Тодоровци
Тодоровци | |
Поглед во Тодоровци | |
Координати 42°00′00″N 22°37′14″E / 42.00000° СГШ; 22.62056° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Македонска Каменица |
Област | Осоговија |
Население | 181 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2304 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09025 |
Надм. вис. | 480-760 м |
Тодоровци на општинската карта Атарот на Тодоровци во рамките на општината | |
Тодоровци на Ризницата |
Тодоровци — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Тодоровци се наоѓа во областа Осоговија, во јужниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е од разбиен тип и неговите маала се издигаат на надморска височина од 480-760 м. Селскиот атар зафаќа површина од 6,9 км2.[2] Од Македонска Каменица е оддалечено 7 км, а од Делчево 17 км.
Маалата во селото се познати како Тодоровци и Паламарска Маала.
Историја
[уреди | уреди извор]Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на селскиот атар, шумите се простираат на површина од 558 ха, пасиштата се на површина од 327 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 119 ха.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тодоровци живееле 120 жители, сите Македонци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Тодоровци имало 64 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Тодоровци живеат 235 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 181 жител, од кои 175 Македонци и 6 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | 64 | 222 | 269 | 327 | 239 | 228 | 217 | 240 | 235 | 181 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се следниве:
- Македонски
- Староседелци: Ајдаре (4 к.), Пешовци (4 к.), Ѓаците (2 к.), Божичевци (1 к.), Стоиловци (5 к.), Јаневци (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Гоцевци (2 к.), Костадиновци (1 к.) и Ристовци (2 к.).
- Доселеници: Митеве (4 к.) кои се доселени во 1904 година од селото Грљани кај Виница; Сасане (2 к.) кои се доселени во 1894 година од селото Тработивиште; Алексовци (2 к.) кои се доселени во 1894 година од селото Голак, југозападно од Делчево; Ивановци (3 к.) кои се доселени во 1894 година од селото Калиманци кај Виница; Ѓоргијовци (2 к.) кои се доселени во 1864 година од селото Костин Дол; Ајдарето (3 к.) кои се доселени во 1913 година од селото Саса; Ристовци (2 к.) кои се доселени во 1890 година од селото Драгобраште кај Виница; Грланци (4 к.) кои се доселени во 1878 година од селото Грљани; Паламарци (5 к.) кои се доселени во 1895 година од селото Илиово.[13]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каненица.
Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 605 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[14]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 188 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[16]
- Пресечник — населба од железно време.
- Езера
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Панорама на селото
-
Куќи во селото
-
Стара куќа во селото
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 297.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 26 март 2021.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 1 април 2021.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.