Бесвица
Бесвица | |
Сретселото | |
Координати 41°23′04″N 22°10′58″E / 41.38444° СГШ; 22.18278° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Демир Капија |
Област | Бошавија |
Население | 1 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1442 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 18002 |
Надм. вис. | 300 м |
Бесвица на општинската карта Атарот на Бесвица во рамките на општината | |
Бесвица на Ризницата |
Бесвица — село во Општина Демир Капија, во областа Бошавија, во близина на градот Демир Капија.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Името на селото првпат е документирано во турските документи од XV век. Името се поврзува со постариот хидроним Бесовица или Бесница, што означува „бесен, луд“ од старословенскиот корен. Другата теорија е дека доаѓа од женското име Бесва.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Ова село се наоѓа во областа Бошавија, во западниот дел на територијата на Општина Демир Капија, на левиот брег на реката Бошава, а на иста страна и од земјениот локален пат Демир Капија-Конопиште, кој поминува низ самото село.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 300 метри, а од градот Неготино е оддалечено 23 километри.[3]
Бесвица се наоѓа во рамна котлина, на местото каде се соединуваат Горноселски Дол со Јагњила и Вртопенски Дол. Под селото долината се стеснува на влезот во долниот дел на Баровската Клисура. Во селото се наоѓаат неколку чешми, како и во околината.[4]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Горно Село, Кукуденче, Горно Јагњило, Романец, Наново, Локва, Падиње, Долишта, Барје, Долно Јагњило, Лопатица, Горна и Долна Чука, Равниште, Ораји, Криви Дабец, Легово, Сечивишта, Грипа, Нерези, Вртепен, Галабово Лојзе, Среќен Пат, Поле, Смрека, Желковец, Трикливо Долче, Торјанов Камен, Бела Лоза, Дага Њива, Чутуркова Орница, Црвена Земја, Коловозник, Коштан и Пржевска Нерезина.[4]
Селото има збиен тип, издолжено во насока на главната долина. Поделено е на Горно и Долно Маало, помеѓу кои се наоѓа Сретсело. До 1913 година, селото било доста поголемо, а по неговото опожарување, тоа е разретчено.[4]
Бесвица се одликува со традиционална градителска архитектура.[5]
Историја
[уреди | уреди извор]Бесвица некогаш се наоѓало на друга положба, која мештаните ја нарекуваат Горно или Старо Село. Тоа се наоѓало еден час одење возводно по Горноселски Дол. Мештаните избегале од таму на крајот на XVIII век поради чума. Таму се сретнуваат остатоци на куќи, а порано имало и црквиште.[4]
Селото било христијанско, но подоцна се населило муслиманско население, кое станало мнозинство. Во старото село, мештаните живееле заедно, но по преселувањето дел од христијаните го прифатиле исламот, додека други се иселиле од Бесвица (последните кон крајот на XIX век).[4]
Селото било запалено во 1913 година од страна на бугарската војска, кога броело околу 160 куќи. При упадот на војската и палежот загинале над 100 селани, а подоцна дел од селаните се иселиле во Мала Азија.[4]
На 6 октомври 1944 година, при повлекувањето на германските фашистички единици, од селото бил извршен масакр врз населението.[6]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 20,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.423,8 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 588,1 хектар, а на шумите само 4,8 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во минатото во селото постоела продавница.[3]
Селаните живееле од земјоделство, иако имало услови за сточарство. Муслиманското население поседувало свои чифлици во околните села, а некои од нив биле и сајбии. Додека живееле христијанско население во селото, сточарството било доста повеќе развиено.[4]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бесвица имало 1.100 жители, од кои 1.050 Македонци муслимани, 20 Македонци христијани и 30 Роми.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[8]
Селото е мало, доведено во фаза на раселување. Во 1961 година селото броело 319 жители, од кои 270 биле Македонци, а 37 жители Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 81 жител, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Бесвица имало 18 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.100 | — | 639 | 770 | 319 | 304 | 172 | 69 | 81 | 18 | 1 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
[уреди | уреди извор]Бесвица било мешано македонско село.[4]
Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:
- Староседелци: Хаџи-Алимовци (1 к.), Танчевци (2 к.), Базтијаровци (2 к.), Незировци (1 к.), Шабановци (1 к.), Штенгеловци (2 к.), Аловци (2 к.), Пашалијовци (1 к.), Мутишовци (2 к.), Балковци (1 к.), Тучиновци (3 к.), Нуревци (4 к.), Халковци (1 к.), Хаџијовци (3 к.), Башагини (1 к.), Јашковци (1 к.), Алиманковци (1 к.), Бековци (3 к.), Чашкировци (3 к.), Рустемовци (1 к.), Јашарбеговци (2 к.), Косевци (1 к.), Дерменџијовци-Гушниковци (1 к.), Глондевци (3 к.), Баталовци (1 к.), Беријовци (2 к.), Кавенџијовци (1 к.), Мемчевци (1 к.), Хулевци (3 к.), Ќетовци (1 к.), Османковци (1 к.), Чинчевци (1 к.), Џамбазровци (3 к.), Пундевци (2 к.), Мола-Мустафовци (2 к.), Кајовци (2 к.), Субашовци (3 к.), Брајовци (3 к.), Зејмеловци (2 к.), Дели-Медовци (2 к.), Јајовци (2 к.), Аличковци (2 к.), Јоревци (1 к.), Фератовци (1 к.), Берберовци (3 к.), Башовци (3 к.), Коцевци (3 к.), Муфтијини (2 к.), Тајирагини (1 к.), Халпаровци-Ногановци (2 к.), Налбантиновци (1 к.), Абдилагини (2 к.), Куртовци (1 к.), Вачковци (2 к.), Меметковци (1 к.), Максудовци (1 к.) и Калајџијовци (2 к.)
- Доселеници: Шушлевци (2 к.), доселени се од селото Горни Дисан во почетокот од XIX век, а уште подалечно потекло од Долни Дисан; Дубровчани (1 к.), доселени се од селото Дуброво; Ѓевгелички (1 к.), доселени се од Гевгелија; Муцајовци (1 к.), доселени се од селото Тимјаник; Брлевци (1 к.), доселени се од селото Барово; Маловци (1 к.), доселени се од некое село Наќ; Исламовци (1 к.), доселени се од селото Горно Врановци кај Велес и Мамковци (1 к.), доселени се од селото Бохула, а уште подалечно потекло од селото Долни Дисан.
- Турски Цигани:
- Доселени: Демировци (1 к.), дошле како ковачи од Прждево во 1916 година.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Поранешен дом на културата
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Бесвица било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Бесвица, се наоѓале и селата Бистренци, Демир Капија, Драчевица, Дрен, Иберли, Клисура, Копришница, Корешница, Кошарка, Человец и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Прждево, во која влегувале селата Бесвица, Прждево и Тремник.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1247 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.[15] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[17]
- Барака — рудник од римското време;
- Клунот — населба од римското време; и
- Криви Дабец — населба од доцноантичкото време.
- Џамии[4]
Во селото имало две џамии, во Горно и Долно Маало, од кои само од едната е останато минарето.
- Споменици[3]
- Споменик во чест на НОБ
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Стеблото на јаворот
-
Куќи во селото
-
Патот Демир Капија-Конопиште низ селото
-
Натпис на јаворот
-
Разрушеното минаре на едната џамија
-
Поглед на Бесвица
-
Разрушена куќа
-
Разрушена куќа
-
Спомен-плоча на споменикот на НОБ
-
Споменикот на НОБ во селото
-
Поглед на селото
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 50. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 27. Посетено на 23 август 2021.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 318–320.
- ↑ „Стратегија за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024“ (PDF). Општина Демир Капија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-21. Посетено на 22 август 2021.
- ↑ Манчевски Пинџур, Лазар (1988). Аспекти на македонската борбена поезија. Скопје: Култура. стр. 83–84. ISBN 398.87(497.17):940.534.97.7(049.3) Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). - ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 август 2021.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 24 август 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 224. ISBN 9989-649-28-6.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|