Прејди на содржината

Белотинци

Координати: 41°24′N 23°53′E / 41.400° СГШ; 23.883° ИГД / 41.400; 23.883
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 11:05, 30 април 2024; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Белотинци
Λευκόγεια
Белотинци is located in Грција
Белотинци
Белотинци
Местоположба во областа
Белотинци во рамките на Неврокоп (Егејска Македонија)
Белотинци
Местоположба на Белотинци во Општина Неврокоп и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°24′N 23°53′E / 41.400° СГШ; 23.883° ИГД / 41.400; 23.883
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаНеврокоп
Општ. единицаНеврокоп
Надм. вис.&10000000000000654000000654 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно321
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Белотинци (грчки: Λευκόγεια, Левкогија; до 1927 г. Μπελοτίντσα, Белотинца[2]) — село во Општина Неврокоп во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 8 километри северно од општинскиот центар Неврокоп, во близина на границата со Бугарија во Белотинската Котлина помеѓу планините Стргач и Бесленски Рид. Покрај селото поминува реката Пикла крај вештачкото Белотинско Езеро.

Селото се наоѓа на надморска височина од 654 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство

[уреди | уреди извор]

Податоци за селото има задржано уште од средниот век. Во отоманските регистри од IV век селото е споменато како зијамет на Махмуд-бег Рекјани[3]. Во списокот на населените места со регистрирани имиња на главите на домаќинствата во втората половина на XV и почетокот на XVI век во селото Белотинци се регистрирани 129 лица[4]. Според отоманскиот список на населбите и немуслиманските семејства во нив, со оглед на нивното оданочување од 16 септември 1636 година, бројот на немуслиманските семејства во Белотинци е 36[5]. Според други два документа од 13 март и 22 мај 1660 година, во селото живеат 40 немуслимански семејства[6].

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Неврокопската каза на Серскиот санџак во составот на Отоманското Царство. Жителите главно се занимавале со рударство, за што сведочат топонимите како Пехци, Самоков, Мадема и други.

Во 1840 година во селото било изградено училиште со настава на грчки јазик. До 1870 училиштето имало црковен карактер за да во следната година се воведе бугарскиот јазик во наставата. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 294 семејства со 70 муслимани и 900 жители Македонци[7][8] Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) селото го евидентирал како село со 264 македонски и 29 турски куќи[9] и вторпат како село со 300 семејства Македонци[10].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 1920 жители од кои 1800 Македонци и 120 Турци[11]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1600 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, 30 Власи и 30 цигани[7][12].

По започнувањето на Балканските војни, 14 луѓе биле доброволци во Македонско-одрински доброволни чети[13]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1361 жител[14], додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 1183 жители[15]. Во текот на Балканските војни и на Првата светска војна, селото настрадало. Голем дел од населението побегнало кон Бугарија, и главно се населило во Неврокопско, Сливен и регионот и во Плевенско.[16] Под притисок на грчките власти, особено по познатиот инцидент во Трлис и Караќој од јули 1924 година кога биле убиени 17 Македонци, селото го напуштиле 1106 лица. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското исто така било принудено да замине од селото.

Во 1927 година, селото било преименувано во Левкогија[17].

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 246 грчки семејства со 878 лица[18]. Во 1928 година, бројот на населението бил 1212 лица, додека во 1940 година селото броело 1584 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 1057 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1278 жители, во 1971 година имало 745 жители, во 1981 година имало 605 жители, додека во 1991 година имало 611 жители[15]. Денеска, населението на селото е 465 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1584 1057 1278 745 605 611 573 465 321
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. Иванов, Йордан Н. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 10.
  4. Гандев, Христо (1989) [1972]. „Населени места с регистрирани имена на главите на домаќинствата (XV-XVI в.)“. Българската народност през XV век: Демографско и етнографско изследване (II издание. изд.). София: Наука и Изкуство.
  5. Грозданова, Елена. Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при Министерски съвет. стр. 41. ISBN 954-9800-14-8.
  6. Грозданова, Елена. Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при Министерски съвет. стр. 293, 295. ISBN 954-9800-14-8.
  7. 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 126-127.
  9. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 234-235.
  10. Веркович, Стефан. „Топографическо-этнографический очерк Македонии“. СПб, 1889.
  11. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 194.
  12. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 112-113.
  13. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 829.
  14. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-03.
  15. 15,0 15,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
  16. Иванов, Йордан Н. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 12
  17. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  18. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.