Олишта
Олишта Μελισσότοπος | |
---|---|
Олишта со манастирот „Св. Врач“ над него | |
Координати: 40°34′N 21°23′E / 40.567° СГШ; 21.383° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Свети Врач |
Надм. вис. | 732 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 199 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Олишта (дијалектно: Олишча; грчки: Μελισσότοπος, Мелисотопос; до 1927 г. Χόλιστα, Холиста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 20 километри источно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во јужните делови на Нередска Планина и на 10 километри североисточно од Горенци. Селото се наоѓа на надморска височина од 732 метри. Над селото се наоѓа манастирот „Свети Врач“.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XV век во Кономлади биле евидентирани 160 глави на домаќинства[3]
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Олишта се состоело од 40 семејства со 150 жители муслимани и 400 Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Олишта имало 390 жители Македонци[4][6]. Во 1902 година наставникот Илијас Папанастасиу пишува дека 30 од 70-те семејства во селото поминале под влијание на Бугарската егзархија. Кон крајот на март 1903 година во селото бил ракоположен егзархиски свештеник.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Олишта се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 67 куќи.[7]
Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, биле изгорени 3 од 90 куќи[8]. Според друг извор селото не настрадало, а во него засолниште нашле побегнатите семејства од Загоричани и Б’мбоки[9].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 546 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работело бугарско училиште[4][10], како и 496 македонски патријаршисти[11]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 90 македонски семејства[12]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади[13]
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[14]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 412 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 286 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Мелисотопос.[15]
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 45 деца од селото биле протерани како деца бегалци[16]
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото броело 336 жители.[17], додека во 1940 година селото броело 362 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 233 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 243 жители, во 1971 година имало 210 жители, во 1981 година имало 203 жители, додека во 1991 година имало 212 жители[18]. Денеска, населението на селото е 199 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 362 | 233 | 243 | 210 | 203 | 212 | 199 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
- „Св. Атанасиј“ од XIX век
- „Св. Спиридон“ од XIX век
- Манастири
- Олишки манастир („Св. Врач“) од 1457 г.
Личности
[уреди | уреди извор]- Ангелина Кузова Валчева (р. 1924)[19]
- Васил Јанков (1875 - ?)[20]
- Велика Христова Попова (р. 1921)[21]
- Димитар Иванов (1887 - ?)[22]
- Георги Киров[23][24]
- Елефтера Кузова Скеклиова (1928 - ?)[25]
- Костадин Николов (1883 - ?)[26]
- Спиридон Попхристов (1887 - 1964)
- Спиро Кузов (1887 - ?)[27]
- Тома Алеков Скеклиов (1924 - ?)[25]
- Фана Аргирова Шопова (р. 1920)[28]
- Фана Григорова Гошева (р. 1913)[29]
- поп Христо Поп-Михајлов (1857 - 1930)[24]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Χόλιστα – Μελισσότοπος
- ↑ Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 97.
- ↑ Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 294.
- ↑ Илюстрация Илинден, бр.136, стр. 14
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
- ↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Sidiroxori.[мртва врска]
- ↑ Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
- ↑ Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-18.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-18.
- ↑ Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно Управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 86. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 2015-08-31.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 821.
- ↑ Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно Управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 356. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 2015-09-04.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 282.
- ↑ „Το Ίδρυμα Μουσείου Μακεδονικού Αγώνα“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-18.
- ↑ 24,0 24,1 Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 86.
- ↑ 25,0 25,1 Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 382. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 2015-09-04.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 507.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 393.
- ↑ Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 467. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 2015-09-05.
- ↑ Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 115. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 2015-08-31.
|