Прејди на содржината

Бесленски Рид

Координати: 41°26′21″N 23°58′01″E / 41.4391° СГШ; 23.9669° ИГД / 41.4391; 23.9669
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бесленски Рид
Χάρακας
Бесленски Рид на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.090 м
Координати41°26′21″N 23°58′01″E / 41.4391° СГШ; 23.9669° ИГД / 41.4391; 23.9669
Географија
МестоДрамско, Егејска Македонија и Неврокопско, Пиринска Македонија
Матичен венецДрамски Боздаг
Карта
Топографска карта на подрачјето

Бесленски Рид (грчки: Χάρακας, Харакас) — ниска планина во Драмско, Егејска Македонија и Неврокопско, Пиринска Македонија. Претставува дел од венецот на Драмски Боздаг.[1][2]

Планината се наоѓа во најсеверниот дел на Драмски Боздаг, северно од Шилка, меѓу реката Места на исток, граничната пирамида бр. 166 и Белотинското Езеро и граничната пирамида бр. 141 на запад. Преку Чечката Клисура на исток е одвоена од планината Доспат на Родопите, а преку седлото Митницата е поврзана со планината Стргач на запад.[2] На север се наоѓа Неврокопската Котлина, а на југ е Елеската Котлина (Зрновското карстно поле).

Планината зафаќа вкупна површина од 156 км2. Долга е 21 км, со средна ширина од 8 – 9 км. Највисок врв е Чиплак Баир (1.190 м). Карпите се претежно метаморфнигнајсови, шкрилци, мермери, амфиболити. Климата е преодносредоземна со средни годишни врнежни од 750 - 900 мм. Има промиена циметни шумска почва, на места значајно еродирани. По билните делови преовладуваат шуми од даб горун, а по падините од даб благун. На одделни места се среќаваат насади од црн бор. На северното подножје на Бесленски Рид се сместени пиринските села Петралик, Теплен и Беслен.[1]

Грчкото име „Харакас“ е дадено по новото име на поранешното село Гуштерак.[2]

До првенецот Чиплак Баир се стасува од селото Беслен (од бугарска страна) за 2 часа по земјен пат кон југ,[3] и од Белотинци (на грчка територија), исто така за 2 часа по земјен пат кој оди на североисток.[2]

Врвови
Име Грчки Висина (м) Местоположба
Чиплак Баир Χάρακας 1.090[2] гранична пирамида бр. 152
Σταυρός, Άγιος Νικόλαος 1.058[2]
Φυλάκιο 1.011[2] гранична пирамида бр. 148
Свети Никола Άγιος Νικόλαος, Σταυρό 949[2]
Βαλανιδιές 940[2]
Чиплак Γυμνή, Τσιμπλάκι, Τσιπλάκι, Τσίπλακ 908[2]
Дервиште Καλινέ, Δερβισέ 742[2]
Калуѓер Καλόγερος 920[2]
Μπουζουράνη 600[2]
Свети Илија Προφήτης Ηλίας 700[2]
Ράχες 940 - 900[2]
Чакал Τσακάλι, Μάνδρα Γκούρτσα 840[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 86. ISBN 954-90006-1-3.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 466. ISBN 978-960-86676-6-2.
  3. Село Беслен – връх Чиплакбаир tripsjournal.com, 10 јануари 2022 г.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]