Прејди на содржината

Флацата

Координати: 40°32′30″N 21°03′41″E / 40.5417° СГШ; 21.0614° ИГД / 40.5417; 21.0614
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 07:20, 20 февруари 2024; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Врвови: Правописна исправка, replaced: евероизто → евероисто)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Флацата
Φλατσάτα
Флацата на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.081 м
Координати40°32′30″N 21°03′41″E / 40.5417° СГШ; 21.0614° ИГД / 40.5417; 21.0614
Географија
МестоКостурско, Егејска Македонија
Матичен венецБуче
Карта

Флацата (грчки: Φλατσάτα) — планина во Костурско, Егејска Македонија.[1] Висока е 1.081 м.

Планината е сместена во северозападниот дел на Костурско, во планинското подрачје на запад-северозапад од с. Света Недела и с, Ошени, недалеку од границата со Албанија (пирамиди 35 – 36). Крај планината тече Костенечка Река. Ова е јужниот крај на планинскиот масив Буче (Малимади), со кој се сврзува кај билото Дервено (950 м). На југ доаѓа до Четирска Река, притока на Бистрица, чија долина ја двои од Алевица (Гал’мбица).[1]

Сочинета е од конгломератни карпи и песочници. До врвот се стасува за 1 час од с. Крчишта.[1]

Во јужниот дел на врвот Флацата е изградена црквата „Св. Марина“.[2][3]

Ова се врвовите на Флацата, подредени по висина:[1]

Име Грчки Висина
(м)
Местоположба
Флацата Φλατσάτα 1.081 североисточно над Крчишта
Свети Јован Άγιος Ιωάννης 1.017 блиску до албанската граница, северозападно над Крчишта
Гочово Γκοτσόβο, Άγιος Γεώργιος 1.002 северозападно над Крчишта
Восковец Βοσκοβέτσι, Γκαμήλα 996 северно над Крчишта
Дијамандула Διαμαντούλα 960 северозападно над Крчишта
Света Петка Αγία Παρασκευή 941 југоисточно над Крчишта и северозападно над Ошени

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 465. ISBN 978-960-86676-6-2.
  2. „Ο ναός της Αγίας Μαρίνας στη Φλατσάτα Οινόης. Πανηγυρίζει την Κυριακή 17 Ιουλίου 2011“. Φως της Καστοριάς. 15 јули 2011. Посетено на 30 јануари 2021.
  3. „Ο στρατιωτικός ναός της Αγίας Μαρίνας (+ 17 Ιουλίου) στο θρυλικό οχυρό της Φλατσάτας Καστοριάς“. Φως της Καστοριάς. 16 јули 2014. Посетено на 30 јануари 2021.