Корешта (село)
Корешта Νέος Οικισμός | |
---|---|
Црквата „Св. Пантелејмон“ во Корешта | |
Координати: 40°37.26′N 21°12.6′E / 40.62100° СГШ; 21.2100° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Костур |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 363 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 520 55 |
Повик. бр. | 24670-84 |
Корешта (дикалектно: Корешча; грчки: Νέος Οικισμός, Неос Икисмос или Κορέστια) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населено е исклучиво со Македонци.[2]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Корешта, на левиот (источен) брег на Рулска Река (Бистрица). Оддалечено е 12 км северно од градот Костур[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Селото е создадено во 1960-тите години со преселување на македонското население од околните села Габреш на десниот брег Рулска Река, Горно и Долно Дреновени и Чрновишта и Поздивишта на левиот. Властите подигнале 150 нови куќи со намера да го префрлат населението со цел негово полесно контролирање. Во пописите од 1971 и 1981 г. населбата е заведена без жители, бидејќи населението сè уште одбивало да ги напушти старите села.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 218 | 420 | 363 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 34. ISBN 9989-9819-6-5.
|