Јуруково (Леринско)
Јуруково Γιουρούκι | |
---|---|
Координати: 40°51.30′N 21°36.18′E / 40.85500° СГШ; 21.60300° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Овчарани |
Надм. вис. | 714 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 31 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Јуруково (грчки: Γιουρούκι, Јуруки) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 31 жител (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[2]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во источниот дел на Леринското Поле, 23 км североисточно од Лерин, недалеку од границата со Р Македонија. Традиционално е познато и како Долно Маало на селото Крушоради.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Се смета дека во подалечното минато местото било населено со Јуруци, поради што го добило ова име, а подоцна станало македонско село. Така, на почетокот на XX век е забележано дека Јуруково било чисто македонско село во Леринската каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Јурук (Юрокъ, Юроково) живееле 216 Македонци христијани.[4][5]
Во понатамошните пописи сè до 1971 г. Јуруково се вбројувало во состав на Крушоради, и затоа за него нема одделна статистика. На пописот од 1971 г. почнало да се брои како одделно, со население од 85 лица. Во понатамошните десетлетија селото бележи пад.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | 85 | 63 | 52 | 49 | 31 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
— : Во првите три наведени пописни години е вбројано во Крушоради како негово маало.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 155.
- ↑ Крушоради има три маала. Двете се чифлици с беговска кула, надзорници (ќаи) и пазачи Арнаути, а третата, која се нарекува и Јуруко, претставува нешто како одделно село со триесетина куќи — напишал Христо Силјанов во „Писма и исповеди од еден четник“ (1902), стр. 294.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
|