Македонска преродбеничка азбука
Македонска фонетика и фонологија |
---|
Гласови
Писмо
Поврзано
|
Македонската преродбеничка азбука ― претпоследната македонска азбука. Била користела за време на Преродбата во XIX и XX век. Азбуката е создадена од страна на Крсте Петков Мисирков, заснована на македонскиот фонетски систем и потребите на македонската фонологија. Азбуката е основа на денешната македонска азбука и еден од столбовите на современиот македонски литературен јазик. Делото За македонцките работи било напишано на оваа азбука и поголем број на дела. Слична азбука била користена и од страна на Лозарите во нивното списание Лоза. Преродбеничката азбука имала 31 буква што е иста со денешната македонска азбука.
Азбука
[уреди | уреди извор]Големи букви | ||||||||||||||||||||||||||||||
А | Б | В | Г | Д | Г’ | Е | Ж | З | Дз | И | І | К | Л | Л’ | М | Н | Н’ | О | П | Р | С | Т | К’ | У | Ф | Х | Ц | Ч | Дж | Ш |
Мали букви | ||||||||||||||||||||||||||||||
а | б | в | г | д | г’ | е | ж | з | дз | и | і | к | л | л’ | м | н | н’ | о | п | р | с | т | к’ | у | ф | х | ц | ч | дж | ш |
- Забелешка: Ова е азбука која најчесто се сретнува низ македонските текстови, за останати варијации на македонската азбука од тој период видете Развој на македонската азбука.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Македонска азбука
- Македонска латиница
- Старомакедонска азбука
- Црковномакедонска азбука
- Глаголица
- Илинденска азбука
- Македонска абецедарска азбука
- Македонски писма
- Македонски јазик
- Историја на македонскиот јазик
|