Прејди на содржината

Дрење

Координати: 42°13′45″N 22°20′56″E / 42.22917° СГШ; 22.34889° ИГД / 42.22917; 22.34889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дрење

Поглед на селото

Дрење во рамките на Македонија
Дрење
Местоположба на Дрење во Македонија
Дрење на карта

Карта

Координати 42°13′45″N 22°20′56″E / 42.22917° СГШ; 22.34889° ИГД / 42.22917; 22.34889
Регион  Североисточен
Општина  Крива Паланка
Област Славиште
Население 88 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1330
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15015
Надм. вис. 820 м
Слава Ѓурѓовден
Дрење на општинската карта

Атарот на Дрење во рамките на општината
Дрење на Ризницата

Дрење (понекогаш се сретнува и како Дрења) — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Славиште, во средишниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, од десната страна на Крива Река, во непосредна близина на градот Крива Паланка, поради што припаѓа на неговата рурбална зона.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 820 метри.[2]

Селото се наоѓа во близина на Крива Паланка, северно од градот. Сместено е во долината на малата Дренска Река, десна притока на Крива Река. Поголемиот дел од селото се наоѓа на левиот брег. Околни села се Лозаново на југозапад и Киселица на североисток.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Булток, Габрак, Мал Габрак, Мазна ’Ртина, Големи Рид, Заметина, Ајдучка Орница, Длаге Њиве, Веришков Рид, Милкини Крушки и други.[3]

Селото е од разбиен тип. Се разликуваат маала по родовите кои живеат во него.[3]

На север се граничи со селата Осиче и Киселица, на исток со селото Кркља, на југоисток со селото Варовиште, на југ со градот Крива Паланка и селото Лозаново и на запад со селото Градец.

Историја

[уреди | уреди извор]

На атарот на селото се сретнуваат одредени старини. Тоа се ретки гробови и ќупови. Веројатно претходната населба пропаднала од некоја причина.[3]

Денешната населба не е многу старо село. Потекнува од средината на XIX век, кога било основано од доселеници, кои ја обработувале турската земја. Земјоделските производи биле делени по пола помеѓу земјопоседниците и селаните. По 1912 година, истата земја била откупена од страна на селаните.[3]

Во XIX век, Дрење било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 16,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.007,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 321,4 хектари, а на пасиштата 263,1 хектар.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]

До Втората светска војна бил развиен сточарскиот живот. Биле одгледувани овци, кози и говеда, додека земјоделството не било толку развиено.[3]

По војната ситуацијата се променила и денес многу малку мештани се занимаваат со сточарство или земјоделство.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948139—    
1953154+10.8%
1961151−1.9%
1971148−2.0%
1981158+6.8%
ГодинаНас.±%
1991107−32.3%
1994211+97.2%
200290−57.3%
202188−2.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дрење имало 122 жители, од кои 102 Македонци и 20 Роми.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Дрење имало 80 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

По Првата светска војна селото било дел од општината Градец и имало 94 жители.[6]

Селото е мало, кое што во 1961 година броело 151 жител, а во 1994 година 211 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Дрење живееле 90 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 88 жители, од кои 84 Македонци и 4 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 122 80 139 154 151 148 158 107 211 90 88
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Дрење е македонско село.[3]

Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Пушкарци или Јовановци (6 к.), Каракачанци (5 к.), Булатовци (4 к.), Петревци (3 к.), Булутурци (3 к.) и Кампевци (2 к.), сите се доселени, но не знаат од каде. Предците на наведените родови се доселени околу средината на XIX век. Во селото Градец постои маало Пушкарци, па возможно е првиот род да е доселен од таму.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Илијевци (3 к.)
  • Доселеници: Тасковци (4 к.) доселени се околу 1790 година од непознато место; Булутарци (2 к.) однекаде дошле околу 1850 г.; Булуци или Стојчевци (12 к.) и они се доселени однекаде околу 1860 година; Јунусци (1 к.) доселени се од некое околно село; Којкарци или Шуќурци (1 к.) доселени се во 1863 година од селото Мартиница; Шалбаковци или Шамбакарци (1 к.) доселени се во 1903 година од селото Луке; Ѓоргијовци (1 к.) доселени се од Луке во 1918 година.[13]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кривопаланечка градска општина, во која покрај градот Крива Паланка, се наоѓале и селата Б’с, Варовиште, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Киселица, Конопница, Кошари, Лозаново, Мартиница и Станци. Селото припаѓало на градот Крива Паланка и во периодот 1950-1952, кога покрај него се наоѓале и селата Варовиште, Кошари и Лозаново.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0941 според Државната изборна комисија, кое е сместено во месната заедница.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 45 гласачи.[15]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Иселеништво има воглавно во градот Крива Паланка.[3]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 115. Посетено на 27 мај 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 271–272.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  6. „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София, 1917, с. 29“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-12.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 мај 2019.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 27 мај 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2021-02-19. Посетено на 27 мај 2019.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]