Чрчишта (Костурско)
Чрчишта Τσάρτσιστα | |
---|---|
Координати: 40°28.51′N 21°5.53′E / 40.47517° СГШ; 21.09217° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Костур |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Чрчишта (дијалектно: Чрчишча; грчки: Τσάρτσιστα, Царциста) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.
Историја
[уреди | уреди извор]Според Тодор Симовски, Чрчишта било македонско село кое се запустило во урнатини.[1] Според еден грчки извор, некаде пред 1912 г. Чрчишта било село со околу 80 Албанци муслимани.[2] Георги Константинов Бистрицки за истиот период дава податок дека Чрчишта било чифлик со 2 албански муслимански куќи,[3] што е веројатно поточно, односно дека останатите биле работници на чифликот создаден на местото на напуштеното село.
По Првата балканска војна селото е припоено кон Грција. Во 1920-те државата довела грчки доселеници од Мала Азија. Во 1928 г. Чрчишта имало 52 жители (56 според Симовски)[1], од кои 32 биле малоазиски Грци, а 20 Албанци муслимани. По податок од 1932 г. селото имало 3 туѓојазични семејства. На пописот во 1940 г. се забележани 47 жители,[1] а пет години подоцна населението се зголемило на 54.[2]
По 1950 г. жителите постепено почнале да се преселуваат во соседното Добролишта, а во помала мера и берското село Микрогуш.[2] Атарот на Чрчишта потоа е присоединет кон селото Добролишта.
Стопанство
[уреди | уреди извор]На местото на селото има два склада за зрна, две куќи и кожарско претпријатие.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 47–48.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Το εγκαταλειμμένο χωριό "Τσάρτσιστα" Καστοριάς“. Φως της Καστοριάς. 16 септември 2019. Посетено на 22 септември 2019.
- ↑ Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
|