Прејди на содржината

Образување и функција на именките во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Именките се зборови кои се користат да се означат поими, суштества, предмети, појави и поими. Образувањето на именките се врши на неколку начини и истите имаат неколку различни функции.

За образувањето на именките во македонскиот јазик постојат неколку начини, меѓу кои: бессуфиксен, суфиксен, префиксен, префиксно-суфиксен и именки од сложен вид. Именките најчесто се образуваат со суфикси. Зборообразувачките средства може да се додадат на именки, глаголи, придавки, броеви и други зборовни групи.[1] Бессуфиксниот начин на образување не се служи со никакви наставки за формирање именки и такви се на пример именките „жал“ или „вик“, кои се добиени од глаголите „жали“ и „вика“. Суфиксниот начин на образување на именки се користи со наставки или наставки кои се ставаат на крај од зборот и такви именки се „свадба“ или „столар“. При префиксниот начин на образување на именки наставката се става на почетокот на зборот (пр. прабаба или предговор), а префиксно-суфиксниот начин е комбинација на наставки кои се ставаат и пред и после зборот (пр. бессоница, потколеница итн.)

Именки образувани од глаголи

[уреди | уреди извор]

Овој вид на именки се добиени од глаголи, односно основата е глаголска. На глаголската основа се додаваат наставки и такви ги има повеќе. Меѓу почесто застапените наставки кои се користат да се добие именка од глагол се [2]:

  • −ба — пр. борба, жалба итн.
  • −ач — пр. берач, борач итн.
  • −ка — пр. белешка, дремка итн.
  • −еж — пр. грабеж, цртеж итн.
  • −иште/ −лиште — пр. игралиште, ловиште итн.
  • −ник — пр. скитник, ученик итн.

Именки образувани од придавки

[уреди | уреди извор]

Овој вид на именки се добиени од придавки, односно основата е придавна. На придавната основа се додаваат следните наставки [3]:

  • −ина — пр. должина, ширина итн.
  • −ост — пр. лудост, старост итн.
  • −ство — пр. богатство, пијанство итн.
  • −ец — пр. белец, црнец итн.
  • −ка — пр. белка, црнка итн.
  • −ило — пр. зеленило, црвенило итн.

Именки образувани од именки

[уреди | уреди извор]

Овој вид на именки се добиени од други именки, односно основата е именска. На именската основа се додаваат наставки и такви ги има повеќе. Меѓу почесто застапените наставки кои се користат да се добие именка од именка се [4]:

  • −ство — пр. пријателство, ропство итн.
  • −ник — пр. дописник, наставник итн.
  • −иште— пр. ѓубриште, огниште итн.
  • −ар — пр. банкар, рибар итн.
  • −џија/ -чија — пр. бурекчија, бозаџија итн.
  • −ец — пр. металец, северец итн.
  • −ица — пр. гулабица, божица итн.
  • −ка — пр. докторка, членка итн.

Именки образувани од броеви

[уреди | уреди извор]

Овој вид на именки се добиени од броеви и се користат следните наставки [5]:

  • −ка/ −ина/ −инка/ −ица — пр. десетка, десетина, десетинка, десетица.

Фунции на именките во реченицата

[уреди | уреди извор]

Именките ги имаат следните функции во реченицата[6]:

пр Багремите имаат трнци.
пр. Тој купи пенкало.
пр. Тој му се најавил на Стефан.
  • предмет со прилог
пр. Таа се плаши од пајаци.
  • прилошка определба
пр. Топчето се стркала под столот.
  • именски дел од прирокот
пр. Ѓорѓи е лекар.
  • вокативна фунција
пр. Сакам да се видиме, Стефане!
пр. Тој купи четири литри сок.
пр. Највисоката планина во Македонија, Кораб, е во западниот дел од државата.

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  1. ^ Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. ^ Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. ^ Конески, Блаже (1967). Граматика на македонскиот литературен јазик. I и II. Скопје: Култура.

Поврзано

[уреди | уреди извор]