Прејди на содржината

Ѓулхански хатишериф

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓулханскиот хатишериф (Ѓулхан-дворец; хатишериф-наредба од Султанот) ― најголем реформаторски акт во период од историјата на Отоманското Царство, со кој почнал реформаторски период познат како танзимат.[1]

Тој бил донесен на 3 ноември 1839 година, со ферман на султанот Абдул Меџид I (1839-1861). Овој акт го укинал спахискиот ред и прокламирал целосна рамноправност помеѓу населението пред законот, без разлика на неговата етничка или верска припадност. На поданиците им била гарантирана сигурноста на имотот и честа, а било објавено и искоренување на митото. Покрај тоа, тој дозволувал изградба, доградба или реновирање на цркви и манастири и давал можност за основање и организирање на црковни-училишни општини. Иако имал силен одек во Европа, поради силната опозиција и моќната бирократија, неговите одредби за еднакви права на христијаните и муслиманите во практиката никогаш не биле спроведени.[1]

И покрај тешкото спроведување, ова било значаен чекор во модернизацијата на Отоманското Царство, која значително заостанувала позади своите тогашни соперници, Австроунгарија и Русија. Ова било потврдено на 18 февруари 1859 година, со што султанот им ветувал на странските земји дека во неговата империја населението е рамноправно. Така, населението сега можело повторно да ги изгради своите храмови, коишто и покрај отпорот на муслиманското население биле изградени.

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 171. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)