Прејди на содржината

Калуѓер (планина)

Координати: 40°46′00″N 20°57′04″E / 40.7666° СГШ; 20.9512° ИГД / 40.7666; 20.9512
Од Википедија — слободната енциклопедија
Калуѓер
Καλογκέριτ / Kalogerit
Калуѓер на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.480 м
Координати40°46′00″N 20°57′04″E / 40.7666° СГШ; 20.9512° ИГД / 40.7666; 20.9512
Географија
МестоДолна Преспа, Егејска Македонија
Мала Преспа, Албанија
Карта

Калуѓер или Калугер[1] (грчки: Καλογκέριτ, албански: Kalogerit) — планина во Долна Преспа, на границата меѓу Албанија и Грција, односно македонските области Мала и Голема Преспа (егејскиот дел). Практично претставува срт на Сува Гора.[2]

Планината е сместена во Преспа, меѓу Големото Преспанско Езеро на север и Малото Преспанско Езеро на југ. Егејскиот дел на планината влегува во Националниот парк „Преспа“ и е вклучена во мрежата на заштитени подрачја Натура 2000. По планината минува албанско-грчката граница со граничните пирамиди бр. 1 - 10. Највисок врв е истимениот Калуѓер (1.480 м), кој е на албанска територија. На југ превојот Урида го двои од сртот Слива (гран. пирамида бр. 12).[2]

Во геолошки поглед, планината е сочинета од варовнички карпи.[2]

Врвовите на планината, дадени по висински редослед,[2] се следниве:

Име Албански/Грчки Висина
(м)
Местоположба Земја
Калуѓер Kalugerit 1.480 во западниот дел Албанија
Коно Κώνος, Κόνο 1.427 во источниот дел, гранична пирамида бр. 4 Албанија, Грција
Лофка Lofkë 1.408 во западниот дел Албанија
Церо 1.341 во средишниот дел, гранична пирамида бр. 3 Албанија, Грција
Марица Μαρίτσα 1.334 во источниот дел Грција
Градо Γκράντο, Μέγα 1.312 во источниот дел Грција
Вицари Нивје Βιζαρονίβιε, Βιζαράνια, Βιζαρόνιο 1.214 во средишниот дел, гранична пирамида бр. 2 Албанија, Грција

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 480. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 402. ISBN 978-960-86676-6-2.