Моштица
Моштица | |
Панорама на Моштица | |
Координати 42°03′30″N 22°34′30″E / 42.05833° СГШ; 22.57500° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Македонска Каменица |
Област | Осоговија |
Население | 497 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2304 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09017 |
Надм. вис. | 750-1.050 м |
Моштица на општинската карта Атарот на Моштица во рамките на општината | |
Моштица на Ризницата |
Моштица — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Моштица се наоѓа во областа Осоговија, во северниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 750-1.050 м. Селскиот атар зафаќа површина од 24,6 км2.[2]
Маалата во селото се познати како: Павлиш Дол, Селиште, Влајковска Маала, Перчаучка Маала и Даловска Маала.
Историја
[уреди | уреди извор]Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар, шумите преовладуваат на површина од 1.278 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 570 ха, а на пасиштата 446 ха.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Моштица живееле 420 жители, сите Македонци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Моштица имало 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Моштица живеат 543 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 497 жители, од кои 457 Македонци и 40 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 420 | 360 | 538 | 588 | 512 | 649 | 642 | 549 | 606 | 543 | 497 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Во селото работи подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“, каде што се изведува настава до петто одделение. Освен тоа, во селото има и услужни објекти.[2]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каменица.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Косевица.
Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 614 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[13]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 470 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[15]
- Градиште — градиште од доцноантичко време;
- Грамадје — населба, црква и некропола од доцноантичко време и среден век;
- Кладенци — населба од доцноантичко време;
- Павлин Дол — населба од доцноантичко време;
- Полицеј — населба од доцноантичко време;
- Равниште — тумул од железно време;
- Станков Дол — тумули од железно време.
- Реки
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Панорама на селото
-
Куќи во селото
-
Патот низ селото
-
Основното училиште
-
Селските гробишта
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 202.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 26 март 2021.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 1 април 2021.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.