Петорица
Петорица Τριπόταμος | |
---|---|
Координати: 40°50′N 21°30′E / 40.833° СГШ; 21.500° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Петорица |
Надм. вис. | 680 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 83 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Петорица или Петорак (грчки: Τριπόταμος, Трипотамос) - село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Лерин, во областа Западна Македонија. Според пописот од 2011 година селото броело 83 жители.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Петорица е сместена покрај железничката линија Лерин-Битола, 10 км оддалечено од Лерин. Селото се наоѓа на надморска висина од 680 м. Вкупната површина на селскиот атар е 3 [[км2]] и е најмал во округот[2].
Историја
[уреди | уреди извор]На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Петорек се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 35 куќи.[3]
Селото потпаднало под власта на Грција, по Втората балканска војна во 1913 година со Букурешкиот договор.
Во Грчката граѓанска војна селото не настрадало многу[2].
Демографија
[уреди | уреди извор]До дваесеттите години на XX век Петорица било чисто македонско село. На почетокот на XX век според К’нчов селото броело 210 жители, а Милоевиќ наведува 20 македонски куќи. Во 1921-1922 година во селото се населиле 15 семејства од Понд и неколку од Епир. Движењето на населениото по години е следното[2]:
- 1913 - 127 жители
- 1920 - 135 жители
- 1928 - 319 жители
- 1940 - 495жители
- 1951 - 483жители
- 1961 - 468 жители
- 1971 - 404 жители
- 1981 - 371 жител
- 1991 - 355 жители
Македонскиот јазик е зачуван на високо ниво.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Основна стопанска гранка на населението е земјоделието. Главни производи се жито, тутун, грав и јаболка.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје. стр. 158.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 25.
- ↑ Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|