Прејди на содржината

Крива Круша

Координати: 41°36′0″N 21°37′26″E / 41.60000° СГШ; 21.62389° ИГД / 41.60000; 21.62389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Крива Круша
Крива Круша во рамките на Македонија
Крива Круша
Местоположба на Крива Круша во Македонија
Крива Круша на карта

Карта

Координати 41°36′0″N 21°37′26″E / 41.60000° СГШ; 21.62389° ИГД / 41.60000; 21.62389
Регион  Вардарски
Општина Чашка
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29033
Надм. вис. 559 м
Крива Круша на општинската карта

Атарот на Крива Круша во рамките на општината

Крива Круша — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес. Селото порано се сметало географски центар на Македонија.[2] но според новите истражувања за центар на Р Македонија бил утврден Длабок Дол кај селото Долно Врановци во истата општина.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото се оформило во средината на XVIII век.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948287—    
1953261−9.1%
1961210−19.5%
197181−61.4%
198117−79.0%
ГодинаНас.±%
19912−88.2%
19940−100.0%
20022—    
20210−100.0%

Селото е пред целосно изумирање, во 2002 година забележани се само 2 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 155 152 287 261 210 81 17 2 0 2 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Крива Круша е македонско село.

Според истражувањата од 1966 година, родови во селото:

  • Староседелци: Ничовци (2 к.), Нефтановци (1 к.), Бегиновци (2 к.) и Трајановци (2 к.) предците на наведените родови живееле во месноста Селиште, таму најпрво се наоѓало селото, тоа било во планинскиот дел од атарот на селото.
  • Доселеници: Шоповци (13 к.) и Дамјановци (2 к.) потекнуваат од заеднички предок доселен однекаде на почетокот од XIX век. Според името веројатно потекнуваат од Шоплукот (Кратовско, кривопаланечко). Го знаат следното родословие: Ивко (жив на 80 г. во 1966 година) Ѓошо-Пано-Здраве-Ангелко, основачот на родот кој се доселил. Шоповци се поделени и на други две гранки, Здравевци и Алтановци. Во околните села Извор и Еловец имаат свои иселеници.[9]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2233 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект сопственост на Бобан Здравевски на селото Ново Село.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Во 1900 година во селото имало само 15 домаќинства. Но со природен прираст селото нараснало на 40 домаќинства. После Втората светска војна населението почнало помасовно да се иселува, пред се во градот Велес. Иселеници имало и во некои околни велешки села (Еловец, Извор, Војница, Сојаклари).[9]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Пречков, Петар (7 октомври 2010). „Опусте центарот на Македонија“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2021-05-25. Посетено на 2010-10-07.
  3. Крива Круша веќе не е срцето на Македонија Архивирано на 17 ноември 2018 г. - Дневник, 3 август 2011
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. 9,0 9,1 . Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]