Еловец
- За кичевското село видете Ехлоец.
Еловец | |
Координати 41°38′46″N 21°39′18″E / 41.64611° СГШ; 21.65500° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Чашка |
Население | 35 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 29024 |
Надм. вис. | 450 м |
Еловец на општинската карта Атарот на Еловец во рамките на општината | |
Еловец на Ризницата |
Еловец — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Историја
[уреди | уреди извор]Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година селото имало околу 46 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 35 жители, од кои 22 Македонци, 9 Албанци, 1 останат и 3 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 275 | 248 | 298 | 303 | 270 | 245 | 164 | 95 | 91 | 46 | 35 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови
[уреди | уреди извор]Еловец е село населено со Македонци.
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото:
- Доселеници: Крушаровци (6 к.), Занини (3 к.), Оџовци (3 к.), Матмаровци (2 к.),Гоневци (2 к.), Јосифовци (3 к.), Божанини (2 к.), Чардаковци (1 к.), Мијаковци (1 к.), Ицовци (1 к.), Китини (1 к.) и Донини (1 к.) доселени се од соседното раселено село Црници. Крушаровци се гранка од истоимениот род во Чашка; Цветини (8 к.) доселени се од соседното село Крива Круша. Таму им се роднини Шоповци; Бошкови (4 к.) доселени се однекаде; Родови доселени после Првата и Втората светска војна: Коларовци (2 к.) доселени се од селото Бистрица; Црешневци (2 к.) доселени се од селото Црешнево; Дреновчани (2 к.) доселени се од селото Дреново.[8]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 2231 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект на месната заедница.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта
- Дабје — населба од доцноантичко време
- Мери — населба и некропола од доцноантичко време
- Скривница — некропола од доцноантичко време
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|