Б’мбоки
Б’мбоки Σταυροπόταμος | |
---|---|
Координати: 40°33′N 21°24′E / 40.550° СГШ; 21.400° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Свети Врач |
Надм. вис. | 684 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 173 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Б’мбоки или Бомбоки (грчки: Σταυροπόταμος, Ставропотамос, до 1927 Μπομπόκι, Бомбоки)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на неколку километри североисточно од градот Костур и Костурското Езеро и јужно од Лерин, во историско-географската област Пополе. Селото се наоѓа на надморска височина од 684 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XV век во селото имало 42 глави на семејствата[3]. Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население било споменато дека селото има 37 глави на семејства и тројца неженети: Продан, Папа Алекса, Мано, Нено, Никола, Добривој, Трајко, Петру, Дабижив, Рајко, Алекса, Алекса, Балче, Петко, Драгослав, Јован, Никола, Степан, Томче, Јорги, Јаано, Тинош, Милош, Коста, Васо, Томчо, Хранко, Никола, Којо, Станојло, Нено, Мано, Рајко, Белче, Манос, Стано, Радослав, Којо, Петру и Тодор, и една вдовица Мара. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 2.746 акчиња[4].
Во текот на XV век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Б’мбоки се состоело од 60 семејства со 175 жители Македонци[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Б’мбоки имало 260 жители Македонци[5][7].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бамбоки е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 40 куќи.[8]
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци и работело егзархиско училиште[5][9].
Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало трипати од страна на османлиските војски. Во текот на овие настани биле изгорени сите 80 куќи[10][11]. Според друг извор, биле изгорени 43 куќи и биле убиени: Стефан Гисчев, Петре Стефанов, Диме Николов, Дедо Христо, старците Делиоланов и Делиоланова[12].
Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканските војни имало 60 македонски семејства.[13] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период го дава Бомбик со 40 куќи на Македонци христијани.[14]
Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало и било окупирано од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 228 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 197 жители. Во 1926 година, селото било преименувано во Ставропотамос.[15]
Во текот на Втората светска војна, селото било нападнато од грчки банди, но нападот бил одбиен. Во текот на Грчката граѓанска војна селото пострадало во голема мера. Во овој период бил извршен итн. масакар во Б’мбоки, кога грчката владина армија влегле во селото и под сомневање дека жителите соработувале со ДАГ, затвориле десет селани, од кои осум жени и двајца мажи, и свирепо ги убиле[16]. Во текот на граѓанската војна, вкупно биле убиени 39 лица, додека 89 се иселиле во Македонија или социјалистичките земји од Источна Европа. Вкупно 81 дете било изнесено од селото како деца-бегалци.
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото имало 220 жители.[17], додека во 1940 година селото броело 295 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 125 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 150 жители, во 1971 година имало 147 жители, во 1981 година имало 164 жители, додека во 1991 година имало 202 жители[18]. Денеска, населението на селото е 235 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 295 | 125 | 150 | 147 | 164 | 202 | 235 | 173 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Б’мбоки
- Александра Тодорова Василева (р. 1910)[19]
- Антон Кирјаков[20]
- Аргир Јанков (1890 - ?)[21]
- Ахилеас Методиев Василев (р. 1933)[22]
- Димитар Попниколов (? - 1946)[23]
- Козма Митов[24]
- Методи Михајлов Василев (р. 1910)[25]
- Спиро Василев (1874 - ?)[26]
- Стојан Киселиновски (р. 1943 г.) — историчар
- Јани Георгиев[27]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Οξυά
- ↑ Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
- ↑ Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 86
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 97.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 180-181.
- ↑ „Автономия“, № 39, 45, 46, наведено според: Тзавела, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София, 2003, стр. 23.
- ↑ Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 294.
- ↑ Илюстрация Илинден, бр.136, стр. 14
- ↑ Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 19.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ С. Киселиновски, Грчката колонизација во Егејска Македонија (1913–1940), Скопје, 1981.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-11.
- ↑ Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно Управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 77. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 2015-08-31.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 348.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 821.
- ↑ Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно Управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 74. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 2015-08-28.
- ↑ „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2016-03-11.
- ↑ Българската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр. 424.
- ↑ Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно Управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 75. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 2015-08-31.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 113.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 174.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|