Прејди на содржината

Америка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Америки)
Оваа статија е за двата континента на Америка. За поедините континенти видете, Јужна Америка, Средна Америка и Северна Америка, додека за државата често наречена Америка, видете САД.

Америка е термин кој се користи за заедно да се означат континентите Северна Америка и Јужна Америка. Оваа огромна земјена маса се наоѓа меѓу Атлантскиот и Тихиот Океан. Терминот често ги вклучува и Карибите, односно островите во Карипското Море, и Гренланд, иако не и Исланд, заради културни и историски причини. Средна Америка најчесто географски се смета за дел од Северна Америка. Америка често се нарекува западна полутопка, или за време на колонијалната ера, Новиот Свет.

ЦИА карта на Америка

Најчесто кога се зборува за Америка, во македонскиот јазик, се претпоставува дека се работи за два континента - Северна Америка и Јужна Америка. Но, во шпанскиот јазик на пример, се претпоставува дека се работи за еден континент, Америка. Се случува и во македонскиот јазик да се најде референца за Америка како Новиот Свет во целина, како на пример во реченицата: „Кристофер Колумбо ја открил Америка.“

Концептот за еден континент се појавува тематски, како на пример, петте прстени на Олимпиското знаме, ги претставуваат населените континенти, но само еден од нив се однесува за Америка, во целина.

Луѓето кои живеат на Американскиот континент понекогаш се нарекуваат Американци, иако зборот Американец, во македонскиот јазик, како и во многу други јазици, најчесто се употребува за да означи граѓанин на Соединетите Американски Држави. Шпанскиот јазик ги користи термините norteamericano ("Северен Американец") или estadounidense (буквално "Соединетодржавец") кога станува збор за граѓаните на САД. Во францускиот, се користи кованицата états-unien (états-unienne за жена), иако вообичаен е терминот américain(ne). На германски, зборот Amerikaner се користи за граѓанин на Соединетите Американски Држави, иако често е потребно да се употреби појасниот термин US-Amerikaner. Во Италија зборот Americano се користи луѓето кои живеат во САД, но зборот Statunitense исто така се користи.

Во Португалија и Бразил, жителите на САД се нарекуваат americanos, а за формални потреби norte-americano, додека терминот estadunidense се користи многу ретко.

Одлики на населението

[уреди | уреди извор]

До откривањето на Америка на овие континенти живеело малобројно домореодечко население. Него го претставувале: Ескими, Индијанци, Ацтеки, Маи и Инки. По откривањето на Америка започнува масовно доселување на население од повеќе еропски земји: Англија, Франција, Шпанија, Португалија, Холандија, Италија, Гермнанија итн. Тие, колонизаторите, сурово го експлоатирале и физички го уништувале доморедечкото население, така што денес од домородечко население е останат само мал број. Во XVIII и во XIX век во Америка присилно бил донесен голем број црнечко население од Африка. Во услови на забрзан економски развој, емиграцијата на белото население од Европа кон Америка се зголемувала. При процесот на колонизацијата, најголемо влијание извршиле Англичаните, Французите, Шпанците и Португалците. Токму затоа, денес во Северна Америка најголемо е англосаксонското и француското влијание. Во Средна и во Јужна Америка останало Шпанија влијание, а во Бразил Португалија. Соодветно на тоа, во Северна АМерика се зборува англиски, во регионот Квебек во Канада - француски, во Средна и во Јужна Америка - шпанскиот јазик, а во Бразил португалскиот. Денес на американските континенти живеат околу 794 милиони жители. Од нив во Северна Америка живеат околу 340 милиони жители, во Средна Америка - 190 милиони, а во Јужна Америка - 390 милиони жители.. Најгусто населени се средишните и источните делови ан САД, земјите на Средна Америка и приатланските брегови на Јужна Америка. Природниот прираст во САД и во Канада се движи околу 6 промили. Во поголем дел од државите на Средна и на Јужна Америка природниот прираст изнесува над 28 промили, како на пример, во Мексико, Венецуела, Бразил, Боливија и други, а во некои е околу 20 промили. Во државите на Америка денес се издифиренцирани посебни нации и народи, како што се Канаѓани, Американци (жители на САД), Мексиканци, Бразилци, Аргентинци, Кубанци итн. Во нив живеат разни народи, кои се доселени од многу земји од светот. Но, егзистира и мешано население, како што се мулати(помеѓу белци и црнци); местици(помеѓу белци и Индијанци); замбоси(помеѓу црнци и Индијанци). Мулатите се најзастапени во САД, местиците во Средна и Јужна Америка, замбосите во Бразил, а нешто помалку во другите јужноамерикански земји.

Регионална поделба

[уреди | уреди извор]

Америка е заедничкото име за двата континента. Географски, двете континентални маси се делат на Северна и Јужна Америка. Меѓутоа, поради историски, јазични, цивилизациски, стопански и други разлики - во минатото од Северна Америка како посебна се издвоила Средна Америка. Според тоа, Америка се дели на 3 регионални целини, и тоа: Северна, Средна и Јужна Америка.

  • Северна Америка ги зафаќа континенталните и островските територии на Соединетите Американски Држави и Канада, односно териториите северно од државата Мексико.
  • Средна (Централна) Америка ги зафаќа континенталните делови на Северна Америка од границата меѓу САД и Мексико до Панамскиот Канал и териториите на островите Големи и Мали Антили и Бахамските Острови. На овој простор, покрај Мексико, се наоѓаат поголем број приморски и островски држави.
  • Јужна Америка е третата регионална целина, која се простира јужно од Панамскиот Канал. Во неа се вбројуваат сите континентални и приморски држави и островски територии.

http://e-ucebnici.mk/ Архивирано на 26 јуни 2012 г.