Бостанџиовци
Бостанџиовци | |
---|---|
Координати: 40°50.17′N 21°8.20′E / 40.83617° СГШ; 21.13667° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Преспа |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Бостанџиовци — поранешно село во Преспанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало во областа Голема Преспа и денес е маало на Р’мби.
Историја
[уреди | уреди извор]Бостанџиовци било македонско село, кое многу подоцна станало албанско. Се споменува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Боштани, хас на падишахот, со 16 христијански семејства и 16 ергени христијани.[1] При крајот на XVIII или почетокот на XIX век власта тука доселила Албанци[2]
Во XIX век Бостанџиовци било албанско село во Долнопреспанската нахија на Битолската каза. За време на Илинденското востание во 1903 г. Бостанџиовци е нападнато од македонски чети. Со време селото станало маало на Р’мби.
За време на Првата балканска војна селото е окупиарно од грчка војска, а по Втората балканска војна Бостанџиовци влегло во состав на Грција.
Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор, населението како муслиманско било принудено да се исели во Албанија, а на негово место се доведени 8 грчки семејства од Кавказ.[3] Со егзодусот на Македонците од Р’мби, овие на овие семејства им бил доделен нивниот имот во главнината на селото.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Yeni, Harun (септември 2006). Demography and settlement in Paşa Sancağı Sol-Kol Region according to Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli Defteri dated 1530 : A Master’s Thesis (PDF). Ankara: Bilkent University. Department of History. стр. 117.
- ↑ 2,0 2,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 348. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 142. ISBN 9989-9819-6-5.
|