Баштево
Баштево | |
Координати 42°13′36″N 22°14′30″E / 42.22667° СГШ; 22.24167° ИГД | |
Општина | Крива Паланка |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 15002 |
Надм. вис. | 828 м. м |
Баштево на општинската карта Атарот на Баштево во рамките на општината | |
Баштево — село во Општина Крива Паланка. Селото се наоѓа северозападно од градот Крива Паланка и е дел од географската област Славиште.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Баштево се наоѓа северозападно од градот Крива Паланка и е од разбиен тип. Географски е дел од областа Славиште. Селото се наоѓа во подножјето на планината Герман на десниот брег на Баштевска Река. Јужно од селото се наоѓа селото Длабочица, источно е селото Габар, северно е Метежево, а западно е Општина Ранковце. Од градот Крива Паланка селото е оддалечено 16,5 км.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век селото било дел од Кривопаланечката каза на Отоманското Царство.
По Првата светска војна селото имало 489 жители[2].
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот зафаќа простор од 7,2 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 300,2 ха, на пасиштата отпаѓаат 304,8 ха, а на шумите 71,1 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Конопница живееле 264 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мождивњак имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Населбата е мала, а со оглед на тоа дека некои маала се наполно раселени, и вкупниот број на населението се намалил. Така, во 1961 година селото броело 214 жители, а во 1994 година само 42 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото има население од 13 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 1 Македонец и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 264 | 256 | 199 | 232 | 244 | 243 | 94 | 36 | 42 | 13 | 3 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Баштево е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички. Родови во Баштево се: Вргинци (3 куќи) староседелци; Риѓани (10 куќи) и Ѓоринци (5 куќи) потекнуваат од двајца браќа Стојан и Ѓоре, доселени се од селото Сурлица во Горна Пчиња. Во родот Риѓани се знае следното родословие: Наско (жив на 70 г. во 1973 година) Јаќим-Павле-Атанас-Стојан, основачот на родот кој се доселил; Грамадчани (4 куќи) доселени се однекаде; Попиќевци (2 куќи) исто така доселени се однекаде; Качаровци (1 куќа) и они не знаат од кај се доселени; Аџици (1 куќа) доселени се однекаде; Брајановци (3 куќи) најмлад род во селото, доселени се од соседното село Петралица.[13]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Староседелци: Павловци (3 к.), Качарци (1 к.) и Вргинци (5 к.)
- Доселеници: Ѓоринци (4 к.) доселени се околу 1805 година од селото Сурлица кај Трговиште (Горна Пчиња); Попиќовци (7 к.) доселени се во 1860 година од селото Оризари кај Кочани; Грамаци (5 к.) доселени се околу 1820 година од селото Сурлица кај Трговиште во Горна Пчиња; Брејанци (3 к.) околу 1825 година се одвоиле од својот матичен род (Брејановци) во Петралица; Милошовци или Кокорејци (5 к.) доселени се околу 1835 година од селото Сурлица кај Трговиште во Горна Пчиња; Дидинци (2 к.) доселени се околу 1888 година од селото Тлминци.[14]
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1953 година:
- Од Павловци иселеници има во: Младо Нагоричане кај Куманово (едно семејство од 1921, во 1953 г. се две). и во Црвулево во Општина Карбинци (едно семејство од 1927 година).
- Од Качарци иселеници има во: Димонце кај Кратово (едно семејство од 1922 година), и во Јабука во Војводина (три семејства од 1946 година).
- Од Ѓоринци иселеници има во: Романија (едно семејство од 1903 година), Крива Паланка (едно семејство од 1921 година) и во Качарево во Војводина (едно семејство од 1946 година).
- Од Грамадци иселеници има во: Ерџелија во Овче Поле (едно семејство од 1923 година) и во Качарево во Војводина (три семејства од 1946 година).
- Од Брејанци иселеници има во: Горобинци во Овче Поле (едно семејство од 1920 година).
- Од Кокорејци иселеници има во: Горобинци во Овче Поле (едно семејство од 1923 година) и во Качарево во Војводина (едно семејство од 1946 година).[14]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, стр. 29.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 22.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 224.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 142-143.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ. стр. 280–281.
- ↑ 14,0 14,1 Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Месни заедници на Општина Крива Паланка на официјалната страница.
- Сателитска снимка на Баштево на Карти на Гугл
|