Косевица
Косевица | |
Куќи во Косевица | |
Координати 42°02′27″N 22°36′47″E / 42.04083° СГШ; 22.61306° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Македонска Каменица |
Област | Осоговија |
Население | 161 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2304 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09015 |
Надм. вис. | 780 м |
Косевица на општинската карта Атарот на Косевица во рамките на општината | |
Косевица на Ризницата |
Косевица — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Косевица се наоѓа во областа Осоговија, на околу 8 км од Македонска Каменица. Селото е од разбиен тип и се состои од повеќе маала. Маалата во селата се познати како: Бошнаци, Грнчарска Маала, Горанска Маала, Караджовска Маала, Паровска Маала, Паунковска Маала, Врбачка маала, Пашите, Горна Река, Долна Река, Чутуранска маала и Чукарска Маала.
Историја
[уреди | уреди извор]Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Косевица живееле 175 жители, сите Македонци.[3] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Косевица имало 160 Македонци под врховенство на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото Косевица има 240 жители, од кои 238 Македонци и 2 Срби.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 161 жител, од кои 133 Македонци и 28 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 175 | 160 | 330 | 375 | 384 | 399 | 349 | 290 | 321 | 240 | 161 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Во селото има основно училиште во коешто повеќе не се одржува настава.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каменица.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од истоимената општина.
Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 608 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 182 гласачи.[13]
Културни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[14]
- Градиште — градиште од доцноантичко време;
- Гробишта - Селиште — населба од римско време;
- Кукли - Чукли — некропола-тумули од доцножелезно време.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на селото
-
Маало на селото
-
Куќи во селото
-
Маалото Видишевци
-
Грнчарско Маало
-
Пат низ Грнчарско Маало
-
Чукарско Маало
-
Куќи во маало на селото
-
Поглед на селото
-
Објектот на поранешното училиште
-
Влезот на поранешното училиште
-
Селските гробишта
-
Гробови
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил Кънчов, Македония.Етнография и статистика, 1900, София
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 март 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 23 март 2021.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 23 март 2021.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.