Прејди на содржината

Богданска Планина

Координати: 40°46′59″N 23°18′11″E / 40.783° СГШ; 23.303° ИГД / 40.783; 23.303
Од Википедија — слободната енциклопедија
Богданска Планина
Богданска Планина и на југ од неа Лагадинското и Бешичкото Езеро меѓу Солунскиот Залив (лево долу) и Струмскиот Залив (десно)
Највисока точка
ВрвХрвата
Надм. височина1.103 м
Географија
Богданска Планина is located in Грција
Богданска Планина
Местоположба на Богданска Планина во Грција
ЗемјиГрција
ОкрузиСолун
Координати40°46′59″N 23°18′11″E / 40.783° СГШ; 23.303° ИГД / 40.783; 23.303

Богданска Планина (турски: Beşikdağ, Бешикдаг) — планина во Солунскиот округ од централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Се состои од три јасно оформени масива — западен, источен и јужен, кои во денешна Грција се сметаат за три посебни планини - Вертискос (Βερτίσκος), Кердилио или Кердилия (Κερδύλιο, Κερδύλλια) и Ори Волвис (Ορη Βόλβης). Источниот масив го носи изворното македонско име Сухо. На него се наоѓа највисокиот врв на планината, наречен Хрвата (1.103 м) и висорамнината Равна, од која извираат притоките на реката Богдана — Длабока Река, Бигленска Река, Болубрадска Река и Стара Река.[1]

Планината се протега во правец запад-исток. На запад реката Богдана (или Богданска Река) ја дели од планината Круша (Крусија Ори), а на исток се спушта во Струмскиот Залив. Од северна страна е сместено гратчето Нигрита, од јужна е Лагадинското Поле со градот Лагадина (Лангадас), езерата Лагадинското и Бешичкото и реката Рендина, а на источното подножје на планината е одморалишното гратче Аспровалта.

Населени места

[уреди | уреди извор]

На и околу Богданска Планина се сместени општинските единици Лахна, Богданска Планина (Вертискос) и Сухо (Сохос) со големите села Негован (Ксилополи), Зарово (Никополи), Висока (Оса) и Сухо (Сохос), кои до почетокот на XX век имале македонско население.

Поранешни езера

[уреди | уреди извор]

Во котлината меѓу трите масива на планината некогаш се наоѓале Мавровското и Ланџанското Езеро, кои денес се пресушени.

Поврзано

[уреди | уреди извор]