Кошарка (село)
Кошарка | |
Куќи во месноста Лаки | |
Координати 41°25′28″N 22°16′43″E / 41.42444° СГШ; 22.27861° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Демир Капија |
Население | 14 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1442 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 18018 |
Надм. вис. | 500 м |
Кошарка на општинската карта Атарот на Кошарка во рамките на општината | |
Кошарка на Ризницата |
Кошарка — напуштено село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.
Дел од мештаните на селото се имаат преселено во близина на регионалниот пат Демир Капија-Гевгелија во месноста Лаки.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено на левата страна на реката Вардар, чиј атар се издига до сртот на Конечка Планина, каде што се допира со подрачјето на Општина Конче.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 500 метри. Од градот Неготино е оддалечено 33 километри.[2]
Селото се наоѓа на присојна страна во близина на Демиркаписката Клисура. Низ селото поминува долот Липково, лева притока на Вардар. Во селото постојат три чешми, а над селото има повеќе извори.[3]
Селото има збиен тип.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Селото најпрвин било основано како место со кошари кон крајот на XVII век.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот зафаќа простор од 16,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.154 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 61 хектар, а на пасиштата само 23 хектари.[2]
Како и другите јуручки села, Челевец и Иберли, селаните се занимаваат со сточарство. Во отоманскиот период, селаните чувале и до 9.000 кози. Во присојните делови на атарот, во минатото селаните имале и свои лозја.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Кошарка живееле 702 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[5]
Селото е мало, коешто во 1961 година и во 1994 година броело 44 жители, турско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Кошарка имало 22 жители, сите Турци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, сите Турци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 702 | — | 23 | 29 | 44 | 42 | 34 | 40 | 44 | 22 | 14 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:
- Доселеници: Кара-Асаногуларе (4 к.), Крџиногуларе (5 к.), Муратогуларе (6 к.), Ваисогуларе (4 к.), Копогуларе (4 к.), Кара-Мемишогуларе (3 к.), Каба-Асаногуларе (3 к.), Мулогуларе (3 к.), Бајрамогуларе (4 к.), Бутурогуларе (3 к.), Ламброгуларе (5 к.), Летифогуларе (5 к.), Турчимогуларе (3 к.), Даутогуларе (4 к.) и Коруногуларе (2 к.), сите се доселени во XVII век.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Во 1913 година, во Турција се иселиле околу 15 куќи.[3]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Кошарка било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Кошарка, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Драчевица, Дрен, Иберли, Клисура, Копришница, Корешница, Человец и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било дел на некогашната општина Бистренци, во која влегувале селата Бистренци, Војшанци, Иберли, Калањево, Корешница, Кошарка, Липа и Челевец.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1243 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Челевец. Во ова избирачко место се опфатени и селата Иберли и Челевец.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 76 гласачи.[12] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 73 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[14]
- Асан Гроб — средновековна некропола; и
- Кошарашка Лака — средновековна населба и некропола.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 161. Посетено на 21 септември 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 498.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 155. ISBN 954430424X.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 септември 2021.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 21 септември 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 233. ISBN 9989-649-28-6.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кошарка (село) на Ризницата ?
|