Прејди на содржината

Климештани

Координати: 41°15′21″N 20°46′1″E / 41.25583° СГШ; 20.76694° ИГД / 41.25583; 20.76694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Климештани
Климештани во рамките на Македонија
Климештани
Местоположба на Климештани во Македонија
Климештани на карта

Карта

Координати 41°15′21″N 20°46′1″E / 41.25583° СГШ; 20.76694° ИГД / 41.25583; 20.76694
Општина  Дебрца
Население 37 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 19020
Надм. вис. 904 м
Климештани на општинската карта

Атарот на Климештани во рамките на општината
Климештани на Ризницата

Климештани — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Климештани се наоѓа во областа Дебрца, во подножјето на Караорман.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948133—    
1953145+9.0%
1961156+7.6%
1971156+0.0%
1981150−3.8%
ГодинаНас.±%
1991115−23.3%
199457−50.4%
200257+0.0%
202137−35.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Климештани живееле 80 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Климештани имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Климешчани (Климентово) е претставен како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Климештани живеат 57 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 37 жители, од кои 35 Македонци и 2 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 80 80 133 145 156 156 150 115 57 57 37
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Климештани е македонско православно село, селото не е многу старо, настанато е околу 1840 година.[12]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940тите, родови во селото:

  • Староседелци: Белевци (10 к.), Којовци (3 к.) и Крушаровци со Јолевци (3 к.)
  • Доселеници: Поповци или Цветковци (4 к.) за нивното потекло има две преданија, според првото доселени се од кичевско, а според второто припаѓаат на родот Поповци во Мешеишта; Крстановци (4 к.) доселени се од струшкото село Ложани, каде припаѓале на родот Шурдовци.[13]

Според истражувањата од 1977 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Белевци (15к.) еден од трите најстари родови во селото, доселени се од сега раселеното село Црско кое постоело во атарот на селото Поум; Крушаровци (4 к.) доселени се кога и Белевци, доселени се од селото Куратица; Крстановци (2 к.) доселени се кога и претходните два рода, доселени се од селото Волино; после овие 3 рода во селото се населиле Наумовци (3 к.) и Димитриевци (2 к.) доселени се од селото Мешеишта, во родот Димитриевци се знае следното родословие: Аргир (жив на 73 г. во 1980 година) Коста-Лазо-Димитрија кој се доселил од Мешеишта. Во Мешеишта припаѓале на родот Поповци.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1348 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 44 гласачи.[15]

Иселеништво

Постари иселеници од селото има во Северна Америка (1 семејство) од 1923 година, и во Романија (2 семејства) од 1904 година.[13]

Иселеништвото продолжило помасовно после 1960 година и има иселеници во Охрид и Австралија.[12]

Личности

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.253
  3. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 164-165.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  13. 13,0 13,1 . Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Климештани. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]