1892 г.), Васил Марко - 1 куќа (дојден од Асаново ок. 1897 г.), Неделко Рамалиец - 1 куќа (дојден од Рамалија ~ 1902 г.), Кривашија - 4 куќи (дојдени од Асаново ~ 1903 г.), Србин - 1 куќа (дојден од Рамалија ~ 1904 г.), Ричко - 1 куќа (дојден од Асаново ~ 1904 г.), Најдо Цуце - 1 куќа (дојден од Долно Каленик ~ 1914 г.)

Милоевиќ забележал дека селото имало неколку задруги, кои месно се нарекувале друштва. Тоа биле куќите на Кара Јоан, Неделко Рамалиец, Србиновци и една куќа на Ѓулуковци. Спомнува дека куќите во селото се изградени од ќерпич.[17]

Во 1920 г. Сакуелво е заведено со 263 жители кои во 1928 г. биле 329.[3] Истата 1928 г. властите го преименувале селото во Марина.[18] Во меѓувоениот период селото значително пораснало, па во 1940 г. во него се попишани 488 лица.[3]

Поради Граѓанската војна 20 семејства и неколку поединци од Сакулево пребегале во Р Македонија, па во 1951 г. селото се намалило на 370 лица. Намалувањето продолжило и во следниот период поради иселување во прекуокеанските земји.[3] По извесни десетлетија устојчивост, на почетокот на XXI век населението на Сакулево се смалило наполу.

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 488 370 373 265 230 266 200 120
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото важи за богато. Се произведува многу жито, компири, грав и бостан.[3]

Личности

[уреди | уреди извор]
  • Илија Страхила — револуционер од МРО
  • Ило Марчев — деец на МРО, војвода на селска чета во Леринско за време на Илинденското востание, дел од одредот на Алексо Џорлев кој дејствувал на Кајмакчалан[19]
  • Никола Параловски (? – 1909) — деец на МРО, сакулевски селски војвода[20]
  • Дељо Атанасов Бешлијев — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
  • Леонида Д. Белишевски — комунистички деец
  • Ристо Л. Белишевски — комунистички деец
  • Пандо Л. Дафовски — комунистички деец
  • Улјан Л. Дафовски — комунистички деец
  • Петре Т. Дафовски — комунистички деец
  • Ламбо Г. Дафовски — комунистички деец
  • Михали Д. Дафовски — комунистички деец
  • Филко Кривошиевски — комунистички деец
  • Менка Кривошиевска — комунистички деец

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σακούλεβον -- Μαρίνα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 174.
  4. www.google.bg/maps/
  5. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, стр. 333
  6. 6,0 6,1 Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  7. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93.
  8. Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
  9. 9,0 9,1 9,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  10. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83.
  11. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
  12. Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.125.
  13. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
  14. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 25.
  15. Милојевић, Б. Јужна Македонија. Антропогеографска испитивања. Београд, Државна штампарија. 1920, с.21, 103.
  16. Милојевић, Б. Јужна Македонија. Антропогеографска испитивања. Београд, Државна штампарија. 1920, с. 99.
  17. Милојевић, Б. Јужна Македонија. Антропогеографска испитивања. Београд, Државна штампарија. 1920, с. 47-48, 84, 98.
  18. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  19. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 100.
  20. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 123.
  21. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]