Белотински Планини
Белотински Планини | |
---|---|
Λευκογείων Βουνά | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 835 м |
Координати | 41°26′26″N 23°50′16″E / 41.4405° СГШ; 23.8379° ИГД |
Географија | |
Место | Неврокопско, Пиринска Македонија Драмско, Егејска Македонија |
Матичен венец | Родопски планински предел |
Белотински Планини (грчки: Λευκογείων Βουνά, Левкогион Вуна) — гранична планина меѓу Пиринска и Егејска Македонија, дел од Родопскиот планински предел.[1][2] Највисок врв е Перперика (835 м).
Опис
[уреди | уреди извор]Ова е група од мали врвови во северниот дел на Драмско (во денешна Грција) и јужниот дел на Неврокопско (во денешна Бугарија). Се протега меѓу граничната пирамида бр. 141 (760 м) на исток и пирамидата бр. 130 (710 м) на запад. Името Белотински Планини го добиваат од селото Белотинци (600 м).[1] Планините на запад граничат со Стргач преку седлото Митницата, а на исток со Бесленски Рид. На север е Неврокопската, а на југ се наоѓа Белотинската Котлина.[2]
Во Бугарија овој планински предел се смета за дел од Бесленски Рид.[3] Во 2013 г. Асен Асенов предложил планината (со Бесленски Рид) да биде наречена Перица Планина по името на иселеното село Перица во нејзиното североисточно поднојжје.[4]
Карпите на планината се гнајсови.[1]
До врвот се стасува од граничниот премин „Либјахово – Везме“ („Илинден - Ексохи“; гранична пирамида бр. 133, 710 м) за околу 1 час.[1]
Врвови
[уреди | уреди извор]Име | Грчки | Висина | Местоположба |
---|---|---|---|
Перперика,[2] Тобрук, Догрук | Τομπρούκ, Ντογρούκ | 895 м[1] | Бугарија Грција Пирамида бр. 134[1] |
Картал, Карталтепе | Αετός, Καρτάλ, Καρτάλ Λόφος/Τεπέ | 854 м[1] | Грција С од Маалџик[5] |
Камено | Καμένο, Παλιά Αμπέλια | 793 м[1] | Грција С од Белотинци[5] |
Кајабаир,[2] Каја | Πέτρα, Καγιά, Καγιά/Καγιάρ Μπαΐρ | 874 м[1] | Бугарија Грција Пирамида бр. 135[1] |
Печуца,[2] Перица | Πετρούτσα, Πετρίτσα | 860 м[1] | Бугарија Грција Пирамида бр. 138[1] |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 415. ISBN 978-960-86676-6-2.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 578. ISBN 954-90006-1-3.
- ↑ Асенов, Асен (2013). „Планината Перица (Бесленски рид) – част од защитена зона „Долна Места" – BG 0000220“ (PDF). Годишник на Софийския университет „Св. Климент Охридски“. Геолого-геогрфски факултет. София. 2. География (105): 196. ISSN 0324-2579.
- ↑ 5,0 5,1 Dráma GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)
|