Мартиница
Мартиница | |
Координати 42°11′21″N 22°19′32″E / 42.18917° СГШ; 22.32556° ИГД | |
Општина | Крива Паланка |
Население | 125 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 15031 |
Надм. вис. | 987 м |
Мартиница на општинската карта Атарот на Мартиница во рамките на општината | |
Мартиница на Ризницата |
Мартиница — село во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Славиште, во северните ограноци на Осоговските Планини, оддалечено на 2,5 километри јужно од Крива Паланка. Атарот на селото зафаќа површина од 5,57 квадратни километри. На север се граничи со градот Крива Паланка, на исток и југоисток со селото Дурачка Река и на југозапад и запад со селото Конопница.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век селото било дел од Кривопаланечката каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мартиница живееле 285 жители, од кои 240 Македонци и 45 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мартиница имало 184 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 157 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 125 жители, од кои 121 Македонец, 1 Албанец и 3 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 285 | 184 | 302 | 355 | 310 | 345 | 245 | 179 | 182 | 157 | 125 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]Мартиница е македонско православно село, родовите во селото сите се доселени, селото потекнува од околу 1850та кога се населил првиот род. Родови во Мартиница се: Бујинци (8 куќи) доселени се од некаде, околу 1850та они се најстар род во селото, основачот на родот се викал Бујо; Радевци (6 куќи) доселени се од некое село кај Сурдулица, го знаат следното родословие: Милан (жив на 58 г. во 1973 година) Стојан-Стеван-Раде, основачот на родот кој се доселил; Басјанци (4 куќи) доселени се после споменатите два рода од селото Б’с, во Б’с се доселени од селото Караманица кај Босилеград, го знаат следното родословие: Спасе (жив на 60 г. во 1973 година) Ѓорѓе-Младен, кој се доселил од Б’с; Калакасовци (7 куќи) доселени се однекаде, после претходниот род; Пауновци (4 куќи) ни они не знаат од каде се доселени.[11]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Староседелци: Ристовци (1 к.) и Калакасовци (9 к.)
- Со непознато потекло: Лековци (2 к.)
- Доселеници: Ѓоргијовци (2 к.) доселени се однекаде, одамна; Ѓаковци (2 к.) и они се доселени однекаде; Пауновци (6 к.) доселени се пред 1820 година, однекаде; Гранџовци (3 к.) и тие се доселени од непознато место, околу 1860 година; Бујинци (8 к.) доселени се од селото Петралица, каде имале роднини; Радевци (12 к.) доселени се околу 1840 година од околината на Сурдулица во Србија; Базјани (5 к.) доселени се од селото Бс; Зајци (2 к.) доселени се од селото Конопница; Попанци (2 к.) и они се од Конопница; Лепојци (3 к.) доселени се околу 1866 од некое место Сураица; Стаменковци (1 к.) доселени се од селото Киселица.[12]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 225.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.142-143.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ. стр. 328–329.
- ↑ Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|