Опаја
Опаја Οπάγια | |
---|---|
Координати: 40°48′N 21°07′E / 40.800° СГШ; 21.117° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Преспа |
Општ. единица | Штрково |
Надм. вис. | 993 м |
Население (Пред Балканските војни) | |
• Вкупно | раселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Опаја или Опаа (грчки: Οπάγια, Опаја) — поранешно преспанско село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Преспа, во областа Западна Македонија. Селото се распаднало уште пред Балканските војни заради надојдените води[1].
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Дреново е сместено на североисточниот брег на Малото Преспанско Езеро, меѓу селата Штрково, Медово и Рудари. Селото се наоѓа на надморска висина од 993 м. Атарот на селото влегува во составот на општината Штрково.
Топоними
[уреди | уреди извор]Ова е список на позначајните топоними во Опаја и околината:[2]
Бакојца, Градината, Келепурица, Короите, Корубина, Матица, Маторица, Орман, Патреа Чезма, Перово, Ракидје, Реката, Свети Никола, Сињак, Слого.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото се раселило пред Балканските војни заради надојдените води. Неговите жители се преселиле во соседните села Штрково и Рудари[1].
Демографија
[уреди | уреди извор]На почетокот на XX век според К’нчов селото броело 60 жители, а имало 15 македонски куќи.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Опаа се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје. стр. 166.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 409. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|